Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, планира да ги откупи договорите на Дејан Кулушевски и Кристијан Ромеро.
Тотенхем направи вистински резултатски подвиг оваа сезона во Премиер лигата, и најверојатно ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите за наредната година.
Голема заслуга за остварување на добрите резултати имаат играчите Кулушевски и Ромеро, кои во Лондон пристигнаа како позајмени играчи. За Кулушевски кој на 17 натпревари постигна 3 гола и запиша осум асистенции, Јувентус побарува 35 милиони евра, додека за останување на аргентинскиот репрезентативец, Ромеро, Тотенхем на Аталанта ќе мора да му исплати 45 милиони евра.
Рафиња преговара за трансфер во Барса
Фудбалерот на Лидс, Рафиња, би можел да и се приклучи на Барселона во летниот преоден рок. Бразилскиот фудбалер се договорил со шпанскиот тим, но, преговорите меѓу клубовите се прекинати до крајот на сезоната.
25-годишниот напаѓач во сезонава забележа 35 настапи во сите конкуренции. Постигна десет голови и имаше три асистенции.
Договорот на Рафиња со Лидс е до 30 јуни 2024 година. Неговата трансферна вредност е околу 45 милиони евра.
Саша Калајџиќ од Штутгарт најнова желба на Баерн Минхен
Баерн Минхен е сериозно заинтересиран по голгетерот на Штутгарт, Саша Калајџиќ.
Калајџиќ има 24 години, есенскиот дел сезонава го пропушти поради повреда на рамото, а во вториот дел од сезоната на 15 натпревари постигна шест гола.
Австрискиот репрезентативец го привлече вниманието на многу клубови, меѓу кои и ПСЖ, па Баерн сака да ја победи конкуренцијата.
Баварците се во потрага по нов напаѓач, бидејќи иднината на Левандовски е неизвесна, а во Калајџиќ гледаат идеален наследник на Полјакот.
Хофенхајм ја прекина соработката со тренерот Хенес
Од таборот на бундеслигашот Хофенхајм соопштуваат дека Себастијан Хенес не е повеќе тренер на екипата.
Како причина за прекин на соработката се наведуваат лошите резултати на тимот, посебно поразот со 1:5 од Борусија Менхенгладбах во последното коло сезонава.
Себастијан Хенес на позицијата тренер на Хофенхајм беше назначен во јули 2020 година.
Ќатип Османи останува тренер на Ренова
Членот на Првата македонска фудбалска лига, екипата на Ренова, го продолжи договорот со тренерот Ќатип Османи.
Османи ќе остане на тренерската позиција и во наредната сезона, и ќе се обиде да обезбеди подобар пласман од петтото место кое тимот го освои оваа сезона.
Еурофарм Пелистер се раздели со тренерот Бабиќ
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, соопшти дека ја прекинува соработката со тренерот на екипата, Жељко Бабиќ.
Хрватот Бабиќ беше главен тренер на битолските ракометари во последниве две и пол години, но неговото заминување од клубот беше очекувано после неуспехот во првенството и Купот на Македонија, каде Пелистер ја загуби битката за трофеите од скопски Вардар.
Од Еурофарм Пелистер изразуваат јавна благодарност до Бабиќ за неговата работа во развојот на клубот, а името на новиот тренер ќе биде соопштено во најскоро време.
Ричарлисон ќе биде замената за Левандовски во Баерн
Ричарлисон би можел да се префрли од англиската Премиер лига во германската Бундеслига, објавија медиумите во Германија.
Истите тврдат дека за трансферот на играчот е заинтересиран Баерн Минхен, кој го гледа како потенцијална замена за полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој може да го напушти германскиот тим ова лето.
Баерн веќе влезе во преговори со англискиот клуб, но засега е во рана фаза.
Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (25) оваа сезона во Премиер лигата на 29 натпревари за Евертон постигна девет гола и даде пет асистенции. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2024 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.
Ибрахимовиќ наскоро соопштува дали ја завршува својата играчка кариера
Италијанскиот весник Газета дело Спорт објавува вест дека напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, наредната недела ќе соопшти дали ја завршува својата играчка кариера.
Останува уште само едно коло до крајот на италијанското првенство, и доколку тимот на Милан освои барем еден бод на гостувањето против Сасуоло, тогаш росонерите ќе го совојат Скудетото.
40-годишниот Ибрахимовиќ, го чека финалниот расплет во лигата за да ја донесе конечната одлука и да ја информира јавноста.
Актуелниот договор на Швеѓанецот со Милан, истекува на крајот од сезоната, и според информациите клубот нема да му понуди нов договор. Меѓутоа можно е тој да преземе некоја од раководните функции во клубот.
Канатларовски ги отвори картите за дуелите со Ерменија и Украина
Репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2023 години во Романија и Грузија.
На 2. јуни, на Националната арена „Тодор Проески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.
Филип Трпчевски нема да биде комбинација за мечевите со Ерменија и Украина поради повреда на лигаментите на коленото. На списокот се наоѓаат најголем дел од фудбалери кои се очекува да бидат едни од главните носители на оваа генерација во наредниот квалификациски циклус.
Селекторот на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски за претстојните квалификациски дуели ги повика следните фудбалери:
Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица);
Одредени двојките за баражите за пополнување на Првата лига
Познати се двојките за бараж натпреварите за пласман во ПМФЛ. Ждрепката, која се одржа денес во просториите на ФФМ, сакаше Воска Спорт за ривал да го има тимот на Тиквеш.
Минатата година Воска Спорт играше бараж за пласман во ВМФЛ- Запад, а сега може да се пласира и ПМФЛ. Овој меч се игра во Прилеп.
Другата двојка е Скопје – Беласица, меч кој ќе се игра во Штип.
Победниците од овие два натпревари, кои се играат во недела (22 мај), следната сезона ќе игра во ПМФЛ, додека поразените ќе се најдат во единствената Втора лига во следната сезона.