feature

Директорот на Борусија Дортмунд отвора врата за трансфер на Роналдо

Во текот на вчерашниот ден се појавија информации и тоа од реномираниот „Билд“ дека Кристијано Роналдо се понудил на Борусија Дортмунд.

По таквите информации во медиумите се огласи извршниот директор на германскиот гигант Ханс-Јоаким Вацке.

Вацке признава дека би сакал Роналдо да игра за Борусија Дортмунд, но досега контакт немало.

„Ми се допаѓа стилот на игра на Роналдо, направи многу во фудбалот. Одлична е идејата да го видам на „Сигнал Идуна Парк“, но засега немало контакт меѓу инволвираните страни“, изјави Вацке.


Сити нема платено ниту евро за Халанд!

Манчестер Сити во летниот преоден рок од Дортмунд го донесе Ерлинг Халанд. Одличниот норвежанец веќе почна да ги тресе мрежите во Премиер-лигата.

Раководството на „Граѓаните“ се договорија со германскиот тим за трансфер од 60.000.000 евра, но денес се појавија информации дека Сити не платил досега ништо. Двете страни се договориле сумата да се исплаќа на рати, па ќе ја плати во 2023 година поточно по завршување на сезоната, додека останатите три до 2026 година.


Пако Алкасер доби отказ од два клуба за 24 часа

Пако Алкасер е без клуб откако беше ослободен и од Виљареал и од клубот каде што требаше да настапува Ал Шараџа од ОАЕ. Неверојатен пресврт се случи во ситуацијата со искусниот напаѓач. Виљареал го испрати на позајмица во Ал Шараџа, во договорот имаше и опција за негов откуп по истекот на сезоната.

Помина Алкасер осум часа за да стигне во ОАЕ, имаше и фотографија со дресот за новиот клуб, но на крајот нема да заигра. Раководството на Ал Шараџа 40 часа по претставувањето се премисли.

Звучи неверојатно но така е, откако го претставија заклучија дека не им е толку потребен. Во меѓувреме Алкасер го прекина договорот со Виљареал и сега е слободен агент.


Чурлинов: Дојдов да го вратам Барнли во Премиер лигата

Македонскиот фудбалски интернационалец Дарко Чурлинов направи трансфер во Англија. Чурлинов во наредните четири години ќе ги брани боите на Барнли.

Младиот офанзивец за клупската страница изјави дека е возбуден што ќе има можност да учи во тимот, кој моментално се натпреварува во Чемпионшип.

„Ова е ново поглавје во мојот живот, прилично сум возбуден и многу сум среќен што сум овде. Нема време за губење и навистина се радувам на утрешниот ден и на претстојните недели. Првиот пат кога слушнав за интересот од Барнли, тоа беше многу возбудлива вест за мене. Размислував за тоа и мислам дека можам многу да му донесам на овој тим. Мислам дека е многу важно овој клуб да се врати во Премиер лигата и тука сум да помогнам тоа да се случи. Фудбалот во Англија е поинаков, се игра со различен стил, со нетрпение очекувам да учам овде“, изјави македонскиот репрезентативец.



Селтик се интересира за Атанасов

Македонија би можела да добие уште еден претставник во шкотската Премиер лига, бидејќи шампионот Селтик наводно се интересира за услугите на Јани Атанасов.
Јани постигна спектакуларен гол на дербито против Динамо Загреб, а со тоа уште толку го привлече вниманието на себе.

Наредните неколку денови ќе бидат клучни за тоа дали Атанасов ќе стане играч на Селти


Белоти за Рома одбил сериозни пари од Галатасарај

Галатасарај ја подигна својата понуда за Андреа Белоти, но италијанскиот репрезентативец не е особено ентузијаст за можноста да ја продолжи кариерата во Турција. Тој се надева дека ќе потпише за Рома, иако се уште има пречки за финализирање на зделката.

Белоти е слободен играч откако му истече договорот со Торино и тој одби да го продолжи. Тој веќе одби неколку понуди од Галатасарај, но истанбулскиот гигант не се откажува. Последната понуда е за годишна плата од 4,5 милиони евра плус сериозна сума на рака. Одговорот повторно беше негативен.

