feature

Овермарс долго ќе закрепнува од мозочниот удар

Легендарниот холандски фудбалер Марк Овермарс кој доживеа срцев удар во последните денови од минатата година, три недели подоцна доживеал и исклучително тежок мозочен удар.

Според медиумите, спортскиот директор на белгиски Антверпен бил примен во болница на 30 декември, а сега е пуштен на домашно лекување. Состојбата му се стабилизира, иако срцето му работи со капацитет од 30%.

Срцевиот мускул на поранешниот крилен напаѓач престана да работи и неговата способност да пумпа крв во телото е намалена за 70 проценти. Прогнозите се дека ќе му треба најмалку една година да закрепне, а до крајот на животот ќе мора да зема соодветна терапија.


Краковија нов клуб на македонскиот репрезентативец Јани Атанасов

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов ги напушти редовите на Хајдук Сплит и се одлучи за нов предизвик во кариерата. 

Атанасов се договори со полската екипа Краковија и веќе пристигна во Полска каде потпиша договор на три ипол сезони, а финансиските детали од договорот не се познати. Македонскиот играч за врска ја задолжи опремата со бројот шест и ќе се приклучи на тимот во наредните денови. 

Атанасов потекнува од школата на Академија Пандев, од каде во 2018 година се пресели во Турција каде беше дел од Бурсаспор. По две години, Хајдук од Сплит го доведе Атанасов во своите редови и тој ги бранеше клупските бои до оваа зима. За хрватскиот клуб, македонскиот репрезентативец одигра 69 натпревари, даде шест гола и две асистенции по што одлучи да замине во Полска. 


Челзи е подготвен да издвои 125 милиони евра за Енцо Фернандез

Португалските медиуми пренесуваат дека водечките луѓе на Челзи започнаа преговори со Бенфика околу трансфер на Аргентинецот Енцо Фернандез.

Клубот од „Стенфорд Бриџ“ уште на почетокот од годината проба да го ангажира Фернандез, меѓутоа Бенфика не сакаше да прифати продажба на фудбалерот за износ помал од 120 милиони евра.

Медиумите потсетуваат дека Челзи веќе потроши околу 300 милиони евра за нови фудбалери во овој зимски преоден рок, но клубот од Лондон не се откажува од Фернандез кој неодамна со Аргентина ја освои светската титула на Мундијалот во Катар.

Според информациите од Португалија, веќе се започнати нови преговори помеѓу Бенфика и Челзи, и ако трансферот биде договорен, тогаш лондонскиот премиерлигаш за услугите на Енцо Фернандез ќе издвои најмалку 125 милиони евра. Тоа би бил најголем трансфер во историјата на Премиер лигата, а рекордот го држи Џек Грилиш кој од Астон Вила прејде во Манчестер Сити за 117,5 милиони евра.


Марио Танкоски продолжува во Еурофарм Пелистер до 2025

Средниот бек на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски, го продолжи договорот со клубот до 2025. година.

Танкоски е еден од најдобрите ракометари на битолскиот клуб оваа сезона, како во домашното првенство, така и на настапите во Лига Европа. Тој е член на Еурофарм Пелистер од 2020. година, кога пристигна од екипата на Металург.

Еурофарм Пелистер претходно ги продолжи договорите со Цветан Кузманоски, Ненад Костески, Емилијан Ѓоргоски, и Павле Атанасијевиќ кои ќе останат во тимот најмалку до 2025. година.


Јужна Кореја е противник на Македонија за 27 место на ракометниот Мундијал

Ракометната репрезентација на Македонија, после триумфот над Мароко со 45:25, го дозна последниот противник на Светското првенство кое се одржува во Полска и Шведска.

Противник на нашата селекција за 27-то место на Мундијалот ќе биде Јужна Кореја. Овај натпревар ќе се одигра на 25.јануари од 18:00 часот во Плоцк.

