feature

Митровиќ: Се понатаму зависи од нас

Репрезентативецот на Србија, Александар Митровиќ, за изненадување беше стартер за својата селекција во поразот од Бразил со 2:0. Митровиќ веќе извесен период се опоравуваше од повредата на скочниот зглоб и се очекуваше тој да го пропушти дуелот со Бразил.

„Се зависи од нас и тоа е тоа. Одиме понатаму со дуелите. Уште е рано за анализи, но мора да нагласам дека малку паднавме на физички план, и ни недостигаше агресивност. Не успеавме да одговориме на нивното јако темпо. Сепак игравме против една од најдобрите светски репрезентации. Подобро да загубиме сега отколку во наредните два натпревари“, истакнува Митровиќ.

Нареден противник на фудбалерите на Србија на СП во Катар ќе биде селекцијата на Камерун.


Атанасијевиќ продолжува во Еурофарм Пелистер до 2026 година

Македонскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со еден од најталентираните ракометари во Македонија, Павле Атанасијевиќ.

19-годишниот бек веќе трета сезона е во клубот од Битола и неговата кариера оди во нагорна линија. Неговиот нов договор со Еурофарм Пелистер е со важност до 2026 година.

“Дојдов пред три години и тоа беше ново искуство за мене. Со тек на време секоја година по година прогресирав сè повеќе и повеќе. Прво започнав со тренерот Александар Јовиќ, кој ме упати, а потоа новиот тренер Ларс Валтер ми укажува на грешките и прави да бидам подобар играч. Ми дава мотив да напредувам и да играм подобро. Атмосферата тука е многу убава, посебно кога се игра пред полна сала. За мене ова е големо искуство, посебно кога играме на европската сцена. Тоа е мотив плус за мојата работа“, изјави Атанасијевиќ.


Ивановски избори четвртфинале на турнирот во Мадрид

Младиот македонски тенисер, Калин Ивановски ја запиша и втората победа на ИТФ фјучрс турнирот во Мадрид. 18-годишникот Ивановски го совлада домашниот натпреварувач Хавиер Молино со 2-0 во сетови (6-4, 6-2).

Мечот кој се играше во Мадрид започна изедначено, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, но Ивановски успеа да направи брејк и потоа дојде до 6-4 за водство од 1-0. Во вториот сет, македонскиот тенисер бргу дојде до предност по одземен сервис, за потоа со 6-2 само да ја потврди победата. 

Македонскиот тенисер во четвртфиналето ќе игра против уште еден домашен натпреварувач, Жорда Санчис, а дуелот е закаажан в петок 

наутро од 10:00 часот.


Дилејни од Данска го пропушта остатокот од Мундијалот

Фудбалскиот сојуз на Данска соопшти дека репрезентативецот Томас Дилејни доживеал повреда на коленото поради што ќе мора да биде надвор од терените околу еден месец.

Дилејни повредата ја доби на натпреварот од првото коло на Мундијалот против селекцијата на Тунис.

Следниот натпревар на СП во Катар, Данска го игра во сабота против селекцијата на Франција.


Михајловиќ фаворит за испразнетото тренерски место во Глазгов Ренџерс

Синиша Михајловиќ наскоро би можел да добие нов ангажман. Според италијанските медиуми, српскиот тренер е на мета на Глазгов од Ренџерс. Тамошните медиуми пишуваат дека Михајловиќ е првиот кандидат за наследник на Џовани Ван Бронхорст, кој неодамна доби отказ поради слабите резултати, на клупата на шкотскиот гигант.

Ренџерс ја заврши сезоната во Лигата на шампионите без ниту еден бод, додека во првенството заостанува девет бода зад првопласираниот Селтик.

Михајловиќ на 6 септември доби отказ од Болоња по три и пол години водење на тимот. На клупата на италијанскиот клуб седеше 130 натпревари. Пред Болоња раководеше беше тренер на: Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино.


