feature

Арсенал спрема понуда за Депај

Шпанските медиуми објавуваат дека Арсенал сака да го доведе во своите редови Мемфис Депај, и за таа цел спремаат понуда до Барселона од 45 милиони евра.

Одличните игри во Лион, и солидните партии во Барселона изминатава сезона,  ги наведоа раководните лица во Арсенал да размислуваат за ангажман на 28-годишниот Холанѓанец, кој би бил замена за Лаказет доколку Французинот се одлучи да замине од лондонскиот клуб.

Наводно за Депај, постои интерес и од екипите на Евертон и Њукасл Јунајтед. Евертон е опција доколку обезбеди премиерлигашки статус и наредната сезона.


Севиља нема да го откупи, Марсијал се враќа во Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Севилја, Ентони Марсијал, ќе го пропушти натпреварот против Атлетик Билбао во последното сезонско коло во Примера Дивизион.

Французинот кој заработи повреда на мечот со Мајорка  настапува како позајмен во шпанскиот состав. Тој од јануари реализираше само 12 натпревари на кои постигна еден гол и запиша една асистенција.

Затоа тимот од стадионот – „Рамон Санчез Писхуан“ нема да ја искористи опцијата за откуп и ќе го врати на „Олд Трафорд“.


Свен Ботман најнова желба на Тен Хаг за новиот Јунајтед

Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг, има намера да го ангажира дефанзивецот на Лил, Свен Ботман.

Холанѓанецот планира да ја засили левата бековска позиција и затоа ќе се обиде да дојде до потписот на 22-годишниот Белгиец. За Ботман во текот на зимата беа заинтересирани Тотенхем и Њукасл.

Фудбалерот кој има договор со Лил за уште три години, има трансферна вредност од околу 30 милиони евра.


Колина ги избра судиите за СП во Катар, номинирани и шест жени

Meѓународната фудбалска федерација ФИФА денес избра шест женски судии кои ќе судат на Светското првенство. Ова е историски момент затоа што за првпат жени ќе судат на Светско првенство за мажи.

На списокот од 129 судии, три од шесте жени ќе бидат главни судии на натпреварите, тоа се: Стефанi Фрапар (Франција), Салима Мукасанга (Руанда) и Џошими Јамашита (Јапонија). Избрани се 36 главни судии, 69 помошни и 29 ВАР судии.

Фрапар веќе судеше на фудбалерите во квалификациите за Светското првенство како и во Лигата на шампионите.

„Како и секогаш критериумиот кој беше најважен е – квалитетот. На овој начин сакаме да истакнеме дека за нас не е важен полот туку, квалитетот на судењето“, изјави претседателот на Судиската комисија, Пјерџулиџи Колина.

Помеѓу 69 помошни судии жени се: Нуса Бек (Бразил), Карена Дијас Медина (Мексико) и Кетрин Несбит (САД).


Арсенал фаворит за потписот на Умтити

Челниците на фудбалскиот состав Арсенал планираат да испратат понуда за дефанзивецот на Барселона,  Самуел Умтити, објавија дел од медиумите во Англија.

Тој има договор до 2026 година, но, Каталонците сакаат да го продадат во текот на летото бидејќи не влегува во плановите на тренерот, Чави.

28-годишниот фудбалер во тековнава сезона главно ја грееше клупата на – „Камп Ноу“.


Промовиран новиот дрес на Манчестер Сити

Актуелниот шампион на англиската Премиер лига, Манчестер Сити, го промовираше новиот домашен дрес за наредната сезона.

Дизајнот на брендот Пума, е во ретро варијанта, во која преовладува класичната светло сина боја на Сити. Црвено-белата боја на вратот и ракавите е симбол на минатите генерации на тимот, кои оваа боја ја носеле како дел од својата опрема.


Садио Мане е замената за Мбапе во ПСЖ

Садио Мане може да ја продолжи кариерата во француската Лига 1. Пари Сен Жермен е заинтересиран за услугите на 30-годишниот крилен напаѓач, тврдат медиумите од Франција.

Според нив, парискиот клуб ќе биде фаворит за потпис на Сенегалецот доколку тој реши да го напушти Ливерпул. Поради сериозниот интерес на ПСЖ и евентуалната висока плата, Мане се сомнева дали треба да го продолжи договорот со Ливерпул.

Да потсетиме, Садио Мане се пресели во Ливерпул од Саутемптон во 2016 година. 30-годишниот сенегалски фудбалер оваа сезона забележа 49 настапи за Ливерпул во сите натпреварувања. Постигна 22 гола и имаше две асистенции. Неговата вредност се проценува на 80 милиони евра.


Гвардиола заинтересиран за Бастони од Интер

Екипата на Манчестер Сити, продолжува со инвестирање во играчи кои настапуваат во одбраната. Тренерот Гвардиола не е задоволен со моменталните сили во дефанзивата. За таа цел клубот ќе се обиде да го доведе централниот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони.

Медиумите во Англија пренесуваат дека од Сити веќе доставиле понуда до нероазурите во висина од 60 милиони евра која наводно е одбиена. Но по се изгледа тоа не е крај, и се очекува зголемување на понудата во наредниов период.


Кјелце е вториот патник на ракометниот Фајнал-фор во Келн

Екипата на Кјелце од Полска, е вториот учесник на фајнал-фор турнирот во ракометната Лига на шампионите кој и годинава ќе се одржи во Келн.

Тимот на Кјелце својата карта за Келн ја потврди со повторна победа над францускиот Монпеље кого го совладаа и по вторпат, сега на домашен терен со 30:22.


Лука Миливојевиќ заминува од Кристал Палас и се сели во Олимпијакос

Фудбалерот на Кристал Палас, Лука Миливојевиќ, ова лето ќе ја напушти Премиер лигата и ќе се врати во редовите на грчки Олимпијакос.

31-годишниот бивш репрезентативец на Србија, договорил тригодишна соработка со црвено-белите од Пиреја. Ова значи дека Миливојевиќ ќе се врати во клубот за кој настапуваше до 2017, и од каде замина за Англија и Кристал Палас.