feature

Шпанецот Македа ќе го замени Лазаров во Нант

Шпанскиот ракометен репрезентативец, Хорхе Македа, од следната сезона ќе настапува за екипата на Нант, клубот каде настапува нашиот најдобар играч, Кире Лазаров.

Ако е познат фактот дека Лазаров најави свое заминување од Нант во следната сезона, тоа значи дека бившиот ракометар на Вардар, Македа, ќе го замени Кире на бековската позиција во тимот од Франција.

Хорхе Македа во Нант ќе замине од неговиот сегашен клуб Веспрем.


Арсенал загреан за Тајлер Адамс од РБ Лајпциг

Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред на РБ Лајпциг Тајлер Адамс.

„Топџиите“ размислуваат да го купат 22-годишниот Американец во претстојниот зимски преоден рок. Адамс е универзален играч кој може да дејствува во центарот на теренот, како десен дефанзивец и како крилен бек. РБ Лајпциг го привлече од Њујорк Ред Булс во јануари 2019 година за 2,6 милиони евра.

Досега во текот на оваа сезона Адамс одигра 13 натпревари за тимот, вклучувајќи ги сите во Лигата на шампионите.


Алиоски: Овај резултат е плод на нашата работа

Фудбалската репрезентација на Македонија се врати од Ерменија после победата од 5:0 и го закажа тренингот пред натпреварот против Исланд во недела.

Нашата победа над Ерменија, и нерешениот резултат на Романија против Исланд, ја донесе македонската репрезентација на второто место во групата Ј. Со евентуална победа над Исланд во недела нашите фудбалери ќе играат во бараж за пласман на СП во Катар 2022.

По тој повод изјава даде репрезентативецот Алиоски во која вели: „Во животот нема ништо случајно. Резултатот е плод на нашата работа. Имаме квалитет во екипата и играчи кои настапија на младинско и сениорско Европско првенство во фудбал. Јас сум оптимист и мислам дека тоа што го прикажавме против Ерменија ќе го повториме и против Исланд. Сакаме повторно да испишеме историја“.

Натпреварот со Исланд, Македонија го игра во недела од 18 часот во Скопје.


Саутгејт ќе добие нов договор со англиската репрезентација

Фудбалската федерација на Англија (ФА) му понудила на сегашниот селектор Герет Саутгејт да го продолжи договорот. На тренерот му се нуди да му биде двојно зголемена претходната плата.

Саутгејт ќе го предводи тимот на Светското првенство во Катар 2022 година. Но, од фудбалската федерација на Англија се плашат дека селекторот веднаш по овој настан ќе замине за да се испроба во Премиерлигата.

Преговорите меѓу двете страни ќе започнат по двата натпревари од квалификацискиот циклус за СП 2022 година. Извршниот директор на ФА, Марк Булингем, за време на Евро 2020 објави дека сака Саутгејт да потпише нов договор. Но, 51-годишниот тренер рече дека нема да преговара додека не го донесе тимот на претстојното светско првенство. Напаѓачот на Тотенхем и предводник на Англија, Хари Кејн изјави дека сака тренерот да остане во тимот. „Би сакал тој да остане. Но, се ќе зависи од неговата лична одлука и ФА. Ајде да видиме како ќе биде сè“, изјави Кејн.


Пујол на голема врата се враќа во Барселона

Карлес Пујол може да се врати во својата поранешна екипа и да заземе лидерска позиција. Новиот тренер Чави и претседателот на клубот, Жоан Лапорта се заинтересирани за негово враќање. Карлес Пујол исто така очекува да се врати во Барселона, но во моментов не сака да заземе административна функција. Тој сака место каде што може да носи важните одлуки.

Претходно беше објавено дека екс-фудбалерот може да ја преземе функцијата технички секретар, која наскоро ќе ја напушти Рамон Планс. Според изворот, Карлес Пујол нема да се врати во Барселона како дел од стручниот штаб на новиот тренер Чави.


Манчестер Сити ја објави продажната цена на Стерлинг

Шампионот на англиската Премиер лига, Манчестер Сити, ја објави цената која потенцијалните клубови треба да ја платат за купување на Рахим Стерлинг.

Клубот од Манчестер ќе бара околу 45 милиони фунти за евентуална продажба на својот играч. 

Засега само екипата на Барселона изрази заинтересираност за доведување во своите редови на англискиот репрезентативец. Евентуалниот трансфер би се реализирал во летниот период бидејќи Манчестер Сити сака да го задржи Стерлинг до завршетокот на тековната сезона.


Џенаро Гатузо, можен наследник на Џерард во Глазгов Ренџерс

После заминувањето на Стивен Џерард од тренерската позиција во Глазгов Ренџерс, шкотскиот шампион веднаш започна со пронаоѓање на негов наследник.

Британските медиуми веќе започнаа со објавување на тренерски имиња кои се споменуваат како можни идни тренери на Ренџерс. Меѓу првите кандидати е Италијанецот Џенаро Гатузо.

Гатузо многу добро ги познава случувањата во Глазгов Ренџерс бидејќи во минатото како играч настапуваше за оваа екипа.

Џенаро има солидна тренерска кариера во италијанската Серија А. Тој до неодамна ја водеше екипата на Наполи, а претходно беше тренер на Милан, Палермо и Пиза.


Модриќ сака нов договор на „Сантијаго Бернабеу“

Хрватот Лука Модриќ се надева дека ќе потпише нов договор со неговиот клуб Реал Мадрид, кој ќе му овозможи да игра на новиот „Сантијаго Бернабеу“ пред да ја заврши кариерата.

Во мај, 36-годишниот Модриќ го продолжи актуелниот договор на една година и останува важна фигура во мадридскиот тим. Модриќ и раководството на Реал Мадрид знаат дека фудбалската кариера на Хрватот е при крај, пишува весникот „АС“, а ветеранот се надева дека ќе остане во клубот најмалку уште една година.

Според шпанското издание, Лука Модриќ сонува да заигра на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, кој моментално се реновира. Активностите се очекува да завршат до крајот на 2022 година.


Реал го сака Ндиди од Лестер Сити

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е во потрага по дефанзивен играч за врска кој ќе биде алтернатива на Каземиро. Прв на листата желби е Вилфред Ндиди од Лестер, пренесуваат шпанските медиуми.

Карло Анчелоти сака да донесе уште еден дефанзивен играч за врска кој ќе и помага на одбраната. Летово пристигна Камавинга, но Французинот не е таков профил на играч.

Ндиди се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Премиер лигата и ова лето беше мета на Манчестер Јунајтед.


Карлес Пујол се враќа во Барселона

Според информациите во шпанските медиуми, Поранешниот капитен на Барселона би можел да се врати во клубот како дел од раководните структури.

Новиот тренер на Барса веќе разговарал со претседателот на клубот, Лапорта и се договориле да му испратат понуда за враќање на 43-годишниот Пујол. 

Поранешниот столб во одбраната на тимот од „Ноу Камп“ се очекува да го добие местото технички секретар на клубот, кое ќе биде слободно со заминувањето на досегашниот секретар Рамон Планс.