Наби Кеита на крајот од сезоната заминува од Ливерпул
Британските
медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Ливерпул, Наби Кеита на крајот од
сезоната ќе си замине од Енфилд поради фактот што англискиот клуб нема намера
да го продолжи договорот со репрезентативецот на Гвинеја.
28-годишниот Кеита пристигна во Ливерпул во 2018.година како големо засилување, кое клубот го чинеше 60 милиони евра, а на 30.јуни ќе си замине како слободен играч без обештетување.
Тој за пет години престој во тимот на Енфилд одигра 129 натпревари и постигна 11 гола.
Јунајтед го краде Жоао Феликс од Челзи
Жоао Феликс се пресели во Челзи, каде ќе игра на позајмица со крајот на сезоната.
Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната. Атлетико за неговата слобода бара 100 милиони евра, со оглед на фактот дека самиот фудбалер не сака да се врати во Мадрид.
Челзи сака да го откупи, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед, кој сака да го „украде“ пред носот на „сините“.
Челзи ќе има предност во преговорите, но наводно не може да понуди повеќе од 80 милиони, додека Јунајтед е спремен да ја плати сумата од 100 милиони евра која ја бараат „јорганџиите“.
Дани Себаљос прва опција на Милан за следната сезона
Милан е силно заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, пренесуваат шпанските медиуми.
Себаљос влезе во последната година од договорот со Реал Мадрид и на лето ќе си замине од клубот како слободен агент. Милан бара засилување за средниот ред, а Пиоли верува дека Шпанцеот иделано ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
„Росонерите“ наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Себаљос и ќе започнат преговори, но ќе треба да ја победат конкуренцијата.
Имено, силен интерес за Себаљос покажува и Јувентус, па на лето ќе гледаме италијанско дерби за потписот на Шпанецот.
Чеферин: УЕФА со внимание ќе го следи „случајот Негреира“
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, не сака да го коментира за скандалот со ФК Барселона.
„Не можам да коментирам од две причини. Прво, затоа што имаме независна дисциплинска комисија. И второ, затоа што не ја знам темата“, вели Чеферин.
Поранешните претседатели Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел се обвинети дека на Хозе Негреира, поранешен потпретседател на шпанската судиска комисија и на неговата компанија им исплатиле вкупно 8,4 милиони евра.
Голем скок на Калин Ивановски на АТП листата
Новак Ѓоковиќ од денес и официјално се врати на врвот на АТП листата откако Карлос Алкараз не успеа да го освои турнирот во Мајами и беше елиминиран во полуфиналето.
Шпанскиот тенисер мораше да го одбрани трофејот освоен во Мајами минатата година за да остане на врвот, но во полуфиналето беше поразен од Јаник Синер. Ѓоковиќ сега има 7.160 поени, 380 повеќе од Алкараз.
На третата позиција грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 5.770 бодови, потоа Медведев кој го освои Мајами се проби до четвртото место со 5.150 бодови. Каспер Руд падна на 5-тата позиција, а потоа следат Рубљов, Феликс, Рунер, Синер и Фриц.
Калин Ивановски забележа нов скок, сега од 18 пзиции со што стигна до 457-то место кое е негов најдобар ранкинг во досегашната кариера.
Јуве водечки во исплатата на провизии во Серија А
Екипите од Серија А платиле вкупно 205,7 милиони евра провизии на фудбалски агенти за цела 2022 година, според извештајот објавен од Италијанската фудбалска федерација.
Сумата е рекордна во овој поглед, бидејќи претходното врвно достигнување за италијанската елита беше во 2019 година – 187 милиони евра. Во 2020 година, како резултат на пандемијата на коронавирус, провизиите паднаа на 138 милиони евра, а една година подоцна износот изнесуваше 173 милиони евра. За минатата година убедлив лидер по исплатените пари на фудбалски агенти меѓу калчо тимовите беше Јувентус со 51,3 милиони евра. Најверојатно главен придонес за ова имаат трансферите на Пол Погба и Анхел Ди Марија како слободни играчи. На второ место е Рома со 21,1 милиони евра, а минатото лето тие потпишаа со слободни агенти како Паоло Дибала, Немања Матиќ и Андреа Белоти.
