feature

Струга домаќин на Светското екипно првенство

На последниот состанок на управниот одбор на Светската Шаховска Организација (FIDE), кој се одржа на 4-ти април во Мексико, на Шаховската Федерација на Република Македонија (ШФМ) и’ беше доделена организацијата на Светското екипно првенство за сениори.

По пауза од 50 години и одржувањето на Шаховската Олимпијада во далечната 1972 година, ова е прв настан од светски рамки кој ќе се организира во нашата држава.

Во последните неколку години ШФМ успешно организираше неколку големи меѓународни европски натпреварувања, и особено не радува што овој пат и FIDE, ги препозна нашите квалитети и ни ја додели организацијата на ова значајно меѓународно натпреварување. Понудата за организација на ШФМ беше избрана како најдобра во конкуренција на четири други понуди и тоа од Италија, Малта и Тајланд.

Екипното светско првенство за сениори ќе се организира во две старосни категории, едната за играчи над 50 години и втората категорија за играчи над 65 години. Истото ќе се одржи во период од 19-ти до 29-ти септември, во хотел „Изгрев“, Струга, а се очекува да учествуваат повеќе 400 шахисти од целиот свет.

ШФМ ќе ги стави на располагање сите свои ресурси ова натпреварување да биде организирано во најдобар ред, што ќе ни овозможи и во иднина да се кандидираме за организација на големи меѓународни натпревари. Секако очекуваме поддршка од Агенцијата за Млади и Спорт, со која имаме одлична соработка која и до сега не поддржуваше во сите наши активности и проекти, како и од сите други заинтересирани љубители на шахот.


Рома го отпушти директорот Пјетро Берарди

Рома на својата официјална веб-страница објави дека го отпушти извршниот директор Пјетро Берарди. Причините за оставката на функционерот не се прецизираат.

На почетокот на април беше објавено дека членовите на италијанската финансиска гарда извршиле претреси и заплениле документи во седиштето на Рома. Истраги се водат и против Лацио и Салернитана. Под истрага се и сегашните и поранешните директори на трите инволвирани клуба.

Наведените клубови се осомничени дека ги надувале трошоците за трансфери на играчи помеѓу 2017 и 2021 година, што резултирало со фиктивни капитални добивки.


Гвардиола летово ќе го продаде Емерик Лапорт

Манчестер Сити на лето ќе се раздели со Емерик Лапорт. Дефанзивецот го загуби стартното место и „граѓаните“ ќе го продадат по крајот на сезоната. Според „Дејли Мејл“, клубот веќе чека понуди за шпанскиот интернационалец.

Лапорт почна почесто да останува на клупата по потпишувањето на Мануел Аканжи и има само 7 настапи од почетокот на сезоната во Премиер лигата. Дефанзивецот не крие дека е разочаран и ќе бара трансфер, а Пеп Гвардиола нема да му застане на патот. За Лапорт најсериозен интерес покажа Барселона.

Поранешниот играч на Атлетик Билбао е подготвен дури и да ја намали платата за да се пресели на „Камп Ноу“. Договорот на 28-годишниот дефанзивец со Манчестер Сити е до 2025 година.


Трите повредени ѕвезди се вратија на тренинзите на Барса

Френки де Јонг, Педри и Осман Дембеле се вратија на тренинзите со останатиот дел од тимот.

Дембеле нема играно од крајот на јануари, Педри од средината на февруари, а Де Јонг беше надвор од терените непосредно пред репрезентативната пауза во март. И покрај тоа што играчите веќе учествуваа на тренинзите на Барселона, се уште не е јасно кога ќе можат да излезат на теренот на натпревар.

Според изворот, во моментов нема информации дали некој од опоравените играчи на Барса ќе биде 100% подготвен за настап против Атлетико Мадрид.

Натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид ќе се одигра следната недела на 23 април. Натпреварот започнува во 16:15 часот.

Избраниците на Чави во моментов убедливо водат во шампионатот на Шпанија, со предност пред Реал Мадрид од 11 бода.


ПСЖ ја состави трансфер листата за ова лето

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Луис Кампос , јасно им стави до знаење на дел од играчите дека нема да толерира играчи кои не ги оправдуваат очекувањата.

Според изворот, ПСЖ ќе ги стави таквите играчи на трансфер листа или нема да ги обнови нивните договори. Помеѓу играчите кои би можеле да се разделат со клубот се играчите од средниот ред Витиња, Ренато Санчез , Фабијан Руиз и Карлос Солер, дефанзивците Хуан Бернат и Серхио Рамос и напаѓачот Хуго Екитике.

Витиња ја подобрува својата позиција во ПСЖ и се покажа на натпреварот од Лига 1 со Ленс (3-1), постигнувајќи гол и асистенција.


