feature

Гави му ветил на Чави дека ќе остане во Барса

Младиот фудбалер на Барселона, Гави, му ветил на тренерот Чави дека нема да си замине од клубот иако засега не може да добие професионален договор.

Имено, Каталонците го надминаа лимитот за плати и затоа не добија дозвола да направат нов договор со големиот фудбалски талент.

Според медиумите, Гави му ветил на неговиот тренер дека нема да го напушти стадионот – „Камп Ноу“ иако има можност без обештетување да ја промени средината.


Легендата Фарах најави завршување на кариерата

Атлетичарот, Мо Фарах, кој има четири златни медали од Олимписките Игри, најави дека кон крајот на годинава на полумаратонот во Греј Норт ќе ја заврши богатата кариера.  

„Грејт Норт Ран ќе биде моето последно натпреварување и тоа ќе биде моето збогување“ – потенцира Фарах кој има шест златни медали на светските и пет на европските првенства.

Фарах на Игрите во Лондон (2012) и Рио де Женеиро (2016) успеа да ги освои златните медали на трките на 5 и 10 километри.


Матеус има совет до Тухел како Баерн да излезе од кризата

Лотар Матеус вели дека кризата во која е влезен Баерн Минхен може да се реши доколку играчите што беа купени како засилувања во претходното лето добијат поголема минутажа.  

„Кога имате проблем во нападот а тоа е очигледно, зошто да не го пуштите младото момче да игра. Мислам на Тел, тој ги поседува сите квалитети кои треба да ги има еден напаѓач. Матијс Тел и Рајан Гравенберх треба да добиват многу повеќе шанси“, вели Матеус.

Баварците по доаѓањето на Тухел беа елиминирани од Купот на Германија и Лигата на шампионите а по поразот од Мајн го загубија и челното место на табелата во Бундес-лигата.


Претседателот на Атлетико ги сака Меси и Роналдо повторно во Шпанија

Првиот човек на фудбалскиот состав  Атлетико Мадрид, Енрико Серезо, сака повторно да ги гледа Лионел Меси и Кристијано Роналдо како играат во шпанскиот елитен шампионат.

Во моментов поранешните ѕвезди на Барселона и Реал Мадрид кои се во третата деценија од животот се активни во Франција и Саудиска Арабија.

„Би било фантастично кога Меси би се вратил во Ла Лига исто како и Роналдо. Тие сè уште играат и би било фантастично кога се вратиле“, беа зборовите на Серезо.


Вујкото на Рафа Надал верува во негов успешен Ролан Гарос

Тони Надал кој му е роднина на шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, вели дека некогашниот најдобар тенисер на АТП листата набрзо ќе ја санира повредата и ќе се врати на терените.

„Рафаел се опоравува, верувам дека малку недостасува да се врати но, не можеше да игра во Мадрид. Тоа е турнирот што нетрпени го очекува но, ќе мора да почекаме уште една година“, рече Тони.

„Нема играно меч од 18 јануари. Сепак, Рафа веднаш влегува во ритам а на грен слем многу зависи од ждрепката. Ако имате среќа во првите рунди, сè може да се случи“ – потенцираше Тони Надал.


Салиба го пропушта дербито со Сити

Медиумите од Англија пренесуваат дека дефанзивецот на Арсенал Вилијам Салиба ќе го пропушти дерби дуелот од Премиер лигата со Манчестер Сити бидејќи фудбалерот не се опорави од повредата на грбот.

Салиба ги пропушти последните пет натпревари на Арсенал поради повредата која ја заработи на средбата со Спортинг Лисабон во Лига Европа. Популарните „топџии“ од Лондон се наоѓаат во резултатска криза бидејќи немаат забележано победа на последните три премиерлигашки натпревари.

Тимот на Арсенал и понатаму е прв на табелата во најдобрата англиска лига, додека неговиот следен противник, Манчестер Сити, е второпласиран со пет бода помалку но и со два натпревари помалку. Дербито помеѓу водечките екипи од Премиер лигата се игра во среда.


Феран Торес летово ќе ја напушти Барса

Барселона е отворена за продажба на напаѓачот Феран Торес за 25 милиони евра, објави новинарот Хави Мигел на Твитер.

Феран Торес (23 години) му се приклучи на шпанскиот тим во декември 2021 година. Вкупната сума на трансферот на шпанскиот напаѓач од Манчестер Сити изнесуваше 55 милиони евра, а Барселона продолжува да ја плаќа оваа сума на рати. Торес постигна седум гола и даде две асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. 

Договорот меѓу двете страни е до летото 2027 година. Вчера, на мечот со Атлетико Мадрид (1-0), Феран Торес беше стрелец на единствениот и победнички гол за Барселона.


Нов проблем за Тен Хаг, заврши сезоната за Рафаел Варан

Oткако Тен Хаг остана без Лисандро Мартинез до крајот на сезоната, сега за Манчестер Јунајтед стигна уште една лоша вест. Сезоната е завршена и за Рафаел Варан.

Варан како што стојат работите нема да биде подготвен да се врати пред крајот на сезоната по повредата која ја заработи во четвртфиналниот натпревар против Севиља во Лигата на Европа.

По спаднување на отокот и направените снимки проценето е дека за опоравување на Французинот му се потребни шест недели што значи Тен Хаг нема да го има на располагање во завршницата од сезоната.

Без Мартинез и Варан, Тен Хаг ќе има сериозен проблем во одбраната, посебно и поради критиките кои ги добива Хари Мегваер.


Бензема не игра против Џирона

Реал Мадрид преку својот официјален веб сајт соопшти дека капитенот на тимот, Карим Бензема, поради повреда на стапалото нема да настапи на денешниот натпревар против Џирона.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, има големи проблеми со повредени играчи, па така за настап против Џирона не може да рачуна ниту на Давид Алаба, Еден Азар, Дани Себаљос и Ферлан Менди.

Анчелоти во изјава за новинарите кажа дека Бензема ќе игра против Алмерија претстојниот викенд доколку целосно се опорави од повредата. Италијанскиот стручњак потенцира дека тој е многу важен играч за тимот, кој во претходните натпревари играше фантастично и не се штедеше на истите. Тој повторно ќе биде во тимот кога тоа ќе биде возможно.


Тотенхем го отпушти тренерот Стелини

Претседателот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Даниел Леви, објави дека клубот ја прекина соработката со тренерот Кристиан Стелини.

Местото на Италијанецот Стелини во Тотенхем ќе го преземе Рајан Мејсон кој досега работеше како помошник тренер, а е поранешен играч на клубот од Лондон.

Отказот за тренерот беше очекуван после дебаклот на Тотенхем на гостувањето со Њукасл кога беше поразен со 6:1. Стелини стана тренер на Тотенхем минатиот месец кога од клупата си замина неговиот сонародник Антонио Конте.