feature

Депај одби да премине во Тотенхем

Мемфис Депај ја одби понудата да премине во Тотенхем. Лондончани беа подготвени да ги платат 20-те милиони евра кои ги бараше Барса, но самиот играч не се согласи на таков трансфер, пишува „Спорт“.

Тотенхем веќе потпиша со еден играч од Барселона – Клемент Ленгле. „Мамузите“ имаат прилично солидна селекција за учество во Лигата на шампионите и сакаа да го додадат холандскиот напаѓач во својот тим, но тој не беше особено импресиониран од нивниот проект и претпочиташе да остане во Барса.

Депај е подготвен да се бори за своето место во тимот на Чави Ернандез, иако неговите шанси за стартно место не изгледаат големи. Од друга страна, тој сака да игра редовно за да се осигура дека ќе добие повик за Светското првенство во Катар оваа зима.


Еве како (не) треба да местите натпревар

Дали е ова најбедната и најкомична местенка на пенали откако постои фудбалот погледнете подолу на видеото

https://twitter.com/i/status/1547617973073899524

Бака ја напушти Гранада и се врати во Клуб Жуниор

По една сезона мината во Гранада, Карлос Бака се враќа во својата татковина, Колумбија.

Напаѓачот го официјализираше својот трансфер во клубот каде ги направи првите фудбалски чекори, Клуб Жуниор.

Некогашната ѕвезда на Виљареал, кој играше и за Милан, Севиља и Бриж по 11 години го напушта „стариот континент“.


Арсенал ќе испрати понуда за Зинченко

Според пишувањата во британските медиуми, Арсенал е заинтересиран за одбранбениот фудбалер на Манчестер Сити, Олександр Зинченко.

Во информациите кои се пренесуваат се вели дека тимот од Лондон се очекува наскоро да испрати и официјална понуда за купување на 25-годишниот Украинец.

Арсенал е во потрага по дефанзивец кој ќе игра по левата страна во тимот, и сега се фокусира на ангажман на Зинченко, после неуспешниот обид за доведување на Мартинез од Ајакс кој најверојатно ќе замине во Манчестер Јунајтед.


Витсел: Дојдов во Атлетико заради Симеоне

Атлетико Мадрид на прес-конференција официјално го претстави своето ново засилување Аксел Витсел. Белгискиот играч за врска потпиша со тимот откако му истече договорот со Борусија.

„Ви благодарам на сите за топлото добредојде. Тренинзите се многу силни, но мораме да бидеме такви за да бидеме физички подготвени кога ќе започне првенството. Бев слободен и го избрав Атлетико бидејќи сакав да продолжам на високо ниво. Знам дека немам уште десет години во фудбалот, но преостанатото време сакам да го поминам на највисоко ниво што ми го нуди Атлетико“, беа првите зборови на белгискиот интернационалец.

„Играчите ме прифатија многу добро. Зборувам малку шпански, што ги олеснува работите. Се разликува од Дортмунд, но јас сум многу среќен. Диего Симеоне е еден од најдобрите тренери во светот. Тој исто така е една од причините што јас сум тука. Во последните денови трениравме екстремно цврсто и немав прилика многу да разговарам со него, но горд сум што соработуваме. Не е важно дали сум 23 или 33, секогаш има што да се научи од него“, истакна играчот од средниот ред.


Македонија доби скандинавски ривали во претквалификациите за ЕП

Словачка, Данска и Норвешка ќе бидат противници на Македонија во претквалификацискиот циклус за пласман на Евробаскетот 2025 година.

Ова е резултат на денешната ждрепка во Минхен, каде Македонија имаше среча и доби противници по мерка со кои може да бараме пласман во вториот круг од квалификацискиот циклус.

Првоите квалификациски цуели следуваат вече во август во првиот квалификациски прозорец на 25 август-четврток и 28. август-недела


ПСЖ му нуди нов договор на Меси

Шпанскиот весник Марка пренесува дека челниците на Париз Сен Жермен во наредните неколку дена ќе му понудат нов договор на фудбалската суперѕвезда Лионел Меси.

Меси во клубот од Париз пристигна минатата година од Барселона и има договор со клубот до 30.јуни 2023 година.

Извори од шампионот на Франција известуваат дека на аргентинскиот фудбалски репрезентативец ќе му биде понудено да остане во клубот до 2024 година. За очекување е дека Меси својата одлука за новата понуда ќе ја донесе после завршувањето на Светското фудбалско првенство во Катар.

Меси минатата сезона во дресот на ПСЖ одигра 34 натпревари и постигна 11 гола.


Манчестер Јунајтед е многу блиску до доведување на Мартинез од Ајакс

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед е во поодминати преговори со Ајакс околу ангажман на дефанзивецот Лисандро Мартинез.

Преговорите за трансферот на 24-годишниот Аргентинец траат неколку дена, и според англиските медиуми фудбалерот може да стане нов играч на Јунајтед до крајот на викендот.

Мартинез сака повторно да соработува со тренерот Ерик тен Хаг со кого работеше во Ајакс. За клубот од Амстердам Мартинез има одиграно 120 натпревари и постигна шест голови.


Реал го ставил Азар на трансфер листа

Реал Мадрид повеќе нема трпение за белгискиот репрезентативец Еден Азар, па реши да го стави на трансфер-листата и подготвени се „кралевите“ ова лето да го продадат ако пристигне пристојна понуда.

Карло Анчелоти сака да го задржи во тимот, но нема ништо против да си замине Белгиецот затоа што нема големо влијание во клубот.

Азар не се прилагоди во Мадрид, иако беше платен 100 милиони евра во 2019 година, а голем проблем му создадоа и повредите поради кои беше често надвор од фудбалските терени.


РК Алкалоид го потврди учеството на Струшкиот турнир

Новиот ракометен суперлигаш Алкалоид ќе биде дел од традиционалниот турнир во Струга кој ќе се одржи од 16. до 20. август на познатата локација „Женска плажа“.

Досега своето официјално учество на турнирот го потврдија домашните екипи Еурофарм Пелистер, Вардар 1961 и домашната екипа Струга, а од странство учесници ќе бидат екипите на Целје Пивоварна Лашко, АЕК Атина и Татран Прешов.

Оваа година турнирот го слави јубилејното 50.издание и е еден од ретките турнири кој се одржува на отворено.