feature

Дали Арсенал е клубот во кој ќе потпише Кристијано Роналдо?

Интервјуто на Кристијано Роналдо кај Пирс Морган предизвика голем број реакции, а Португалецот го доби тоа што веројатно го сакаше – го раскина договорот со Манчестер Јунајтед.

Од вчера Роналдо е без клуб, Манчестер Јунајтед потврди дека во меѓусебен договор се разделува со Роналдо. По таквата објава на Манчестер Јунајтед, Морган со една фотографија најави трансфер на Роналдо во Арсенал.

Роналдо во своите раце држи дрес од Арсенал со бројот седум, а во описот стои „Време е за фаза 2“…


Сон подготвен за мундијалското деби против Уругвај

Хјун Мин Сон се опорави од повредата и ќе биде спремен за првиот меч на Мундијалот против Уругвај. Тренерoт Пауло Бенто уверува дека ѕвездата на Тотенхем е во одлична форма, иако се здоби со фрактура на очната коска пред само еден месец, па ќе мора да носи заштитна маска.

„Сон може да игра. Мислам дека тоа што ќе носи маска не е неудобно за него, ќе се чуствува конфорно. Тој знае, а и ние исто дека не можеме да ризикуваме ништо“, изјави селекторот.

Сон е најдобар стрелец во корејската репрезентација и сигурно најважен играч во тимот.


Повредите го нападнаа Баерн: Мане и Лукас Хернандез „жртви“ на Мундијалот

Баерн Минхен непосредно пред почетокот на турнирот во Катар беше тим со најмногу играчи на Мундијалот, а потоа започнаа проблемите.

Прво, по пристигнувањето на Сенегал во Катар, дефинитивно беше одлучено Садио Мане сепак да мора да оди на операција и негово враќање се очекува некаде во фервари.. Потоа, вчера Лукас Ернандез заработи кинење на лигаментите на коленото, што ќе значи дека ќе мора да паузира седум до девет месеци, што значи за него оваа сезона заврши.

Нусаир Мазрауи во натпреварот помеѓу Мароко и Хрватска беше изнесен од теренот на носилки, а се уште не се знае степенот на неговата повреда.

Баерн има уште 15 свои играчи на Светското првенство, а Јулијан Нагелсман сигурно дека не сака да се соочи со дополнителни проблеми.


Далиќ: Ни требаат 4-5 бода да ја поминеме групата

Хрватска и Мароко одиграа натпревар без голови, трет на овој Мундијал. Хрватите можеби беа поблиску до победата, но сепак на крајот не успеаа да постигнат гол.

По ремито, повеќе задоволни се Мароканците, а хрватскиот селектор Златко Далиќ вината ја префрли на играчите на теренот и тврди дека немале доволно храброст.

„Очекувавме тежок натпревар. Противникот беше тежок, тие чекаа контранапад, а ние се плашевме да не ја загубиме топката. Мароко беше добар, продолжуваме понатаму и ни требаат четири или пет бода за да ја освоиме групата. Во одбраната користевме нешто поискусни играчи. Ни недостигаа одлучност и храброст. Сега сме на сечија мета, поинаку е од пред четири години“, изјави Далиќ.


Ханси Флик: Германија е под притисок за поминување на групата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Ханси Флик, изјавува дека е разочаран после поразот од Јапонија со 2:1 во првиот натпревар на неговите фудбалери на СП во Катар.

Флик во изјавата додава дека сега неговата репрезентација се наоѓа под голем притисок за пласман во осмина финалето на Мундијалот. 

Според него Германија ќе мора својата среќа и прва победа да ја бара на наредниот натпревар во групата Г против селекцијата на Шпанија, каде не смее да ги повтори грешките од дуелот со Јапонците.


Де Брујне изненаден: Не знам зошто сум прогласен за играч на натпреварот

Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на Белгија, Кевин де Брујне е прогласен за најдобар играч на средбата од првото коло на групната фаза против Канада кој заврши со резултат 1:0. Фудбалерот на Манчестер Сити мисли дека тој не е најзаслужниот фудбалер за победата на неговата селекција.

Единствениот погодок на средбата го постигна напаѓачот на Фенербахче, Мичи Батшуаји, а претходно голманот на Белгија, Тибо Куртоа во 11. минута од средбата успеа да му одбрани пенал на Дејвис од Канада.

„Не мислам дека одиграв добар натпревар. Не знам зошто ја добив оваа награда. Можеби поради моето име“, истакна Де Брујне после натпреварот.

Наредниот натпревар на Белгија е во недела против Мароко.


Новак Ѓоковиќ со рекордна заработувачка од 160 милиони долари

Покрај рекордот по бројот на освоени титули, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со освојувањето на завршниот АТП трофеј во Торино, оствари и два финансиски рекорди.

Ѓоковиќ за победата на турнирот во Италија, доби највисока парична награда во историјата на тенисот од 4.740.300 долари.

Новак Ѓоковиќ стана и најбогатиот тенисер во историјата со вкупна заработка од наградните фондови кои ја преминуваат сумата од 160 милиони долари.


Гави е најмладиот стрелец во историјата на Шпанија на СП

Фудбалскиот репрезентативец на Шпанија, Гави, беше стрелец на петтиот гол за својата репрезентација во победата од 7:0 против Костарика.

Играчот на Барселона со 18 години и 110 дена е најмладиот фудбалер кој постигнал гол за Шпанија на Мундијалите.

Помлади стрелци од Гави на светските првенства биле само легендарниот Пеле кој на шампионатот во 1958.година постигна гол со 17 години, а втор на вечна листа е Мексиканецот Мануел Росас, кој во 1930. година постигна гол на 18 години и 93 денови.


Стевче Алушовски го напушти исландски Тор

Македонскиот ракометен тренер Стевче Алушовски ја прекина соработката со екипата на Тор од Исланд. 

Иако Алушовски на почетокот од сезоната потпиша нов тригодишен договор со Тор, сепак после слабите резултати на екипата која се натпреварува во втората исландска лига, челниците на клубот решија да се разделат со македонскиот тренер.

Пред заминувањето во Исланд, Алушовски беше тренер на Вардар со кого успеа да забележи значајни успеси, а во минатото го водеше и битолски Еурофарм Пелистер.


Модриќ: Имаме уште два натпревари за да ја минеме групата

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, изјави дека дуелот со Мароко бил доста тежок, но истакнува дека актуелните вицепрваци на светот имаат уште два натпревари за да се пласираат во нокаут фазата. Модриќ потенцира дека Хрватите имале неколку шанси за гол но не успеале да ги реализираат истите.

Фудбалерите на Хрватска одиграа нерешено 0:0 против Мароко во првиот натпревар од групата Ф на СП во Катар.

Следен натпревар за Хрватска ќе биде против Канада во недела од 14.00 часот.