feature

Барса добива 200 милиони евра за трансфери ова лето

Екипата на Барселона е пред уште една „оддишка“ во форма од 200 милиони евра, пренесува весникот „АС“.

Тоа ќе се случи од продажбата на 49% од подружницата „BLM“, која се занимава со производите на клубот. Тоа ќе значи и дека каталонскиот гигант ќе биде многу помалку зависен од очекуваниот договор со CVC.

Се очекува по завршувањето на зделката да биде објавен нов управен одбор, кој ќе биде составен од Жоан Лапорта, Рафа Јасте, Феран Олве, Хулио Гуиу, Серхи Рикарт, Марибел Меландез.

Ова е одлична вест пред очекуваното тензично лето. Се очекува да биде привлечен централен напаѓач, како и барем по еден играч во секоја зона на теренот, што ќе го подигне нивото на тимот и ќе му даде поголема ширина на тимот на Чави.


Чави подготвува реконструкција, Барса ќе доведе седум засилувања

Чави сака да направи свој проект, на многу фудбалери ќе им биде отворена излезната врата, а побарал седум засилувања од раководството.

Прва мета во нападот е Роберт Левандовски, кој го известил Баерн дека нема да го продолжи договорот, па Баварците се спремни да го продадат на лето за 40 милиони евра.

Барселона е во потрага по уште еден квалитетен дефанзивец, а прва желба е Кулибали од Наполи. Сенегалецот треба да ја комплетира одбаната со Араухо, Ерик Гарсија и Кристенсен.

На десната бековска позиција треба да пристигне Аспиликуета како слободен играч, а Чави сака нов лев бек, Маркос Алонсо или Грималдо.

На средината на теренот пристигнува Кеси, а крилната позиција треба да биде засилена со Рафиња од Лидс. Англискиот клуб испадна од Премиер лигата, па Барса може да го добие Бразилецот за „само“ 25 милиони евра.


Кјелини потврди дека го напушта Јувентус

Искусниот дефанзивец на „Старата дама“, Џорџо Кјелини, потврди дека на крајот од сезоната ќе си замине од Јувентус.

Тој во својата последна сезона ќе го напушти Јуве без освоена титула, бидејќи клубот испадна од натпреварувањето во купот на Италија, а нема да биде ниту шампион во Серија А.

„Поминав прекрасни години во клубот. Сега е ред некои други фудбалери да ја продолжат мојата работа. Дадов се што имав и одиграв најдобро што можев. Се надевам дека оставив добра трага во клубот. Наскоро ќе бидам најголем навивач на Јувентус“, изјави 37-годишниот дефанзивец.

Кјелини го носи дресот на Јувентус од 2005 година, и со тимот освои 9 шампионски титули и пет национални купа.


Украинецот Јармоленко заминува од Вест Хем на крајот од сезоната

Андриј Јармоленко ќе го напушти лондонскиот клуб на крајот од оваа сезона.

Договорот на Јармоленко со Вест Хем истекува следното лето, а двете страни не се договориле за продолжување на соработката. Неколку месеци претходно, раководството на „чеканите“ му дозволи на Андреј Јармоленко отсуство од лични причини поради ситуацијата во Украина, но веќе кон средината на март фудбалерот се врати на теренот.

Да потсетиме, Јармоленко се пресели во Вест Хем од Борусија Дортмунд во јули 2018 година. Трансферот изнесуваше 20 милиони евра, а претходно играше за Динамо Киев.

Украинецот оваа сезона одигра 30 натпревари за Вест Хем, постигна три гола и една асистенција. Интернет порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на 32-годишниот Јармоленко на 3,5 милиони евра.


Бројот на странци во ракометната Суперлига останува непроменет

Управниот одбор на македонската ракометна федерација, го прифати барањето на двата најреномирани ракометни клуба Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, бројот на дозволени играчи од странство по натпревар во Суперлигата да остане непроменет.

Од страна на РФМ имаше план од постојните осум, од следната сезона бројот на дозволени странци во еден тим да биде шест. Меѓутоа со прифаќањето на барањето од двата клуба, и наредната сезона екипите кои ќе се натпреваруваат во домашната Суперлига ќе можат да регистрираат по осум странци на еден натпревар.


Марота: Интер не го сака Дибала ова лето

Директорот на Интер, Бепе Марота, ги негира шпекулациите дека ќе го купи Паоло Дибала кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус.

„Ние ги имаме најдобрите напаѓачи и нема потреба да се засилуваме во тој дел од екипата“, изјави кратко Марота.

Аргентинскиот фудбалер откако одби да ја продолжи со работката со „старата дама“ во текот на летото ќе се обиде да издејствува нов ангажман. За неговиот потпис се заинтересирани неколку екипи од Германија и Италија.


Заниоло од Рома е тајното засилување на Малдини во Милан

Николо Заниоло важи за еден од најголемите италијански таленти, а на лето би можел да ја напушти Рома.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан се вклучил во трката за неговиот потпис и дека Италијанецот е најголема желба на Паоло Малдини.

„Росонерите“ подготвуваат понуда за 22-годишниот офанзивен играч кој има договор со Рома до 2024 година.

Заниоло одбива да го потпише нов договор со „волчицата“, па тоа ќе ја натера Рома сериозно да размисли да го продаде на лето.


Рома во ЛШ е следната мисија на Жозе Мурињо

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, планира да остане во Рим и во наредната сезона за да ја однесе „волчицата“ во Лигата на шампионите.

Сега тој стигна до финалето на Конференциската лига додека во Калчото не успеа да обезбеди место меѓу првите четири екипи и да влезе во елитата на Европа.

„Ќе се обидеме да влеземе во Лигата на шампионите но, кога ќе го погледнете изборот на Интер, Милан и Јувентус, ќе разберете дека три од првите четири места се окупирани. Има четврто место, мислам дека можеме да го направиме тоа“, изјави Мурињо.


Фабињо нема да игра во финалето на англискиот ФА Куп

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потврди дека Бразилецот Фабињо, сепак нема да може да настапи за својот тим во финалето на ФА Купот против Челзи.

Фабињо ќе мора да одмора уште најмалку неколку дена поради повредата која ја доби на натпреварот против Астон Вила во Премиер лигата.

Финалето на англискиот ФА Куп е на распоред во Сабота на стадионот „Вембли“ во Лондон.


Анчелоти: Мојата работа во Реал е лесна

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е во центарот на вниманието од фудбалската јавност, поради неговиот успех со екипата, која неодамна ја освои титулата во шпанската Примера, и стана финалист во Лигата на шампионите. 

Италијанецот е единствениот тренер на светот кој освоил пет титули во петте најсилни лиги во Европа.

„Во Реал ми оди добро поради одличниот однос кој го имам со фудбалерите. Никој од нив не ми прави проблеми. Во минатото имав случаи кога некои од моите играчи не беа задоволни од моите одлуки, но сега е сосема поинаку. Сите играчи кои сега играат за Реал се големи професионалци и никој не прави проблеми во случај на некој од натпреварите да бидат на клупата за резерви. Тоа е разликата помеѓу Реал Мадрид и останатите клубови“, изјави Анчелоти.