feature

Јурановиќ се повреди против Аргентина, нема да игра во малото финале со Мароко

AL WAKRAH, QATAR – DECEMBER 05: Josip Juranovic of Croatia reacts during the FIFA World Cup Qatar 2022 Round of 16 match between Japan and Croatia at Al Janoub Stadium on December 05, 2022 in Al Wakrah, Qatar. (Photo by Youssef Loulidi/Fantasista/Getty Images)

Фудбалерот, Јосип Јурановиќ, кој заработи повреда на мечот со
Аргентина нема да игра на утрешниот дуел со Мароко.
Хрватскиот репрезентативец ќе мора да паузира 10 дена објавија дел
од медиумите. Играчот на Селтик со добрите настапи на Мундијалот
го привлече вниманието на повеќе европски клубови а Шкотскиот
гигант за неговиот потпис ќе бара околу 10 милиони евра.

Се претпоставува дека неговото место на утрешниот меч ќе го заземе
Јосип Станишиќ од Баерн Минхен.


Жоао Феликс посакува трансфер во ПСЖ

Познатиот фудбалски новинар Џанлука ди Марцио, пренесува дека напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, има желба својата кариера да ја продолжи во францускиот шампион, Париз Сен Жермен.

23-годишниот  фудбалер претходно искажа желба да си замине од Атлетико Мадрид после несогласувањата со тренерот Диего Симеоне. Доколку челниците на Атлетико се решат за продажба на Португалецот, тогаш неговата цена би изнесувала околу 100 милиони евра.

Иако интерес за Феликс покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, сепак тој преферира трансфер во ПСЖ.


Реграги: Посакуваме да го завршиме Мундијалот со победа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Мароко, Валид Реграги, порачува дека неговата екипа посакува да го освои третото место на Светското првенство, и со победа над Хрватска да го заврши учеството во Катар.

„Не очекува важен натпревар и покрај нашето разочарување. Се надевавме дека ќе играме во финалето. Ќе дадеме се од себе на дуелот со Хрватска. Уморни сме, и психички и физички исцрпени, меѓутоа ќе настапиме со чисто срце и глава. Сакаме победа и посакуваме да го завршиме Мундијалот како третопласирана репрезентација“, изјави Реграги.

Натпреварот за третото место на СП во Катар, помеѓу Мароко и Хрватска ќе се одигра во сабота од 16:00 часот.


Влаховиќ во јуни го напушта Јуве?

Душан Влаховиќ сериозно размислува да го напушти Јувентус, пренесува англискиот новинар, Бен Џејкобс. Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.

Силен интерес за Влаховиќ покажуваат неколку европски гиганти, меѓу кои Арсенал и Челзи, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал и неизвесноста поради евентуалната казна.

Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јувентус за 80 милиони евра.


Јуве се вклучува во трката за Хаким Зијеч

Јувентус сериозно се вклучи во трката за мароканскиот репрезентативец Хаким Зијеч, пренесуваат италијанските медиуми. Зијеч не добива голема минутажа во Челзи, па и самиот сака да ја промени средината во јануари.

Мароканецот беше голема желба на Милан во летниот преоден рок, но трансферот не се реализираше, а сега може да го облече дресот на Јувентус.

„Бјанконерите“ веруваат дека ќе биде идеална замена за Ди Марија, кој на крајот на сезоната ќе го напушти клубот. Јувентус сака уште во јануари да го доведе Зијеч во Торино.


Швајнштајгер: Марсијал е одличен напаѓач, има огромен потенцијал

Поранешниот фудбалер, Бастијан Швајнштајгер, кој извесен период помина на „Олд Трафорд“ вели дека напаѓачот на „црвените ѓаволи“, Ентони Марсијал, може да биде значајна фигура во тимот.

„Марсијал има огромен потенцијал. Се сеќавам на времето кога пристигна во Јунајтед и кога постигна гол против Ливерпул на специјален начин. Тој е најопасен во ситуација еден на еден и кога ќе добие топка пред голот“, вели Шванштајгер.


Арсенал го враќа Абрахам во Премиер лигата

Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Рома и англиски репрезентативец, Тами Абрахам. Абрахам  направи вистински потег со трансферот во Рома каде се промовираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа.

Минатата сезона тој во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. 

Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо, а таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал.

Арсенал наводно е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис, што е 20 милиони повеќе од сумата која Рома ја плати за да го доведе на „Олимпико“.


Далиќ: Би било прекрасно доколку ја освоиме бронзата

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, изјави дека неговата екипа е тажна и разочарана после поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Хрватска во сабота ја очекува натпревар за бронзен медал против селекцијата на Мароко, кој ќе се одигра на стадионот Ал Калифа.

„Мораме да собериме сили и да се вратиме во борбата за бронзата. Тоа за нас ќе биде големото финале, битка за медал. Мораме максимално да се подготвиме за да се радуваме на крајот“, истакнува Далиќ.

Хрватскиот селектор информира дека екипата има доста проблеми со повредени играчи, па така под знак прашалник е настапот на Марцело Брозовиќ, Јошко Гвардиол и Јосип Јурановиќ.


Алиоски се повреди, нема да игра до крајот на годината

Езџан Алиоски ќе биде надвор од терените во следните 2-3 недели. Тоа значи дека за него оваа календарска година е завршена и ќе ги пропушти натпреварите кои следат. До крајот на годината Фенербахче гостува кај Трабзонспор на Барди и игра дома со Хатајаспор. Под знак прашалник ќе биде настапот на Џани против Анталијаспор на 3. јануари.

Како што потврдија од Фенербахче станува збор за истегнување на мускулот.

„На Алиоски му беше утврдено истегнување на мускулот од втор степен и има болки во препоните што ги доживеа на тренинг. Ќе започне со тренинзи после две-три недели откако ќе добие соодветен третман“, стои во соопштението од Фенербахче.


Марчињак од Полска ќе го суди финалето на Светското првенство во Катар

Меѓународната фудбалска федерација- ФИФА, соопшти дека финалниот натпревар на Светското првенство во Катар помеѓу репрезентациите на Франција и Аргентина, ќе го суди полскиот арбитар Шимон Марчињак.

41-годишниот Марчињак претходно на Мундијалот веќе му судеше на Аргентина во осминафиналниот дуел со Австралија, како и на Франција на мечот од групната фаза против Данска.

Финалето на Мундијалот во Катар ќе се игра во недела од 16:00 часот на стадионот Лусаил.