Топ 3 ја комплетира Интер од каде платиле 20,6 милиони евра. Само овие три клуба поделија 93 милиони евра платени провизии или 45% од вкупната сума од 205,7 милиони евра. Четврта на ова рангирање е Фиорентина со 13,6 милиони евра. Лидерот во Серија А, Наполи е петти со 12,5 милиони евра, додека актуелниот шампион Милан е шести со 12 милиони евра. На дното на рангирањето се два дебитанти – Кремонезе со 2,8 милиони евра и Лече со 2,4 милиони евра, како и Торино чија уплатена сума од 2 милиони евра е најмала во Калчо лигата.
Ваљадолид го смени тренерот по дебаклот во Мадрид
Хозе Рохо „Пачета“ од денеска повеќе не е тренер на шпански Ваљадолид. По катастрофалниот пораз од Реал Мадрид со 6-0 на „Сантијаго Бернабеу“, клубот денеска реши да се раздели со стратегот кој го врати Ваљадолид во елитата.
„Ваљадолид го цени периодот кој тренерот го помина на кормилото и го врати клубот во Ла Лига. Ова е тешка одлука поради сето она што значи Пачета за нашиот клуб. Во неговите 75 официјални натпревари тој изгради спортски и приврзан однос со Ваљадолид кој ќе остане засекогаш како дел од историјата“, се вели во клупското соопштение. Засега нема официјално назначено негов заменик.
Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП листата
Новак Ѓоковиќ од денеска повторно е тенисер број еден во светот.
Поразот на Шпанецот Карлос Алкараз во полуфиналето на Мастерсот во Мајами од Италијанецот Синер значеше дека српскиот тенисер се врати на чело на АТП листата.
Алкараз мораше да го одбрани трофејот во Мајами за да остане на првото место, но на крајот трофејот замина во рацете на рускиот тенисер, Данил Медведев. Новак сега има 7.160 поени, точно 380 повеќе од младиот Алкараз.
Трет е Гркот Стефанос Циципас со 5.770 бодови, а Русинот Медведев по четвртата титула сезонава се проби на четвртото место со 5.150 бодови.
Каспер Руд падна на петтото место, а зад него се Андреј Рубљов, Феликс Оже-Алијасим, Холгер Руне, Јаник Синер и Тејлор Фриц до десеттото место.
Боели ќе исплати богатство за предвремен раскин на Потер
Маурицио Почетино, Зинедин Зидан, Марко Силва и Јулијан Нагелсман се имињата кои најчесто се споменуваат како можни кандидати за преземање на клупата на Челзи. Пред лондонските гиганти да го решат тоа прашање, мораат да се справат со заминувањето на Потер, со кого потпишаа скапо петгодишно партнерство.
Челзи постигнал договор со Потер и нема да мора да плати отпремнина што би претставувало невидено скапа разделба меѓу менаџерот и клубот. Се проценуваше дека Челзи ќе треба да плати околу 50 милиони фунти за да се ослободи од Потер, кој добиваше 12 милиони фунти годишно.
Сепак, тоа нема да се случи, затоа што било договорено Потер са добие 21,5 милиони фунти на име обештетување, но и таа бројка е светски рекорд за тренери кои останале без работа.
Пиоли: Сакам да продолжиме вака до крајот на сезоната
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше презадоволен од начинот на кој го одиграа мечот со Наполи синоќа. Тој ги повика фудбалерите да го задржат истиот став како и на натпреварот против Наполи.
„Задоволен сум од победата, но ова е само првиот чекор. Претстојат уште девет натпревари во првенството, кои мора да се одиграат со истиот став. Ни побегнаа премногу бодови. Денешниот резултат нема да влијае на натпреварите во Лигата на шампионите, тоа е сосема поинаков турнир со друга атмосфера. Ние внимателно ќе ја проучуваме оваа игра и ќе размислиме за следната. Важно беше да победиме и да останеме лидери во борбата за место во Лигата на шампионите“, вели Пиоли.