feature

Јуве и Милан го враќаат Фабиан Руиз во Серија А

Фабиан Руиз минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, а „светците“ за 24 милиони евра го доведоа во своите редови. Меѓутоа, Руиз не се снајде баш најдобро во Париз и во системот на игра на Галтие, па сака да ја промени средината.

ПСЖ исто така е спремен да го продаде, а најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан.

„Светците“ се спремни да го пуштат дури на позајмица со право на откуп, а Руиз сака да се врати во Серија А.


Атлетико го краде Амрабат пред носот на Барса

Атлетико Мадрид почнал преговори за ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат.

Имено, Симеоне сака да го засили средниот ред, а Амрабат е на врвот на листата желби. Мароканецот потврди дека ова лето ќе ја напушти Фиорентина, а Атлетико Мадрид ја победил конкуренцијата и постигнал договор со неговиот агент.

Амрабат беше желба на неколку европски гиганти во јануари, особено на Барселона, но Фиорентина одлучи да го задржи до крајот на сезоната.

Сега за неговата слобода бара 30 милиони евра, додека Атлетико е спремен да понуди 20 милиони евра.


Јунајтед кокетира со Кејн, но Леви е тежок преговарач

Челниците на Манчестер Јунајтед сакаат преку фудбалерот, Хари Кејн, да издејствуваат негов трансфер на „Олд Трафорд“.

Тие побарале од напаѓачот на „спарси“ да се обиде да го убеди претседателот, Даниел Леви, да го пушти да си замине за помала сума.

„Црвените ѓаволи“  не сакаат да платат 100 милиони фунти за репрезентативецот на Англија кој има договор само за уште една сезона.


ВАР-системот има многу противници во Англија

Националното здружение на навивачите во Англија спроведе анкета за ВАР технологијата во тамошниот т фудбал. Во неа биле вклучени 9.645 луѓе во март и април.

67,3% од навивачите навеле дека се против ВАР системот во Премиер лигата а 79,1% од тие што редовно одат на натпревари навеле дека нивното искуство со ВАР е „лошо“ или „многу лошо“.

Речиси 92% од испитаниците рекле дека донесувањето на судиските одлуки трае предолго а само 26%  се задоволни со ВАР технологијата и ја поддржуваат нејзината употреба.


Милан планира да ги купи Фрарези, Лукаку, Пулишиќ со парите од Тонали

Првите луѓе на Милан планираат парите од продажбата на Тонали во 

Њукасл да ги искористат за неколку нови фудбалери.

Во преден план е Давиде Фратези од Сасуоло а како опции се појавуваат и Ромелу Лукаку, Рубенс Лофтус –Чик и Кристијан Пулишиќ. Најтешко ќе биде да стигнат до потписот на Лукаку кој е на платниот список на Челзи а игра како позајмен во Интер.

Сепак, тимот од „Сан Сиро“ се надева дека со понуда од 40 милиони ќе успее да го ангажира белгискиот напаѓач.


Руските клубови се враќаат во евро-куповите?

Претставникот на УЕФА, Џозеф Климент, верува дека руските клубови наскоро ќе се вратат во европските натпреварувања.

„Мило ми е што сум повторно со вас, на вашата конференција во Москва. Би сакал да ви ги пренесам најубавите желби од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и од целата асоцијација. УЕФА обединува 55 асоцијации, нашата мисија е еднаков развој. Го развиваме фудбалот, но мора и да го заштитиме. Пандемијата стана пример дека ако се обединиме ќе ги надминеме сите пречки. Сега сме пред уште еден предизвик, многу сериозен. Веруваме дека УЕФА ќе ги надмине и овие тешкотии. Дека наскоро ќе се сретнат не само официјалните лица, туку и играчите. Веруваме дека на руските тимови и клубови ќе им биде дозволено да се натпреваруваат против европски тимови“, изјавил Климент.


Интер има високи барања, Ливерпул се повлече од трката за Барела

Ливерпул повеќе не е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела, пишува Liverpool Echo. Клубот смета дека сумата која Интер ја бара за него е нерална.

Ливерпул се уште нема дадено официјална понуда за Барела. Сепак, Њукасл е активно заинтересиран за него. „Страчките“ понудија 60 милиони евра, но веднаш беа одбиени.

26-годишниот Италијанец минатата сезона во дресот на „нероаѕурите“ постигна шест гола и имаше шест асистенции.


Нигериски десен бек потпиша за Тиквеш

Ракометниот суперлигаш Тиквеш следната сезона ќе биде наш претставник на меѓународна сцена, денеска донесе уште едно засилување. Станува збор за Обина Ани, интернационалец и репрезентативец на Нигерија.

Управата на кавадарчани периодов засилено работи на комплетирање на ростерот за следната сезона, како со обновување на договорите на актуелните играчи, така и со доведување на адекватни засилувања кои ќе го кренат квалитетот на екипата на едно сосема друго ниво.


Ал-Наср испрати понуда за Марсело Брозовиќ

Клубот од Саудиска Арабија Ал-Наср, за кој игра Португалецот Кристијано Роналдо, му понуди на Интер 15 милиони евра за играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ. Ова го пренесува инсајдерот Џанлука ди Марцио.

Според италијанскиот новинар, заминувањето на хрватскиот играч ќе му овозможи на Интер да го договори трансферот на Давиде Фратези од Сасуоло.

Претходно беше објавено дека Марсело Брозовиќ е интересен за Њукасл, а пролетта англискиот клуб дури и контактираше со претставниците на играчот. Интер не се противи летово да го продаде Брозовиќ за да го растовари платниот список. Во исто време, клубот од Милано е подготвен да се раздели со 30-годишниот Хрват за сума од најмалку 20-25 милиони евра.

Брозовиќ минатата сезона во Серија А забележа 28 настапи за Интер, постигнувајќи три гола и пет асистенции. Хрватскиот играч за врска дојде во редовите на Интер во 2015 година, од Динамо Загреб.


Интер ќе биде новиот клуб на Роберто Фирмино

Роберто Фирмињо е слободен агент и ја започна потрагата по нов клуб, а интерес за него покажува Интер.

Интерес за него покажуваат неколку клубови ширум Европа, а сега во трката се приклучи и Интер.

Интер ова лето ќе се раздели со Џеко и бара негова замена, а Фирмињо може да пристигне без обештетување. „Нероаѕурите“ стапиле во контакт со агентот на Бразилецот и му нудат 3-годишен договор.

Фирмињо сака да остане во Европа и е спремен да се пресели во Серија А, а Интер сака што побрзо да ја победи конкуренцијата.