feature

Нотингем Форест пред потпис со Влаходимос

Англиските медиуми објавија дека Нотингем Форест ќе плати девет милиони евра за потписот на голманот на Бенфика, Влаходимос.

Грчкиот интернационалец откако ќе се склучи договорот веднаш ќе ја напушти Португалија и ќе замине на задолжителни лекарски прегледи во Англија. Влаходимос е роден во Штутгарт и поседува германски пасош. Тој потекнува од фудбалската школа на популарните „шваби“.

Претходно има играно и за Панатинакос. За екипата на Бенфика бранеше на 151 меч.


Рафтер: Има само два кандидати за освојување на УС Опен

Започна последниот грен слен за оваа година Ју-Ес Опен на кој еден
од главните фаворити за пехарот Новак Ѓоковиќ веќе ја запиша првата победа и обезбеди место во второто коло.
Ѓоковиќ беше фуриозен и победи со чисти 3-0 и со тоа најави атак на
пехарот, поточно 24. триумф на најголемите турнир во овој спорт.
Според Патрик Рафтер кој своевремено двапати беше најдобар во
Њујорк, шампионот во САД треба да се бара токму меѓу Ѓоковиќ и
Карлос Алкараз.
„Новак секако е способен повторно да се врати на првото место.
Знаеме дека тој е еден од најдобрите на сите времиња, заедно со Рафа
и Рожер. Меѓутоа годините го стигнуваат, Алкараз станува голем
ривал.
Според мене, тие се издвојуваат од останатите. Има некои други
момци кои тропаат на вратата, но тие сè уште не се на тоа ниво.

Шампионот, според мене, треба да се бара меѓу нив двајца“, заклучи
некогашниот светски рекет број еден.


Познат идеалниот тим на Премиер лигата, доминираат ѕвездите на Сити

Професионалната асоцијација на фудаблери традиционално ги бира
најдобрите на стартот на секоја нова натпреварувачка сезона, што
всушност се дадени гласови за најдобрите на сезоната која е завршена пред неколку месеци.
Англиските фудбалски ѕвезди се собраа на едно место и Ерлинг
Халанд беше избран за најдобар играч од страна на ПФА
асоцијацијата, додека за најдобар млад играч беше избран Букајо
Сака.
Очекувано, најголемо внимание привлече изборот за тимот на
сезоната во англиската Премиер лига, а не е никакво изненадување
што доминираат играчи на Манчестер Сити и Арсенал.
Шампионот Сити има пет претставници во идеалните 11 и тоа се
Стоунс, Диаш, Родри, Де Брухне и Халанд, додека од Арсенал беа
избрани Рамздејл, Салиба, Одегард и Сака.
Единствените двајца играчи кои се најдоа меѓу најдобрите, а не се од
двата најдобри тима, се Хари Кејн кој направи трансфер во Баерн
Минхен, како и Киран Трипие кој имаше страшна сезона со Њукасл.
Во идеалниот тим сепак немаше место за Маркус Рашфорд, без оглед
на тоа што најдобриот играч на Јунајтед постигна 17 гола и запиша
пет асистенции.


Бертанс се повреди и предвреме го заврши Мундобаскетот

Капитенот на летонската кошаркарска репрезентација Даирис Бертанс се повлече од Светското првенство поради повреда на бутот, соопшти денеска Летонската федерација.
Бертанс се повреди во неделата за време на втората четвртина од
натпреварот против Франција, кој Летонија го доби со 88-86 во
Џакарта.
Тој беше најдобар стрелец на тимот со 20 поени во првиот натпревар
на турнирот на 27 август и победа од 109-70 против Либан.
Летонија првпат игра на Светско првенство, а со две победи во
групата Х се пласираше во втората фаза од натпреварувањето.
Денешниот натпревар меѓу Летонија и Канада ќе решава за првото
место во групата, бидејќи и Канада има две победи.


Ал Итихад ја зголеми понудата за Салах

Челниците на Ал Итихад се подготвени да му понудат на Ливерпул 150 милиони евра (162 милиони долари) за египетскиот фудбалски репрезентативец Мохамед Салах, пренесува ЦБС Спорт.

Салах сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, а челниците на Ливерпул постојано негираа дека планираат да го продадат египетскиот напаѓач.

Наведениот извор тврди дека управата на Ал Итихад си поставила главна цел до крајот на преодниот рок, односно до 20 септември да го ангажира египетскиот репрезентативец.

Извори блиски до преговорите наведуваат дека Ал Итихад на Ливерпул би му платил загарантирана отштета од 108 милиони долари, а англискиот клуб преку бонуси би можел да добие уште 54 милиони долари.


Варан надвор од терените повеќе од еден месец

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг се соочува со големи проблеми во дефанзивниот ред.

Последните вести од Англија велат дека стоперот, Рафел Варан, ќе пропушти неколку недели поради повредата здобиена на мечот со Нотингем Форест.

Тој ќе им се приклучи во лекувањето на Лук Шо и Тајрел Маласија. Французинот беше стартер во сите три меча од почетокот на сезоната.


Бето го замени Удинезе со Евертон

Напаѓачот на Удинезе, Бето, ќе се пресели во екипата на Евртон. Англискиот тим за неговиот потпис ќе плати 30 милиони евра, велат денешните информации од „чизмата“.

Португалецот кој има 25 години, во изминатите две сезони за екипата од Удине постигна 22 гола и направи 3 асистенции на 65 средби.

Бето со „карамелите“ ќе потпише договор за наредните четири сезони.


Милан го позајми Салемакерс во Болоња

Милан направи огромна промена во играчкиот ростер и доведе девет
фудбалери во летниот преоден рок, а позитивните промени за некого
беа јасен сигнал дека треба да си бараат нови средини.
До крајот на летниот преоден рок се очекуваат заминувања на Бало
Туре и Дивок Ориги, бидејќи третиот прецртан веќе си пронашол
излез во друг клуб кој се натпреварува во Серија А.
Алексис Салемакерс беше последниот кој беше прецртан од тренерот
Стефано Пиоли, па откако повеќе од десет дена тренира одвоено од
првиот тим, сега ги договорил последните детали за трансфер.
Белгискиот фудбалер ќе остане дел од италијанскиот фудбал и се сели
во редовите на Болоња, вест која ја пренесоа сите познати новинари и угледни медиуми од Италија.


Маркос Алонсо пред трансфер во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед спрема изненадувачки трансфер и сака да го
доведе Маркос Алонсо од Барселона.
Јунајтед е во потрага на лев бек по повредите на Лук Шо и Тајрел
Маласија, па сакаат да донесат засилување на таа позиција до крајот
на преодниот рок. Маркос Алонсо минатото лето го напушти Челзи и
се прсели во Барселона, каде одигра солидна сезона, но Барса е
спремна да го пушти бидејќи сака да се ослободи од неговата плата.
Таквата ситуација сака да ја истористи Јунајтед и веќе почнал
преговори со Шпанецот, кој е спремен да се врати во Премиер лигата.


Марсијал може да биде џокерот на Анчелоти по повредата на Винициус

Реал Мадрид има проблеми во нападот поради повредата на
Винисиус и е во потрага по нов напаѓач.
Винисиус ќе отсуствува од терените подолго од еден месец, па Реал
ќе мора да интервенира на трансфер пазарот. Шпанските медиуми
пренесуваат дека „кралевите“ ќе се обидат да го доведат Марсијал, кој
е на излезна врата од Манчестер Јунајтед.
Тен Хаг повеќе не смета на него и е спремен да го пушти, а Реал сака
да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на позајмица.