feature

Голгетерот на Ајакс е трансфер цел на Милан ова лето

Милан е во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона, кој може да биде долгорочна замена за Златан Ибрахимовиќ.

Прва желба на „росонерите“ е голтерегот на Ајакс, Себастијан Халер, пренесува „Газета дело Спорт“. Халер игра фантастична сезона во Ајакс каде на 38 меча постигна 33 гола, а во групната фаза од Лигата на шампиони постигна 10 гола.

Овој 27-годишен напаѓач претходно беше во Вест Хем, но не се прослави во Премиер лигата, а сега во Ајакс игра во животна форма.

Милан стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да понуди 45 милиони евра за неговиот потпис.


Сколс: Атмосферата во соблекувалната на Јунајтед не е добра

Манчестер Јунајтед можеби ја поправи сликата од ужасното издание против Ливерпул, но повторно беше поразен во дерби натпреварот против Арсенал.

Јунајтед загуби против Арсенал со 3-1, можеа „црвените ѓаволи“ да изедначат на 2-2, но не ги искористија шансите при 2-1 водство за домаќините. Пол Сколс е еден од критичарите на Рагник уште од моментот кога Германецот седна на клупата, а сега откри дека атмосферата во Јунајтед не била добра.

„Ќе ви откријам еден разговор од пред неколку дена. Разговарав со Лингард и се надевам дека нема да ми се налути што ќе го кажам ова. Ми порача дека атмосферата во соблекувалната е катастрофална“, изјави Сколс.


Маркос Алонсо прави трансфер во Атлетико Мадрид?

Весникот „Марка“ пренесува дека дефанзивецот на Челзи, Маркос Алонсо може да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид. 

Шпанецот е главна трансфер цел на тренерот Диего Симеоне. Договорот на Алонсо со Челзи истекува во летото 2023 година.

Играчот кој потекнува од школата на Реал Мадрид, оваа сезона одигра 22 натпревари за Челзи во Премиер лигата, на кои забележа 2 гола и 3 асистенции.


Лаутаро ќе биде замената за Суарез во Атлетико

Атлетико Мадрид на лето ќе биде активен на трансфер пазарот бидејќи приоритет на клубот е да привлече нов напаѓач кој ќе го замени Луис Суарез. Уругваецот нема да добие предлог за нов договор и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во МЛС.

Според „Мундо Депортиво“, главниот тренер на „јорганџиите“ Диего Симеоне веќе се фокусирал на фудбалер со карактеристики на Суарез, кого сака да го види на „Ванда Метрополитано“. Се работи за Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот шпиц на Интер има 15 гола во Серија А оваа сезона, но се очекува да биде продаден при добра понуда.

Не е тајна дека Мартинез беше пред договор со Атлетико во 2017 година, кога стана најдобар стрелец на Копа Америка за играчи до 20 години. Неколку месеци подоцна, напаѓачот потпиша со Интер.

Лаутаро би го чинел Атлетико ни помалку ни повеќе туку 70 милиони евра.


Ѓоковиќ: Снемав енергија, имам проблем со мистериозна болест

Новак Ѓоковиќ не успеа да дојде до посакуваниот триумф на турнирот во родната Србија, откако во големото финале во Белград беше поразен од Андреј Рубљов.

Светскиот рекет број еден имаше три тешки меча на патот до финалето и сите беа во три сета, па иако се чинеше дека може да примени ист рецепт откако го доби вториот сет против Русинот, сепак остана без гориво и сила во одлучувачкиот сет.

Ѓоковиќ го загуби последниот сет без да освои ниту еден гејм и убедливите 6:0 се доказ дека остана без ронка енергија на крајот од мечот, што беше повод и за подетална анализа од страна на самиот Ноле кога доби прашање од новинарите.

„Во третиот сет останав без енергија и не успеав да се погрижам за борба. Честитки до Рубљов кој веќе некое време е при врвот на светскиот тенис. Навистина сум изморен, искрено, можев да испаднам уште во првото коло. Зад мене се три тешки меча кои се надевам дека ќе ми помогнат во иднина“, изјави Ноле, кој смета дека неговиот физички пад е поврзан со некоја болест.


Познати првите трансфер цели на Ерик Тен Хаг

Калвин Филипс и Пау Торес се првите две трансфер цели на новиот тренер Ерик Тен Хаг кој на лето ќе го преземе Манчестер Јунајтед, објавија британските медиуми.

26-годишниот играч од средниот ред Филипс е лидер на екипата на Лидс, додека 25-годишниот централен дефанзивец Торес е член на Виљареал.

Раководството на 20-кратниот шампион на Англија ќе направи се што е во нивна моќ да ги купи двајцата играчи за кои ќе треба да издвои десеттина милиони евра.


Рудигер го напушта Челзи и потпишува за Реал

Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер донесе конечна одлука да го напушти Челзи. Играчот објави дека нема повеќе намера да чека на разврска околу промената на сопственоста на Стемфорд Бриџ, и дека не очекува нова понуда од клубот.  

Во моментов „сините“ од Лондон немаат дадено понуда за продолжување на договорот дефанзивецот. Актуелниот договор на Рудигер истекува на крајот од сезоната.

Според информациите, Германецот е решен да прифати нов предизвик, и е многу блиску до договор со Реал Мадрид.


Мегваер нема намера да замине од „Олд Трафорд“ и покрај критиките

Хари Мегваер јасно им стави до знаење на своите пријатели дека не сака да го напушти тимот на лето, и покрај неодамнешната закана со бомба во неговиот дом.

„Хари нема да биде исфрлен од тимот на Манчестер Јунајтед со такви закани. Неговиот приоритет број еден секогаш ќе биде безбедноста на неговото семејство, но тој исто така има силен карактер да го направи правилното. Овие закани најверојатно се дело на некој кукавички обожавател“, изјави извор близок до Мегваер за „Сан“.

Претходно беше објавено дека фудбалерот добил писмо преку мејл во кое се вели дека може да дојде до експлозија во куќата во која живее со својата свршеница и двете деца. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед за помош се обратил до полицијата, која со помош на кучиња ја пребарала куќата, но не нашла ништо. Мегваер оваа сезона одигра 28 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. Трансфермаркт го цени Мегваер на 40 милиони евра.


Арсенал фаворит за потписот на Габриел Жесус

Габриел Жесус би можел да се пресели во лондонски Арсенал. Клубовите не воделе директни преговори, но управата на Арсенал веќе стапила во контакт со претставници на 25-годишниот бразилски фудбалер за да разговараат за условите на личниот договор. Се истакнува дека Жесус е отворен за преселба во лондонскиот клуб поради недостаток на минутажа во Манчестер Сити.

Да потсетиме дека Жесус се пресели во Манчестер Сити од Палмеирас во 2016 година. Бразилскиот напаѓач оваа сезона одигра 23 натпревари во Премиер лигата, постигна три гола и имаше седум асистенции. Од 2016 година Жесус е повикан во репрезентацијата на Бразил.


Левандовски:Прашајте го клубот дали сака да ме задржи

Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја коментираше својата ситуација во клубот. Постојано се шпекулира за неговата иднина во Баерн, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезонава.

Напаѓачот потврди дека треба да се водат разговори за обновување на неговиот договор, а тоа не му е лесно.

„Знам дека наскоро ќе имаме состанок, но засега нема ништо посебно. Гледам што се случува, не ми е лесно. Прашајте го клубот дали сака да ме задржи“, изјави Левандовски по победата од 3:1 над Борусија Дортмунд, со која Баерн ја освои 10-та последователна титула во Бундеслигата.