feature

Манчестер Јунајтед го очекува избор на нови газди

Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед до крајот на неделава може да добие нов сопственик, најавуваат медиумите во Англија.

Според наведеното, британскиот милијардер, Сер Џим Ретклиф, е главниот фаворит иако инвеститорите од Катар на чело со шеикот Џасим бин Хамад ал Тани, дале нова понуда која е блиску до шест милијарди фунти што ги бара семејството Глејзер.

Процесот на продажба на Манчестер Јунајтед започна уште во ноември а навивачите се надеваа дека ќе биде завршен пред отворањето на летниот преоден рок на 14 јуни.


Швајцарецот Фандрих ќе го води дуелот Македонија – Украина

Фудбалската репрезентација на Македонија со натпреварот во петок против Украина го стартува овој репрезентативен прозорец во кој ќе играме уште и со Англија.

УЕФА веќе ги објави судиите за овој дуел, па главен на центарот во Скопје ќе биде Швајцарец. Станува збор за Лукас Фандрих од Луцерен кој во професионалниот фудбал суди од 2012 година, а со знакот на ФИФА е од 2020-та година. Негови помошници ќе бидат Александар Дидиќ и Еми Јонас, додека четврти судија е Стефан Де Алмеида сите доаѓаат од Швајцарија.

Прв натпревар на интернационалната сцена за Фандрих беше дуелот помеѓу Албанија и Сан Марино во 2021 година.

Покјрај дуелот со Украина, во понеделеник фудбалерите ќе гостуваат на Англија на „Олд Трафорд“. Во овие квалификации Македонија одигра еден натпревар во кој беше подобра од Малта со 2-1.


Гвардиол ќе го скокне завршниот турнир на ЛН

Фудбалерот на Хрватска, Јошко Гвардиол, не успеа да се опорави од повредата и ќе мора да ја пропушти завршницата во Лигата на нации.

„Коцкестите“ ќе се соочат со Холандија на 14 јуни во Ротердам во првото полуфинале додека во второто на 15 јуни ќе играат Италија и Шпанија. Победниците ќе се сретнат на 18 јуни во финалето.

21-годишниот  дефанзивец има истегнување на стомачниот мускул.


Унгарецот Собослај на пат кон „Сент Џејмс Парк“

Њукасл е силно заинтересирано за ѕвездата на Лајпциг, Домоник Собислај.

22-годишниот унгарски репрезентативец игра одлична сезона во Бундеслигата, каде на 31 меч постигна 6 гола и запиша 9 асистенции Собослај е мета на многу европски гиганти, а тренерот на Њукасл смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Тој има договор со Лајпциг до 2026 година и германскиот клуб за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Њукасл избори пласман во Лигата на шампиони и ќе има голем буџет за засилувања, па таа сума нема да претставува проблем.


Една милијарда за освојување на ЛШ на Сити на Пеп

Манчестер Сити ја освои титулата во Лигата на шампиони со победата над Интер во Истанбул.

Сити сезоната ја заврши со три трофеи, но најважно е дека „граѓаните“ дојдоа до најпосакуваниот трофеј, тој во Лигата на шампиони.

Тоа пред дваесетина години беше незамисливо, бидејќи Сити пред да добие богати газди, беше просечен англиски клуб.

Според пресметките од 2016 година откако дојде Пеп Гвардиола и започна со доминација во англискиот фудбал освојувајќи пет шампионски титули, шеикот потрошил 1.24 милијарда евра.

„Граѓаните“ играа и уште едно финале пред две години, но тогаш загубија од Челзи, а сега конечно стигнаа до најпрестижниот трофеј.


Венгер: На Сити му требаат 2-3 засилувања за следната сезона

Легендарниот фудбалски тренер, Арсен Венгер, проценува дека Манчестер Сити мора да направи одредени промени во ростерот доколку сака да го повтори успехот и да дојде до повеќе пехари.

„Граѓаните“ во сезоната што заврши ја освоија Лигата на шампионите, Премиер конкуренцијата и ФА Купот на Англија.

„Сити ќе мора да обезбеди најмалку две до три засилувања за да остане конкурентен“, потенцира Французинот


Белингем ќе го скокне дуелот со Македонија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите, Џуд Белингем и Луис Данк, поради повреда ќе мора да ги пропуштат јунските дуели за селекцијата на Англија.

Белингем паузира подолг период и не успеа да и помогне на Борусија Дортмунд да ја освои титулата во Бундес-лигата додека дефанзивецот на Брајтон не може да се опорави навреме поради повредата што ја заработи во финишот на сезоната во Премиер-лигата.

Англија на 16 јуни ќе гостува кај Малта а на 19 јуни ќе ја пречека Македонија.


Хабиб Диало ќе биде замената за Тони во Брентфорд

Англискиот фудбалски состав, Брентфорд, ќе се обиде да обезбеди времена замена за првиот напаѓач, Ајван Тони, кој отслужува суспензија од осум месеци поради обложување.

Според медиумите, челниците на тимот ќе се насочат кон играчот на Стразбур, Хабиб Диало. Тој во сезоната што заврши одигра 38 мечеви во сите конкуренции со ефект од  20 голови и една асистенција.

Договорот на играчот со францускиот клуб е до крајот на јуни во 2025. Неговата трансферна вредност е 14 милиони фунти.


Почина Силвио Берлускони, поранешниот прв човек на Милан

Медиумите во Италија соопштија дека на 87. годишна возраст почина Силвио Берлускони, поранешниот прв човек на фудбалскиот клуб Милан и поранешен премиер на Италија.

Според информациите, Берлускони бил примен во болница во петокот, а последниов период се лекувал од леукемија.

Силвио Берлускони ќе биде запаметен како сопственик на фудбалскиот клуб Милан во периодот од 1986 до 2017 година, кога истиот беше продаден на кинеската компанија Лукс за 740 милиони евра.

Под негово владеење, Милан ги забележа најголемите успеси во клупската историја, кога беше пет пати шампион на Европа и осум пати шампион на Италија.


Синот на Лилијан Турам е прва желба за наследник на Ибра во Милан

Примарна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе го наследи Златан Ибрахимовиќ.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан се вклучил во трката за францускиот напаѓач, Маркус Турам. 24-годишниот Французин ќе ја напушти Борусија Мехенгладбах како слободен агент, а има понуда и од ПСЖ.

Милан се вклучил во трката и го убедува Турам дека ќе биде важен дел од проектот, па преговорите се во поодмината фаза.

„Росонерите“ се спремни да ја победат конкуренцијата, бидејќи Турам е најголема желба на тренерот Пиоли.