Марсело по неполни три месеци заминува од Олимпијакос

Олимпијакос има намера да го раскине договорот со бразилскиот дефанзивец Марсело поради проблеми со опоравувањето и серијата неуспешни настапи во првата полусезона. Легендата на Реал Мадрид дојде во тимот дури во септември минатата година и беше пречекан со најтопло добредојде на стадионот „Георгиос Караискакис“.

Сепак, дефанзивецот не успеа да ја оправда огромната трансфер возбуда од неговата брилијантна 15-годишна кариера во Реал Мадрид, каде што освои 25 големи трофеи, вклучително и пет трофеи во Лигата на шампионите.

Раководството на клубот е незадоволно што поранешниот бразилски фудбалер не може да игра повеќе од 30 минути по натпревар. Исто така, се тврди дека Олимпијакос е незадоволен од неможноста на 34-годишниот фудбалер да ја врати целосната кондиција. Така, главниот тренер на Олимпијакос нема да го вклучи Марсело во своите планови за втората полусезона, бидејќи тимот се наоѓа на четвртото место на табелата во Супер лигата.

Марсело не успеа да започне ниту еден натпревар за Олимпијакос и го загуби местото на позицијата лев бек. Бразилецот одигра само пет натпревари и 121 минута во сите натпреварувања.


Германија нема да добие казна заради протестот против ФИФА

ФИФА нема да изрече дисциплински санкции против германската репрезентација поради протестот пред натпреварот со Јапонија на Светското првенство во Катар, пишува на своите социјални мрежи новинарот на Скај, Роб Харис.

Да потсетиме, пред натпреварот, сите репрезентативци на Германија на тимската фотографија ја покрија устата со рака. Тимската фотографија беше придружена со сличен гест од сите играчи во стартниот тим на Германија, вклучувајќи го и капитенот на тимот Мануел Нојер. Ваквиот гест беше поттикнат од забраната за носење на лентата со виножито на натпреварите на СП во Катар.

Претходно, властите на земјата на Блискиот Исток беа постојано критикувани од навивачите и фудбалерите во врска со кршењето на човековите права во Катар.

Натпреварот меѓу Германија и Јапонија заврши со победа на Јапонците со со резултат 2-1.


Кристијано Роналдо својата кариера ја продолжува во Њукасл или Ал Наср

Англиските медиуми пренесуваат дека португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, својата фудбалска кариера најверојатно ќе ја продолжи во англискиот Њукасл или во клубот Ал Наср од Саудиска Арабија.

Како што е познато, Роналдо и Манчестер Јунајтед соопштија дека постигнаа договор за раскинување на договорот после интервјуто во кое играчот ги критикуваше сопствениците на клубот, тренерот Тен Хаг и некои соиграчи.

Медиумите во Англија потсетуваат дека Роналдо и во летниот период имал богата понуда од Ал Наср, меѓутоа тој ја одби понудата бидејќи сакаше да остане во европскиот фудбал.


Манчестер Јунајтед фаворит за потписот на Жоао Феликс

Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста за продажба на Жоао Феликс во зимскиот преоден рок пренесува „АС“.

Феликс не е задоволен во Атлетико и веќе го известил својот агент Жорге Мендеш да му бара нов клуб. Атлетико е спремен да го продаде бидејќи има финансиски проблеми и ќе се ослободи од неговата висока плата.

Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис бидејќи „црвените ѓаволи“ во него гледаат идеален наследник на Кристиано Роналдо.

Клубот од „Олд Трафорд“ веќе почнал да работи на трансферот, а Тен Хаг верува дека Португалецот идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.


Кеси по шест месеци сака да се врати во Милан

Франк Кеси сака да се врати во Милан само шест месеци после неговото заминување. Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а негова најголема желба е да се врати на „Сан Сиро“.

Претставник од агенцијата која го застапува фудбалерот имал средба со Малдини во Милано, но „росонерите“ нема лесно да му простат што замина без обештетување.

Милан не сака да плаќа отштета и е спремен да го врати само на 18-месечна позајмица, но Барса тешко ќе се согласи на такви услови.