Белоти веќе ги прецизираше личните услови со Рома, но засега не може да потпише, бидејќи „волците“ прво мора да се разделат со еден од нивните сегашни напаѓачи. 28-годишниот напаѓач веќе ја одби Валенсија, а доколку потпише со Рома тоа ќе биде за помалку пари отколку што би добил во Галатасарај.


Обамејанг мистериозен околу својата иднина

Пјер-Емерик Обамејанг е се поблиску до враќање на Островот. Асот на Барселона и репрезентативецот на Габон ги продолжува преговорите со Челси.

Тренерот на каталонскиот клуб, Чави Ернандез сака да го задржи, но клупските челници се подготвени да се откажат од услугите на поранешниот ас на Арсенал за 30 милиони евра.

Тренерот на Челси, Томас Тухел, кој соработуваше со Габонецот во Борусија Дортмунд, инсистира на доаѓањето на Обамејанг.

„Уживав да работам со него. Имавме многу блиски односи. И така ќе остане што и да се случи сега“, изјави Тухел.

На другата страна Обамејанг, кој моментално не е во преден план со Чави, немаше многу да каже.


Њукасл не сака да чуе да го продаде Бруно Гимараеш на Реал

Њукасл му порача на Реал Мадрид дека нема шанси да го пуштат Бруно Гимараеш. Шпанскиот гигант е пред разделба со Касемиро и сака да го земе неговиот сонародник како негова замена. 24-годишниот Бразилец пристигна на „Сент Џејмс Парк“ од Лион во јануари и брзо стана лидер на тимот.

На денешната прес-конференција Еди Хау ја коментираше иднината на Гимареш. Менаџерот беше прашан дали е можно играчот да биде продаден: „Не, апсолутно не. Се обидуваме да изградиме тим овде и веруваме дека можеме да го однесеме клубот до успех во следните неколку години. Градиме состав и немаме намера да се разделиме со нашите најдобри играчи“.

„Во однос на шпекулациите, немам проблем со тоа. Тоа е комплимент за Бруно и колку добро настапува. Тој е неверојатен и само ќе се подобрува. Тоа е многу важно за нас“, додаде тој.


Шумарите“ донесоа шеснаесет новајлии, само Челзи троши повеќе од нив во Европа

Нотингем Форест, повратникот во Премиер лигата попладнево го потврди трансферот на Морган Гибс Вајт од Вулверхемптон за 42.5 милиони фунти, што е рекордно засилување за овој клуб.

Адријано Галијани кој денес работи во италијанската Монца која се избори за промоција во Серија А неодамна се пожали на ситуацијата со англиските и италијанските клубови.

Дефинитивно англиските клубови трошат повеќе од останатите, посебно кога се споредуваат оние „помалите“. Меѓутоа тие „помали“ англиски клубови можат со сумите на трансфер пазарот да конкурираат и со останатите европски гиганти.

Вајт е шеснаесттото засилување за Нотингем со што клубот на засилувања летово потроши 150 милиони евра. Со таа сума тие се на второто место во Европа по потрошените пари на засилувања, прв е Челзи, а зад нив се наоѓа Барселона.


Нагелсман: На Баерн и мојата среќа не влијаат Роналдо и Борусија Дортмунд

Баерн ја започна својата сезона многу силно, постигнувајќи осум гола во првите два натпревари од кампањата во Бундеслигата.

Во недела, Баварците гостуваат во Бохум, кои се на сосема спротивна позиција, откако забележаа два порази во првите два меча од кампањата.

Сепак, Јулијан Нагелсман ги истакна силните страни на својот противник, го потврди веројатното отсуство на Џамал ​​Мусиала, кој одлично ја започна сезоната, а исто така одговори и на прашање за евентуален трансфер на Кристијано Роналдо во Борусија Дортмунд, како што шпекулираа различни медиуми во изминативе денови.

„Бохум одигра со многу срце на двата меча против нас минатата година. Во Риман имаат голман кој може да испраќа добри долги топки. Џамал Мусиала најверојатно ќе го пропушти неделниот натпревар поради проблем со адукторот. Не е ништо драматично, но мора да бидеме внимателни. Роналдо во Борусија Дортмунд? Не е моја работа да коментирам дали ќе оди таму. Тој е добар играч и има постигнато многу голови во кариерата, веројатно ќе постигне уште неколку. Но, мојата среќа во животот не зависи од тоа дали ќе оди во Дортмунд“, изјави Нагелсман.