feature

Меси неизвесен за дербито на ПСЖ против Лил

Лео Меси се соочува со повреда и веројатно нема да игра на денешното дерби со Ленс во 12 коло во Францускиот фудбалски шампионат, потенцираше на вчерашната прес-конференција, тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино.

Аргентинскиот стратег вели дека неговиот сонародник тренирал одвоено од екипата бидејќи чувствувал болки во мускулите.

ПСЖ во пресрет на новото коло во Лига 1 се наоѓа на чело на табелата со 28 бодови или седум повеќе од второпласираниот Ленс.


Вејн Руни упати критики кон играчите на Манчестер Јунатед

Легендата на клубот од „Олд Трафорд“, Вејн Руни, упати жестоки критики до играчите на Манчестер Јунајтед за моменталната состојба на тимот. Според Руни, звездите на Јунајтед со најголеми примања во тимот не даваат се од себе за време на натпреварите.

„Играчите на Манчестер  мора да се погледнат себеси и да си постават некои прашања. Премногу е лесно сите критики да бидат упатени до Солскјер а оние играчи кои добиваат огромни пари за да ја завршат својата работа, не се залагаат доволно добро. Тие имаат високи барања, а гледам премногу играчи кои не сакаат да трчаат, не се враќаат да помогнат во одбраната. Ова е неприфатливо. Овие играчи треба да имаат голема одговорност,мора да се залагаат повеќе кога го носат дресот на Манчестер Јунајтед“, изјавува Руни.


Лаутаро Мартинез продолжува во Интер

Фудбалскиот клуб Интер, преку својот официјален веб сајт објави дека Лаутаро Мартинез го продолжи клубот со договорот со миланскот клуб до 2026 година.

„Среќен сум што ќе продолжам да играм за Интер, бидејќи се чувствувам одлично во овој клуб. 

24-годишниот Аргентинец оваа сезона одигра 12 натпревари за Интер и постигна пет гола и една асистенција.


ПСЖ во проблеми со повредени играчи

Од таборот на францускиот гигант Париз Сент Жермен, стигнуваат вести за голем број на играчи кои ќе недостасуваат во тимот за натпреварите кои следуваат.

Килијан Мбапе со сигурност го пропушта првенствениот натпревар против Лил, поради инфекција на дишните патишта, информираат од клубот. Под знак прашалник е и Лионел Меси кој го пропуштил тренингот со екипата во четвртокот поради болка во мускулот од ногата.

Италијанецот Марко Верати и понатаму се опоравува од повредата на грбот, додека под Ашраф Хакими ќе биде недостапен поради одработување на суспензија поради картони.

Меѓутоа тренерот Покетино изјави дека и покрај евентуалното отсуство на наведените играчи, тој сепак располага со доволен број на поединци кои се спремни и се на располагање за настап во екипата.


Енис Барди стрелец на два гола против Атлетико Мадрид

Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди, постигна два гола за својот Леванте, во натпреварот против екипата на Атлетико Мадрид кој заврши нерешено 2:2.

Двата погодоци, Барди ги постигна со удар од белата точка со што го остави немоќен одличниот голман на Атлетико, Јан Облак.

„Пресреќен сум за освоениот бод против силна екипа како Атлетико. Покажавме дека можеме да освојуваме бодови против секоја екипа. Горд сум на соиграчите и веруваме дека можеме да играме уште подобро. Сигурен сум дека овој натпревар ќе ни даде поголема самодоверба пред натпреварите кои следуваат“, изјави Барди после натпреварот.

https://twitter.com/LevanteUD/status/1453832594995433482?s=20



Георгиевски ја заврши кариератана 33-годишна возраст

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Даниел Георгиевски се повлекува од фудбалот на само 33-годишна возраст.

Информацијата дека става крај на професионалната кариера, Георгиевски ја објави на социјалните мрежи.

„До семејството, фановите, клубовите и тренерите во фудбалот, ви благодарам. Моето патување беше возбудливо со многу успеси и незаборавни моменти. Со нетрпение го чекам моето следно поглавје со семејството и пријателите“, порача Георгиевски.

Даниел Георгиевски е роден во Австралија меѓутоа донесе одлука да настапува за репрезентацијата на Македонија затоа што неговото семејство потекнува од овие простори. Во Европа дојде како младинец во редовите на Динамо Загреб, потоа играше за Меумурје и Шибеник, па во романска Сетауа. Од 2014 година се врати во Австралија каде што помина неколку клубови.


Ливерпул и Манчестер Јунајтед во битка за потписот на Калвин Филипс

Според пишувањето на англискиот весник Мирор, фудбалерот од средниот ред на Лидс е трансфер мета на Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Лидс по се изгледа нема намера така лесно да се откаже од услугите на репрезентативецот на Англија и ќе се обиде да го продолжи договорот со Филипс кој му истекува во 2024 година.

Според информациите, 25-годишниот Калвин Филипс е проценет на 60 милиони фунти, износ кој не би претставувал проблем за двата гиганти од Премиер лигата.


Тен Хаг ја одбил богатата понуда на Њукасл

A

Њукасл се обидел да го донесе тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, пренесуваат англиските медиуми. Њукасл со доаѓањето Мохамед Бин Салман стана најбогат клуб на светот и сака да направи тим со кој ќе почне да освојува трофеи.

Реконструкцијата започна од тренерот, Стив Брус доби отказ, па сега клубот бара етаблирано тренерско име.

Токму поради тоа на Ерик Тен  Хаг му бил понуден договор тежок 13 милиони евра по сезона, но Холанѓанецот ја одбил понудата.


Салах заминува од „Енфилд“, Реал фаворит за неговиот потпис

Мохамед Салах е фудбалерот со најдобра форма во Европа и има 10 гола и 5 асистенции во Премиер лигата. Моментално Салах е многу актуелен со оглед на фактот дека неговиот договор истекува во јуни 2023 година и се уште нема постигнато договор со Ливерпул за продолжување на соработката.

Салах на лето влегува во последната година од договорот, но неговите финансиски барања се превисоки за Ливерпул, а шпанските медиуми пренесуваат дека Клоп наводно се помирил со неговото заминување.

Реал Мадрид важи како фаворит за неговиот потпис, но наводно Клоп го советува Египќанецот да избере друг клуб. Германскиот стратег го советува да потпише за друг клуб, бидејќи во Реал Мадрид нема да биде прва ѕвезда и ќе биде во сенка на Килијан Мбапе, кој извесно на лето ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.


Кошаркарите во Киев ќе гостуваат против Украина

Украинската кошаркарска федерација ги соопшти деталите поврзани со организацијата на средбата од квалификациите за Светскиот Куп која е закажана за 29 ноември.

Од Украина стигна информација дека средбата против нашата најдобра селекција ќе се игра во главниот град на Украина – Киев, и тоа во „Дворецот на спортовите“ со почеток од 19:00 часот, по локално време.

Освен тоа познати се и цените на влезниците кои од пред некој ден се во слободна продажба. За четирите сектори во киевската Арена, треба да се издвојат од 2.5 до 16.5 евра.

Претходно, на отворањето на ноемврискиот ФИБА „прозорец“, нашата машка сениорска репрезентација на 26. ноември во Скопје ќе го пречека актуелниот светски шампион – Шпанија, додека пак во истиот термин, као дел од групата Г, во Тбилиси, Грузија ќе биде домаќин на Украина.