feature

ФИФА го принуди Лидс да му плати 24,5 милиони евра на Французинот Огустен

Жан-Кевин Огустен треба да добие 24,5 милиони фунти од Лидс, одлучи ФИФА. Французинот беше позајмен на Лидс од Лајпциг во јануари 2020 година. Тој одигра три натпревари за тимот и се врати во германскиот клуб на почетокот на јули. Подоцна се дозна дека Лидс бил обврзан да го купи играчот во случај на трансфер од Чемпионшип во Премиер лигата – според резултатите од сезоната 2019/20, токму тоа се случи. Англискиот клуб инсистираше дека договорот е со важност до 30 јуни 2020 година, додека поради пандемијата на коронавирус сезоната продолжи и по овој период, а промоцијата всушност беше остварена дури на 17 јули.

Жалбата на Лајпциг до ФИФА беше уважена, Судот за спортска арбитража исто така застана на страната на германскиот тим и му наложи на Лидс да плати 21 милион евра (18,4 милиони фунти). На крајот, страните се договорија да го решат конфликтот со 15,5 милиони фунти.

Самиот Огустен, исто така, одлучи да поднесе барање до Комората на ФИФА за решавање на спорови и делумно беше задоволен. Износот на обештетувањето што Лидс е должен да го плати одговара на платата на играчот за пет години (околу 90 илјади фунти неделно).
Лидс поднесе жалба, но одби да коментира за текот на постапката.
Сега Огустен игра за Базел и постигна три гола на 12 натпревари во швајцарското првенство.


Левандовски уште чувствува болка од ударот од Милитао во „Ел Класико“

Роберт Левандовски, откри дека има проблеми со грбот по сударот со Едер Милитао за време на дуелот против Реал Мадрид во Купот на Шпанија. Полскиот репрезентативец очекува да биде целосно подготвен за неделното гостување на Каталонците кај Хетафе во Примера, но призна дека одиграл со сериозни болки против Џирона во претходнотo kolo

За време на натпреварот со Реал Мадрид на „Камп Ноу“, Левандовски падна на теренот откако Милитао го удро во грб, но сепак ги одигра сите 90 минути против Џирона во понеделникот.

„Добив удар против Реал, но секогаш сакам да играм. Второто полувреме беше многу тешко. Морав да побарам промена. Кога се разбудив наутро, не можев да одам. Но, ние работиме со физиолози и секогаш се трудам да бидам подготвен за натпреварите. Доброто е што ќе бидам подготвен за нашиот следен натпревар“, изјави Роберт Левандовски за шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.


Лука Модриќ сака да остане во Реал Мадрид

Шпанските медиуми објавија дека фудбалерот на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец Лука Модриќ, ја одбил понудата од 60 милиони евра од еден саудиски клуб бидејќи сака кариерата да ја продолжи во „кралскиот клуб“.

Капитенот на Хрватска има договор со Реал до крајот на сезоната, но тој уште нема добиено понуда за продолжување на истиот.

Лука Модриќ белиот дрес на тимот од Мадрид го носи од 2012.година, каде пристигна од премиерлигашот Тотенхем. Тој во клубот годишно заработува околу 10 милиони евра.

Според информациите, Модриќ неодамна одлучил лично да ги извести челниците на Реал дека ја одбил понудата од Саудиска Арабија.


Европскиот првак спремен да преговара за потписот на Фирмино

Роберто Фирмињо на лето ќе биде слободен агент и веќе ја започнал потрагата по нов клуб.

Актуелниот договор на Бразилецот истекува на крајот на сезоната и Бразилецот донесе одлука да замине како слободен агент. Интерес за него покажуваат неколку клубови ширум Европа, а сега во трката се приклучи и Реал Мадрид.

„Кралевите“ бараат напаѓач кој ќе биде алтернатива за Бензема, па веруваат дека Фирмињо идеално ќе се вклопи во таа улога.

Бразилецот е искусен, но се уште може да игра на највисоко ниво, па Реал наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент.


Тотенхем е во игра за потпис со Хаким Зијеш од Челзи

Крилниот напаѓач Хаким Зиеш се наоѓа во незавидна позиција во клубот од Стемфорд Бриџ, бидејќи нема настап за сините од поразот од Тотенхем со 2-0 во месец февруари.