Гасперини го плукнал спортскиот директор на Фиорентина

Голем скандал кој се случи по натпреварот помеѓу Фиорентина и Аталанта пишуваат денес италијанските медиуми.

Имено во центарот на вниманието бил тренерот на гостите, Џанпјеро Гасперини. Гасперини според информациите бил бесен на раководството на Фиорентина и на навивачите, па дури и го удрил спортскиот директор на „виолетовите“, Прадо.

„Гасперини беше лут на навивачите и раководството на Фиорентина. Се обрати со зборовите вие сте „Расистичка публика“, „Вие сте крадци“…Не застана тука, тој го плукна и го удри директрот Прадe“, објавија медиумите на „чизмата“.


Сака им се извини на фановите на Арсенал за промашениот пенал против Вест Хем

Букајо Сака, очигледно чувствува вина поради промашениот пенал, кој веројатно ќе беше клучен за уште една нивна победа и нов чекор кон титулата. Но по неговото промашување, Вест Хем успеа да се врати во егал и токму тоа е нештото кое го измачува Сака, кој реши преку социјалните мрежи да се обрати до медиумите.

„Без оглед на тоа каков ќе биде резултатот, јас секогаш ќе преземам одговорност. Се извинувам до навивачите, ќе сторам се што можам за да го поправам тоа“, порача Сака.

Со овој кикс на Арсенал, сега Сити доаѓа во далеку попогодна позиција, бидејки сега се на само -4 бода негатива, а имаат и меч помалку кој допрва треба да го одиграат, но и дерби против Арсенал на „Етихад“, така да, од сегашна гледна точка, се е во рацете на Манчестер Сити.


Шеикот Ал Тани ќе достави нова понуда за купување на Манчестер Јунајтед

На неполни две недели до истекот на рокот за достава на третата и завршна понуда за купување на Манчестер Јунајтед, катарскиот Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани најави дека во следниве денови ќе ја достави финалната понуда која се очекува да биде нешто повисока од претходните пет милијарди фунти.

Медиумите во Британија истакнуваат дека Шеикот Ал Тани останува на намерата да откупи 100% од акциите што го прави главен фаворит за преземање на Манчестер Јунајтед.

Вториот најсериозен кандидат милијардерот Џим Ретклиф добил покана за доставување на нова понуда, но се уште нема информација дали тој ќе остане во трката бидејќи тој е заинтересиран да откупи 60% од акциите што е во спротивност на очекувањата на семејството Глејзер.

Според последните инфромации од трката се повлече финскиот бизнисмен Томас Зилкаус кој остана на последната понуда и одбива да влезе во третиот круг.

Разврската околу сопственоста на Манчестер Јунајтед влегува во завршна фаза, но постои и мал проблем во семејството Глејзер каде има различни идеи за натамошниот развој на клубот.


Чупо-Мотинг спремен за реваншот меѓу Баерн и Сити

Ерик Максим Чупо-Мотинг ги продолжи тренинзите со тимот во текот на денешниот ден и има шанса да игра во реваншот од Лигата на шампионите со Манчестер Сити во среда.

34-годишниот напаѓач беше доведен за резерва, но стана клучна фигура во нападот на тимот по продажбата на Роберт Левандовски.

Тој го пропушти поразот на неговиот тим од 3-0 на првиот натпревар во Англија пред една недела поради проблеми со коленото. Не играше на натпреварите со Фрајбург (1-0) и Хофенхајм (1-1) во шампионатот на Германија. Садио Мане дојде од Ливерпул во текот на летото, но напаѓачот не можеше да се наметне поради променливата форма, проблемите со повредите и сега конфликтот со соиграчот Лерој Сане.

Чупо-Мотинг има 10 гола за Баерн оваа сезона. Новиот тренер на Баварците, Томас Тухел, исто така го именуваше камерунскиот играч како стартер во неговиот прв натпревар и победата од 4-2 над Борусија Дортмунд.


Голем удар за Клиперси: Џорџ ќе ја пропушти серијата со Феникс

Пол Џорџ, веројатно нема да му помогне на својот тим во серијата од првото коло на НБА-плејофот против Феникс. Ова го објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски.

Џорџ продолжува да минува низ процесот на закрепнување, но тимот не смета на помошта од играчот во серијата со Санс.

„Се чувствувам подобро. Работам напорно секој ден. Тренирам шест дена во неделата и одам на рехабилитација. Ќе ја искористам секоја шанса. Сè ќе биде решено во последен момент“, рече Џорџ неодамна на својот поткаст. Напаѓачот е надвор од натпреварите од 21 март кога ги истегна лигаментите на коленото на натпреварот против Оклахома.

Претходно, друг угледен инсајдер, Шамс Чаранија, објави дека играчот постигнал значителен напредок во закрепнувањето и може да учествува во серијата со Феникс.