feature

Бензема ќе добие медал ако Франција заврши на пиедесталот

Францускиот напаѓач Карим Бензема ќе биде меѓу играчите кои ќе добијат медал на Светското првенство доколку неговата репрезентација го освои турнирот во Катар.

Според изворот, ФИФА ќе додели 26 медали на играчите на тимот што ќе го освои турнирот. Карим Бензема, кој не беше во можност да настапи за француската репрезентација, беше во нејзиниот состав за турнирот, но поради повреда беше принуден да се откаже од учеството на Светското првенство. Селекторот на Франција, Дидие Дешамп можеше да побара замена, но одлучи да не го стори тоа.

Да потсетиме дека Франција е актуелен шампион од претходното СП вп Русија 2018 година. Светското првенство во Катар ќе трае до 18 декември.


Три фудбалски легенди пред трансфер во Интер Мајами

Англискиот весник Тајмс пренесува дека фудбалерот на ПСЖ и капитен на Аргентина, Лионел Меси, е многу блиску до трансфер во Интер од Мајами.

35-годишниот Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, и наводно веќе одби продолжување на истиот. Аргентинецот имал понуда и за враќање во Барселона, но според најновите информациите тој е блиску до заминување во американската МЛС лига и потпис со Интер од Мајами каде еден од сопствениците е Дејвид Бекам.

Освен Меси, челниците на Интер се очекува да ги доведат и Сеск Фабрегас и Луис Суарез, кои се поранешни соиграчи на Аргентинецот од периодот во Барселона.


ПСЖ нуди богатство за Пјер Калулу

ПСЖ покажува сериозен интерес за младиот дефанзивец на Милан, Пјер Калулу, пренесуваат француските медиуми. Спортскиот директор Кампос потврди дека клубот работи на доведување на нов дефанзивец, а прво име во списокот на „светците“ е Пјер Калулу од Милан.

21-годишниот Французин буквално „експлодира“ минатата сезона во дресот на Милан и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци.

ПСЖ сака да го доведе во јануари и веќе спремил понуда од 50 милиони евра, но тешко дека ќе може да го убеди Милан да го пушти Калулу кој е еден од најважните играчи во тимот.

Французинот минатиот месец стави потпис на нов договор со „росонерите“ до 2027 година, а Милан е спремен да ја одбие понудата од ПСЖ.


Се повреди капитенот на Саудиска Арабија, заврши Мундијалот за Фарај

Капитенот на Саудијска Арабија, Салман Ал Фарај, кој се повреди на мечот со Аргентина во првото коло на Мундијалот во Катар, ја напушти селекцијата и се врати во татковината.

„Ерве Ренард му даде дозвола на капитенот Салман Ал Фарај официјално да го напушти кампот по проценката на лекарскиот тим дека повеќе нема да може да игра“, се вели во соопштението на националната федерација објавено на Твитер.

Саудиска Арабија ќе мора да го победи Мексико во последниот натпревар од групата в среда за да обезбеди пласман во осминафиналето без разлика на исходот од натпреварот меѓу Полска и Аргентина.


Тадиќ: Мора да останеме позитивни до крај

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Душан Тадиќ, после ремито со Камерун 3:3, истакнува дека има работи кои треба да се поправат во играта на селекцијата, но постојат и добри елементи во играта на српските фудбалери.

„Примивме два гола за две минути. Мораме да ги подигнеме главите и да бидеме позитивни до крај. Имаше доста добри работи, но и работи кои треба да ги поправиме. Се надевам дека во последното коло од групната фаза се ќе биде во нашите раце. Радува офанзивната игра и големиот број на постигнати голови“, изјави Тадиќ.

Србија својот последен натпревар од групната фаза ќе го има против Швајцарија.


Чалоба го продолжи договорот со Челзи до 2028 година

Дефанзивецот на Челзи, Тревор Чалоба го продолжи договорот со клубот до 2028 година. Чалоба ги помина сите младински категории на клубот од Стенфорд Бриџ, а после позајмиците во Ипсвич, Хадерсфилд и Лоријен, тој стана стандарден играч во првата екипа на Челзи, и оваа сезона има одиграно 13 натпревари.

Чалоба настапува на позициите десен бек и централен дефанзивец.


Модриќ: Сега полесно се дише

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ, после победата над Канада изјави дека сега полесно се дише.

Хрватска оствари победа над Канада со 4:1, во натпревар од второто коло во групата Ф на СП во Катар.

„Беше одличен натпревар за нас. Првите неколку минути лошо влеговме во дуелот, но потоа покажавме квалитет и карактер. Направивме се она за што се договаравме, и она што го трениравме го пренесовме на теренот. Имавме добра игра и остваривме добар резултат“, изјавува Модриќ.

Хрватска после две кола води во групата Ф со четири бода колку што има и Мароко. Белгија има три а Канада е без бодови. Во последното коло Хрватска ќе игра против Белгија, и ќе и треба најмалку еден бод за пласман во наредната фаза.


Луис Енрике: Нема да калкулираме против Јапонија

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике после ремито од 1:1 со Германија, изјави дека е задоволен од првото полувреме на средбата, и додава дека во вториот дел неговата екипа направила грешки кои инаку не ги прави.

„Тоа беше натпревар од кој сум задоволен со првото полувреме. Во продолжението правевме грешки кои инаку не ги правиме. Не го контролиравме дуелот до крај, а Германците одлучија да одат на се или ништо. Во последниот меч против Јапонија нема да калкулираме и одиме само на победа“, изјави Енрике.


Меси: После победата над Мексико за Аргентина почнува друго Светско првенство

Капитенот и најдобар играч на Аргентина, Лионел Меси, изјави дека за неговата екипа после победата над Мексико во второто коло од групата Ц, започнува друго Светско првенство.

„Денес почнува друго Светско првенство за Аргентина. Секогаш им велам иста работа на луѓето, да продолжат да веруваат. Во првото полувреме не одигравме како што треба, но во второто се смиривма и започнавме да напаѓаме и да ги постигнавме головите“, истакнува Меси во изјава за Скај.

Фудбалерите на Аргентина го совладаа Мексико со 2:0, во натпревар од второто коло од групата Ц. Победата е многу важна бидејќи аргентинците во првото коло беа поразени од Саудиска Арабија со 1:2, и мораше да го победат Мексико за да останата во игра за пласман во следната фаза на Мундијалот. Стрелци за гаучосите беа Лионел Меси и Енцо Фернандез.

Во последното коло Аргентина ќе игра против Полска, а Мексико против Саудиска Арабија.


За Роналдо сега е прифатлива понудата од Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо ја заврши играчката епизода во Манчестер Јунајтед и повторно се најде на фудбалскиот пазар. Претходно протугалскиот репрезентативец посакуваше кариерата да ја продолжи во клуб кој има високи натпреварувачки цели, меѓутоа сега работите можат да бидат поинакви.

Според информациите од медиумите, Роналдо не би имал ништо против да ја прифати високата понуда од преку 200 милиони евра и да заигра во Саудиска Арабија за екипата на Ал Наср. За Роналдо ова ќе биде голема шанса да направи уште еден огромен финансиски трансфер во кариерата.