feature

Заниоло го собори рекордот на Дел Пиеро

Николо Заниоло беше херој на Рома и го постигна единствениот гол во победата на Рома над Феенорд во финалето на Конференцистака лига.

Така Заниоло стана најмладиот италијански фудбалер (22 години, 327 дена) кој постигнал гол во финалето на голем европски клупски турнир по легендата на Јувентус Алеснадро Дел Пјеро..

Дел Пјеро имаше 22 години и 200 дена кога постигна гол против Борусија Дортмунд со дресот на „Старата дама“ во финалето на Лигата на шампионите во 1997 година.

„Се чувствувам фантастично, го остварив детскиот сон. Ние сме силен тим, можеби дури сега сфативме колку сме силни“, изјави Заниоло.


Алкараз: Вербата во себе и напорната работа се тајната на успехот

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз беше на прагот од поразот на Ролан Гарос во дуелот со Алберт Рамос-Вињолас, но на крајот сепак успеа да слави победа со 3:2 во сетови.

„Очекував тежок натпревар. Многу го почитувам мојот противник и затоа сум задоволен од прикажаното ниво на тенис. Успев да се вратам во дуелот и да победам на крајот. Многу тешко беше спасувањето на меч топката на Вињолас. Вербата во себе и напорната работа ми го донесе овој успех. Мојот сон откога почнав со играње тенис е да станам светски играч број 1“, потенцира Алкараз.


Потврдено пристигнувањето на Павел Андреев во Вардар

Актуелниот македонски ракометен шампион Вардар 1961, го потврди новото засилување  за наредната сезона. Станува збор за Русинот Павел Андреев кој настапува на пикерската позиција.

29-годишниот досегашен член на тимот Чеховски Медведи има големо искуство со настапите на клупски, но и на репрезентативен план со селекцијата на Русија.

Андреев е четвртиот ракометар кој пристига како засилување во скопскиот тим. Претходно Вардар ги договори трансферите на Цехте, Анѓелиќ и Дуарте. 


Златан го оперираше коленото, неизвесно е продолжувањето на кариерата

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го оперирал левото колено во Лион, поради што ќе паузира до осум месеци, соопшти денеска италијанскиот клуб.

Во соопштението се наведува дека шведскиот фудбалер бил подложен на артроскопска операција на левото колено.

„Операцијата е планирана веќе некое време со цел Ибрахимовиќ да ја реши нестабилноста поради претходна операција на предните вкрстени лигаменти. Закрепнувањето ќе трае меѓу седум и осум месеци“, се вели во соопштението на Милан.

Четириесетгодишниот фудбалер има договор со италијанскиот клуб до крајот на јуни, а сезонава за Милан одигра 23 натпревари и постигна осум гола. Останува да се види дали Швеѓанецот ќе продолжи да игра по опоравувањето или ќе ја заврши кариерата и ќе прифати една од функциите во миланскиот клуб.


Компани го напушти Андерлехт и го презема Барнли

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Винсент Компани, реши да ја напушти тренерската позиција во Андерлехт на која беше во изминативе три години.

Медиумите ширум Европа објавуваат дека Компани е многу блиску до враќање во Англија, но овој пат како тренер на Барнли. Ако се оствари оваа вест тогаш задача на стручњакот од Белгија ќе биде враќање на клубот во Премиер лигата после отпаѓањето оваа сезона.


Тотенхем ќе добие 150 милиони евра за засилувања ова лето

Сопствениците на Тотенхем планираат да инвестираат 150 милиони фунти во нови играчи ова лето.

„Ова е поголема финансиска флексибилност и можност да се продолжи со инвестирање на теренотот и надвор од него“, соопштија од клубот од северен Лондон.

За првпат Спарс имаат можност да соберат сериозни дивиденди од нивниот нов стадион, кој беше користен со полн капацитет во текот на целата сезона.

Тотенхем стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година. Сега лондончани повторно ќе имаат можност да учествуваат на најпрестижниот клупски турнир во светот, откако завршија како четврти во англиското првенство.


Кунде добива 200 милиони за трансфери од новиот сопственик на Челзи

Томас Тухел ќе може да потроши 200 милиони фунти на трансфери ова лето, објави „Телеграф“.

Конзорциумот, предводен од Тод Боли, косопственик на Лос Анџелес Доџерс, кој е исклучително блиску до официјалното купување на лондонскиот клуб, е подготвен да ја даде оваа сума за да го засили составот.

Приоритет на лондончани во текот на летниот преоден рок е засилување на одбраната по очекуваното заминување на Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен и Цезар Аспиликуета.

Главните дефанзивци назначени од клубот се Жил Кунде од Севиља и Јошко Гвардиол од РБ Лајпциг.


Мурињо: Испишавме историја со Рома

Тренерот на Рома Жозе Мурињо беше пресреќен после минималната победа од 1:0 на неговиот тим во финалето од Лигата на Конференции против Фејенорд.

Освен тоа што Рома го освои првиот трофеј организиран од УЕФА, Мурињо стана и првиот тренер кој освоил трофеј во трите активни европски натпреварувања.

„Од првиот ден верувавме дека можеме да го освоиме трофејот во ова натпреварување. Испишавме историја. Она што можам да го кажам е дека се чувствувам како прав Романиста, изјави Мурињо.


Реал Мадрид со висока понуда за Рафаел Леао од Милан

После неуспехот со трансферот на Мбапе, Реал Мадрид спремаат висока понуда за уште една фудбалска звезда.

Газета дело Спорт пренесува дека од „Кралскиот клуб“ подготвуваат понуда од 120 милиони евра за доведување на фудбалерот на Милан, Рафаел Леао.

Леао оваа сезона беше право изненадување во Серија А, а неговите одлични настапи во Милан му ја донесоа наградата за најкорисен играч во лигата.

Освен Реал Мадрид, португалскиот крилен напаѓач е интересен и за Ливерпул каде уште е нејасна ситуацијата со новите договори на Салах и Мане.


Премиер лигата даде зелено светло за продажба на Челзи

Откако претходно владата на Велика Британија даде одобрение за продажба на Челзи, сега зелено светло за продажба даде и Премиер лигата.

Во соопштението од лигата се наведува дека конзорциумот кој го предводи Тод Боели ги пројде сите проверки околу сопствеништвото и идниот директор. Сега останува само владата да даде соодветна лиценца за продажба и конечниот договор ќе може да се склучи.

Според претходните податоци, вкупната сума од продажбата на Челзи ќе достигне 4,25 милијарди фунти.