Јужна Кореја го освои второто место во групата 1 од Президент Купот, каде беше во група со селекциите на Чиле, Саудиска Арабија и Уругвај.


Арсенал доведе ново јануарско засилување

Фудбалскиот клуб Арсенал, на својата официјална веб страница соопшти дека во своите редови го доведе полскиот фудбалер Јакуб Кивиор.

Според официјалните податоци, трансферот на 22-годишниот Кивиор изнесува 25 милиони евра. Полскиот дефанзивец во Арсенал пристигна од редовите на италијанскиот клуб Специја. Фудбалерот е второ јануарско засилување за премиерлигашот од Лондон, после доаѓањето на Леандро Тросард од Брајтон. „Одлична вест е доаѓањето на Јакуб во нашиот тим. Тој е млад и перспективен дефанзивец кој покажа голем потенцијал и квалитет играјќи за Специја во Серија А. Полскиот репрезентативец ќе ни даде екстра квалитет во задната линија“, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета.


Гвардиол ги решава пробемите во одбраната на Реал

Реал Мадрид има пад во играта и во моментов е три бодови зад лидерот Барселона во Ла Лига, но дополнително навивачите ги загрижи поразот од каталонскиот гигант во Суперкупот.

„Кралевите“ имаат проблеми во одбраната, иако пристигна Антонио Рудигер минатото лето, а тоа го посочи и тренерот Карло Анчелоти.

„Пет од шест голови можеа да се избегнат“, кажа Анчелоти по натпреварите против Виљареал, Валенсија и Барселона.

Шпанските медиуми пишуваат дека е време Реал Мадрид да побара нов дефанзивец, а изборот наводно падна на Јошко Гвардиол од Лајпциг, кој чини 80 милиони евра. Гвардиол беше желба и на Челси, но премиерлигашот не се договори со германскиот гигант, па сега тоа ќе се обиде да го направи шпанскиот гигант.


Лампард доби отказ во Евертон

Тренерот на англискиот премиерлигаш Евертон, Френк Лампард, доби отказ и повеќе нема да го води клубот од Ливерпул.

Отказот за Лампард стигна после серијата на лоши резултати на екипата, која на последните пет натпревари забележа четири порази и едно реми. Евертон во моментот се наоѓа на претпоследното место на табелата во Премиер лигата со 15 бодови.

Следен противник на популарните „карамели“ е тимот на Арсенал, а потоа следува градското дерби со Ливерпул.


Жиру не планира да се откаже од репрезентацијата на Франција

Оливие Жиру откри дека планира да продолжи да игра за националниот тим и по Светското првенство во Катар во 2022 година. Во септември тој ќе наполни 37 години, но не се откажува од репрезентативниот дрес.

„Сега сум решен да ја продолжам кариерата во француската репрезентација. Секако, заминувањето на Лорис ме натера да размислам, со оглед на тоа што поминавме толку многу години заедно. Имав посебен однос со него. Страницата на мојата кариера во репрезентацијата уште не е затворена“, вели Жиру.

Тој дополни дека се додека не најави повлекување од репрезентацијата, очекува повик од селекторот.


Полски клуб изрази интерес за потпис на Јани Атанасов

Како што пренесуваат хрватските медиуми, еден клуб притиснал за ангажман на македонскиот репрезентативец Јани Атанасов во јануарскиот преоден рок и бил подготвен да исплати 200.000 евра за неговите услуги.

Станува збор за полска Краковија од каде изразиле подготвеност да го ангажираат 23-годишниот фудбалер од средниот ред.

За Атанасов веќе извесно време се знае дека не е во плановите на новиот тренер на Хајдук, Иван Леко и дека му е дадена дозвола да бара нова средина.

Следниот негов клуб веројатно ќе биде Краковија од каде биле во потрагапо фудбалер од средниот ред со цел да се покрие празнината по повредата на Матијас Хебо Расмусен кој досега бил прв избор во срцето на теренот на полскиот клуб.