feature

Косовски интернационалец цел на лондонски Арсенал

Напаѓачот на Лил, Едом Жегрова може да ја продолжи кариерата во Арсенал, пренесуваат медиумите на Островот.

Арсенал испратил понуда за 23-годишниот репрезентативец на Косово, кој до јануари играше за Базел.

Скаутите на „топџиите“ го следат веќе подолго време и се убедени дека одлично ќе се вклупи во тимот на Артета.


Фернандеш ќе ја носи „осумката“ на Мата

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш во новата сезона ќе носи дрес со друг број на грбот.

Како што објави клубот на социјалните мрежи, Португалецот во наредната сезона ќе го носи дресот со број 8.

Во претходниот период Фернандеш за Јунајтед настапуваше со број 18, а осумката му припаѓаше на Хуан Мата. Сега откако Мата ја напушти екипата, неговиот број е слободен и му припадна на Фернандеш.

Бруно во Манчестер Јунајтед е од јануари 2020 година. Минатата сезона тој постигна 10 гола и запиша 13 асистенции.


Дефанзивецот Ристевски седмо засилување на штипска Брегалница

Централниот дефанзивец Александар Ристевски е најновото засилување на Брегалница за престојната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

30-годишниот Ристевски изминатава година настапуваше во редовите на косовскиот прволигаш Приштина, од каде сега доаѓа во редовите на Брегалница засилувајќи ги дефанзивните позиции во тимот.

Ристевски има богата прволигашка кариера зад своето име настапувајќи за Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Струга ТЛ и Работнички во македонскиот шампионат, како и за екипата на Влазнија во албанското првенство.

Низ досегашниот преоден рок Брегалница се засили и со досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.


Јуве му нуди седум милиони годишно на Сенегалецот Кулибали

Јувентус е подготвен да му плаќа на сенегалскиот дефанзивец од Наполи Калиду Кулибали 7 милиони евра годишно, објави познатиот инсајдер Николо Шира на социјалната мрежа.

Според новинарот, Јувентус веќе испратил официјална понуда до Сенегалецот. Клубот од Торино му нуди на играчот договор до 2025 година. Од тимот очекуваат дека тој ќе може да го замени дефанзивецот на холандската репрезентација Матијс де Лихт, кој има голема веројатност да го напушти клубот.

Договорот на Калиду Кулибали со Наполи истекува на крајот од сезоната 2022/23. Претходно италијанските медиуми објавија дека Сенегалецот поради лојалноста кон клубот сака да ја заврши кариерата во Наполи и сака да го продолжи договорот. Тој веќе ги одбил понудите на Барселона и Јувентус.


Надал поради повреда се повлече од Вимблдон

1241736486

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, поради повреда се повлече од понатамошното учество на Вимблдон.

Надал нема да настапи во полуфиналето против Ник Кирјос, кој на овој начин веќе обезбеди место во финалето.

Шпанецот својата одлука ја објави на прес-конференција, а како причина за откажувањето ја наведе повредата на стомачните мускули која го мачи подолг период.


Жиру ќе потпише нов договор со Милан

Милан започна преговори со Оливие Жиру за нов договор. 35-годишниот напаѓач пристигна од Челзи за скромна сума од 1 милион евра, но одлично се вклопи во тимот на Стефано Пиоли и даде придонес за титулата со 11 голови. Двете страни се задоволни од нивната соработка и сакаат таа да продолжи.

Се очекува францускиот репрезентативец повторно да потпише до 2025 година. Неговиот актуелен договор истекува следното лето, но газдите на „росонерите“ се подготвени со понуда за продолжување на истиот.

Сепак, Милан сака да добие уште еден напаѓач во лицето на Шарл Де Кетелар. Голгетерот на Клуб Бриж е трансфер цел и на Лидс. Англискиот клуб упати поповолна понуда од онаа на Милан, но планираат во евентуална зделка да вклучат двајца свои играчи – младите Андреас Јунгдал и Емил Робак.


Синистера е нов играч на Лидс Јунајтед

Нов член на премиерлигашот Лидс е десното крило од Колумбија, Луис Синистера. Лидс за фудбалерот кој пристигна од Феенорд плати 21,4 милиони фунти.

Договорот со Колумбиецот е потпишан на пет години, и се очекува токму Синистера да биде замена за Рафиња кој се очекува наскоро да ја напушти екипата.

Синистера во минатата сезона одигра 49 натпревари за Феенорд и постигна 23 гола и 14 асистенции.


Мертенс заминува од Неапол, Олимпик Марсеј фаворит за неговиот потпис

Дрис Мертенс нема да остане во Наполи. На белгискиот ветеран му истече договорот и нема индикации дека клубот ќе се обиде да го задржи.

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис сака да го намали буџетот за плати, а Мертенс е еден со највисоките примања.

Претставниците на напаѓачот веќе бараат нов тим. Една од опциите е 35-годишниот фудбалер да потпише со Олимпик Марсеј. Шефот на францускиот клуб Пабло Лонгорија е голем фан на Мертенс, кој сака годишна плата од 2,5 милиони евра.

Лацио и Ројал Антверпен се другите клубови кои ги разгледуваат понудите за репрезентативецот на Белгија. Тој помина 9 сезони во Наполи и е стрелец број 1 во историјата на оваа екипа.


Роналдо заминува од Манчестер Јунајтед за 15 милиони евра

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед нема да го стопира трансферот на Кристијано Роналдо од клубот.

Португалецот изрази желба да го напушти Јунајтед и се чини дека челниците на клубот ја прифатија неговата одлука и нема да го спречат неговото заминување.

Клубот од Олд Трафорд за Роналдо ќе бара 15 милиони евра, сума која е приближна со онаа која беше платена на Јувентус за неговото доаѓање во Јунајтед.

Кристијано Роналдо не може да се помири со фактот дека треба да настапува во Лига Европа, и најверојатно за многу скоро ќе потпише за друг клуб. Најсериозен кандидат за негов ангажман во моментов е тимот на Челзи.


Едерсон од Салернитана е замената за Песина во Аталанта

Аталанта финализираше два договори за неколку часа. Клубот од Бергамо го испрати Матео Песина на позајмица во Монца и како негова замена го зеде играчот од средниот ред на Салернитана, Едерсон.

Тимот од Бергамо за Едерсон ќе плати 14 милиони евра, а сумата може да се зголеми на 21 милион со бонусите вклучени во договорот. Во Салерно замина и дефанзивецот Матео Ловато, кој пролетва играше како позајмен во Каљари.

Аталанта најави и разделба со Матео Песина. Италијанскиот репрезентативец оди во дебитантот во Серија А, Монца. Ќе биде позајмен, но со опција за откуп за 15 милиони евра. 50% од оваа сума оди во Милан, од каде беше привлечен Песина во 2017 година.