feature

Абрахам влезе во историјата на Рома со својата перфектна прва сезона

Тами Абрахам стана Англичанецот со најмногу голови во една сезона во историјата на Серија „А“. Во последниот натпревар на Рома за сезоната во италијанскиот шампионат – против Торино, англиската „деветка“ на „волците“ постигна два гола за победа против „биковите“ од 3-0.

Така Абрахам ја заврши својата прва сезона во Серија „А“ со 17 гола – еден повеќе од Гери Хиченс, кој постави рекорд од 16 гола со дресот на Интер во сезоната 1961/62. На сите турнири Абрахам има 26 гола на 51 натпревар.

По победата над Торино, која на „џалоросите“ им обезбеди пласман во Лига Европа следната сезона, „детето“ на Челси изјави дека се заљубил во клубот уште од првиот ден и се надева дека тој и неговите соиграчи ќе имаат причина да слават по финалето на Лигата на Конференциите во среда, кога Рома ќе се соочи со Феенорд.


Второ и трето место за Евротип и Голд Слот на Бељот турнирот во Битола

Во организација на Ротаракт клубот – Битола, се одржа хуманитарниот Бељот турнир во Битола, втор по ред. На него зедоа учество голем број на битолчани, како и битолски фирми, а дел од битолската атмосфера на пешачката патека покрај дрвеното мовче, беа и Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа.

Од вкупно 32 екипи кои учествуваа во овој турнир, битолските Евротип и Голд Слот успеаја да котираат на високите втора и трета позиција, односно третото место за тимот на Голд Слот, а второто место за тимот на Евротип, победници беа тимот на Кинекс.

Во тимот на Евротип беа Александар Анастасовски и Цветан Ангеловски, Голд Слот го претставуваа Дејан Војводиќ и Илија Даскаловски, а од Голд Фелициа Александар Ристевски и Владимир Василевски.

Турнирот е од хуманитарен карактер, а собраните средства каде ќе бидат донирани, од Ротаракт клубот, истакнаа дека ќе известат наскоро.


Мбапе сака Нејмар да се продаде ова лето

Килијан Мбапе вчера потпиша нов договор со ПСЖ и така стана најплатен фудбалер во светот.

Мбапе се согласи да остане во ПСЖ до 2025 година, а покрај богатството што ќе го добие, тој ќе има централна улога во клубот и ќе може да одлучува за трансфери и избор на тренер.

Како што пренесува еминентниот новинар Серхио Сантос, Мбапе веќе ги дал првите инструкции. Имено, тој побарал ПСЖ да го продаде Нејмар и на негово место да го донесе Осман Дембеле.

Дембеле е голем пријател со Мбапе, а неговиот договор со Барселона истекува на лето и тој е слободен агент.

„Светците“ ќе му ја исполнат желбата и наскоро ќе започнат преговори со Дембеле, но  не е познато дали ќе се согласат за продажба на Нејмар.


Тоти лобира за Дибала да дојде во Рома

Легендата на Рома, Франческо Тоти си поставил амбициозна задача да го убеди Пауло Дибала да потпише со „волчицата“.

„Во понеделник ќе имам состанок со Пауло. Ние двајца ќе играме заедно на хуманитарен натпревар во Милано, организиран од Самуел Ето. Ќе разговараме и ќе се обидам да го убедам да дојде во Рома. Ќе видиме дали ќе успеам“, изјави Тоти.

Дибала веќе се збогува со навивачите на Јувентус по мечот со Лацио (2-2).

Аргентинскиот репрезентативец по завршувањето на сезоната ќе стане слободен играч, а кандидати за неговиот потпис не недостасуваат.

Се верува дека Интер има најголеми шанси да го привлече 28-годишниот напаѓач. За него се заинтересирани и Тотенхем и Атлетико Мадрид.


АТП ќе го симне Федерер од светското тениско рангирање

Роџер Федерер ќе остане без пласман по Вимблдон, дури и да игра на тој турнир, тврди познатиот тениски новинар Жозе Моргадо.

Федерер моментално е 46. тенисер на планетата, но му се бришат бодовите од Лондон од минатата година.

Потоа во четвртфиналето беше поразен од Хуберт Хуркач, па се повлече „во илегала“ и продолжи да се опоравува од операциите и повредите од претходните сезони.

Роџер моментално има 1.030 бодови на 46. место, а бидејќи ќе загуби бодови од претходните сезони, во јули ќе остане без пласман.

Со оглед дека Вимблдон не се играше во 2020 година поради пандемијата на коронавирус, на Роџер му остануваат бодови од финалето во 2019 година и ќе биде избришан кон средината на седмиот месец.


Атаман: Горд сум на успехот на Ефес и на цел турски спорт

Тренерот на шампионот во Евролигата, Анадолу Ефес – Ергин Атаман изјави дека чувството е одлично да се освои титулата двапати на најпрестижниот европски клупски турнир.

„Тоа може да се случи. Многу сум горд што на овој начин ги претставувам турскиот спорт, турските тренери и турскиот народ. Сигурен сум дека во иднина другите ќе ги надминат овие успеси“, коментираше Атаман по финалето во Евролигата.

Турски Анадолу Ефес го победи шпанскиот Реал Мадрид со 58:57 во главниот град на Србија, Белград, со што ја одбрани титулата минатата сезона.

Запрашан дали веќе размислува за трет последователен триумф во турнирот, Атаман одговори: „Сега мојата самодоверба е насочена кон репрезентацијата на Турција. Кој знае? Имам уште една година од мојот договор. Но, навистина не знам дали следната сезона ќе бидам во Анадолу Ефес. Може да ми се јават од НБА“, со насмевка додаде Ергин Атаман.


Марез од Сити следна желба на Флорентино Перез

Килијан Мбапе го остави во шок Реал Мадрид, откако реши да остане во ПСЖ и потпиша нов тригодишен договор.

Реал имаше вербален договор со Французинот и беше убеден дека ќе го доведе на „Сантиаго Бернабеу“, но сега остана со празни раце и мора да бара алтернатива.

Шпанските медиуми откриваат дека „кралевите“ сега ќе се насочат кон ѕвездата на Манчестер Сити, Ријад Марез.

Марез игра одлична сезона, но влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината.


Трабзонспор со интерес за доведување на Алиоски

Шампионот во турската лига, екипата на Трабзонспор, го обнови интересот за доведување на македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски.

Турскиот клуб го посакуваше  Алиоски во своите редови и минатото лето, но 30-годишниот фудбалер тогаш се одлучи како слободен играч да замине во Ал Ахли од Саудијска Арабија.

Тимот од Трабзон после 38 годишна пауза, сезонава стана првак на Турција.


Бернд Лено на радарот на Бенфика

Бенфика го следи голманот на Арсенал, Бернд Лено како голема трансфер цел ова лето. Според некои португалски изданија, лондонскиот клуб е подготвен да го продаде германскиот голман пред тој да стане слободен агент во 2023 година.

30-годишниот Лено не сака да се пресели во Њукасл и има намера да се врати во Германија.


Навас не сака да си замине од ПСЖ

Голманот на ПСЖ, Кејлор Навас зборуваше за својата иднина во клубот одговарајќи на најавите дека сака да си замине.

„Имам уште две години од мојот договор со ПСЖ и секако планирам да останам“, изјави Навас.

Во сезоната 2021/22, Навас запиша 26 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. Неговиот договор со францускиот клуб е до 30 јуни 2024 година.