30-годишниот интернационалец од Мароко е под договор со Челзи до 2025 година, но сега Тотенхем се вклучува за трката за потпис со фудбалерот и се очекува да понуди 20 милиони фунти за неговите услуги.

Тотенхем, заедно со Вест Хем и Фулам, се заинтересираните клубови од Премиер лигата кои би сакале да го видат Мароканецот во своите редови , но според многумина Париз Сен Жермен останува најверојатниот купувач на играчот ова лето.

ПСЖ повторно ќе го разгледа својот интерес за поранешниот член на Ајакс, откако нивната понуда во јануари пропадна во последен момент.


Бускетс прифати трипати помала плата за да остане во Барселона

Серхио Бускетс продолжува да размислува за својата иднина, но преферира да остане на „Камп Ноу“.

Опциите се тој да остане во Барселона, да се пресели во Интер Мајами или пак да се пресели во Саудиска Арабија каде има понуди од Ал-Наср и Ал-Нилал.

Барселона сака да го задржи, но проблем се финансиите, па му нуди нов договор со три пати помала плата.

Бускетс е спремен да прифати значително намалување на платата за да остане во Барса, а неговата одлука многу ќе зависи и од евентуалното враќање на Меси на „Камп Ноу“.

Аргентинецот е голем пријател со Бускетс и сака повторно да играат заедно во ист тим.


Јуве нема да го откупи и ќе го врати Паредес во ПСЖ

Јувентус нема да го откупи договорот на Паредес на крајот на сезоната.

Аргентинецот игра во италијанскиот клуб како позајмен фудбалер од Париз Сен Жермен до крајот на сезоната со опција за откуп на лето.

28-годишниот Паредес во последно време често е на клупата за резерви, а влегол и во расправија со тренерот Алегри.

Поради тоа раководството нема намера да го откупи и смета дека е подобро да инвестира во друг играч за врска.


Рашфорд ќе го пропушти првиот четвртфинален натпревар против Севиља

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, поради повреда на мускулот нема да може да учествува на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа со шпанска Севиља. 

Средбата ќе се одигра , утревечер. Екипите ќе играат на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља (Шпанија). Натпреварот започнува во 21:00 часот.

Се истакнува дека проценката на повредата покажала дека Маркус ќе биде недостапен неколку натпревари. Во тековната сезона од англиската Премиер лига Рашфорд одигра 29 натпревари, постигна 15 голови и четири асистенции. Исто така напаѓачот одигра осум натпревари во Лига Европа, со учинок од шест гола и една асистенција.


Реал го продава Менди во летниот преоден рок

Реал Мадрид одлучил во летото кое следи да го продаде Ферланд Менди, левиот бек кој во 2019 година пристигна во кралскиот клуб од Лион во трансфер вреден 50 милиони евра.

И покрај добрите настапи на стартот од сезоната, францускиот репрезентативец подоцна имаше големи проблеми со повредите, а конкурентите за неговата позиција во тимот тоа го искористија за да се наметнат кај Анчелоти.

Исто така Фран Гарсија следната сезона ќе игра за Реал, па просторот за Менди дополнително ќе се намали. Шпанските медиуми тврдат дека одисејата на Менди во Реал е завршена и додаваат дека клубот ќе се обиде да го продаде за сума слична на онаа што беше издвоена за него пред четири години.

Менди одигра вкупно 130 натпревари за Реал и беше двократен шампион на Шпанија и освојувач на Лигата на шампионите.


Ливерпул се откажува од купување на Белингем

Некои од медиумите во Англија ја пренесуваат информацијата дека фудбалскиот клуб Ливерпул се откажал од трката за купување на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.

Според објавите, клубот од Дортмунд за 19-годишниот англиски репрезентативец наводно бара повеќе од 100 милиони евра. Тој во бундеслигашот пристигна од Бирмингем за 25 милиони евра кога имаше 17 години.

Челниците на Ливерпул и тренерот Јирген Клоп биле со став дека сумата за ангажман на Белингем е превисока и дека поисплатлива варијанта би било купување на Алексис Мекалистер од Брајтон, Мејсон Маунт од Челзи или Матеус Нуњез од Волвс.

Очајната сезона на Ливерпул е сигурен знак дека англискиот вицешампион ќе мора да прави голема реконструкција на тимот за наредната сезона.