feature

Родриго, Милитао и Винициус остануваат во Реал до 2028 година

Познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо објави дека бразилските фудбалери Родриго, Едер Милитао и Винициус Жуниор ќе ги продолжат договорите со Реал Мадрид до 2028 година.

Тројцата фудбалери во своите нови договори ќе имаат откупна клаузула од милијарда евра. Челниците на Реал одлучија на овај начин да ги наградат бразилските фудбалери за нивните одлични игри во минатата сезона.

Винициус требаше да го продолжи договорот до 2026 година, но претседателот на Реал Флорентино Перез инсистирал тој да остане во Мадрид до јуни 2028 година, бидејќи го смета за еден од најдобрите фудбалери во тимот.


Англија ги враќа трибините за стоење на фудбалските стадиони

Фудбалските клубови од англиската Премиер лига и Чемпионшип во претстојната сезона ќе можат да поставуваат трибини за стоење на своите стадиони, известуваат од надлежните институции во Велика Британија.

За време на минатата сезона Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем беа дел од пилот проект за постепено воведување на трибини и места за стоење на навивачите.

Овај проект се покажа како успешен и британската влада донесе одлука со која им се дозволува на клубовите во Премиер лигата и Чемпионшипот да достават барање за стално користење на места за стоење.

Ваквите трибини во Англија беа забранети од 1994 година, после пресудата од трагедијата на Хилзбороу во 1989 година кога 97 навивачи на Ливерпул ги загубија животите во стампедо пред полуфиналето од ФА купот со Нотингем Форест.


Аканџи од Борусија Дортмунд е замената за Шкрињар во Интер

Челниците на фудбалскиот состав Интер  не се откажуваат од идејата да го купат Мануел Обафеми Аканџи од екипата на  Борусија Дортмунд, тврдат денеска медиумите во Германија.

Се шпекулира дека швајцарскиот репрезентативец ќе биде замена за Милан Шкрињар кој е многу блиску до преселба во Пари Сен Жермен. Италијанскиот состав планира да плати 30 милиони евра за дефанзивецот иако „милионерите“ бараат најмалку 50 милиони.

Аканџи пред да потпише за Борусија Дортмунд беше еден од најдобрите играчи на Базел.


Лапорта: Наши цели се Силва и Кунде, а не Роналдо

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо, по се изгледа, сака по секоја цена да го напушти Манчестер Јунајтед и веќе бара нов тим. Неговиот агент Жорге Мендеш синоќа се сретнал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и најверојатно разговарале за можноста за некои трансфери, меѓу кои се шпекулира дека е разговарано и за можноста Роналдо да заигра во дресот на Каталонците.

„АС“ тврди дека, меѓу другото, се разговарало и за ситуацијата на Кристијано Роналдо. Сепак, она што било примарно на состанокот се верува дека се потписите на Жил Кунде и на Бернардо Силва.

Дел од англиските медиуми шпекулираат дека Роналдо на крајот на летниот трансфер период ќе заврши во Челзи.


Манчестер Јунајтед го доведе првото летно засилување

Екипата на Манчестер Јунајтед го доведе првото засилување во ерата на новиот тренер Тен Хаг. Нов играч на тимот од Олд Трафорд е левиот бек Тајрел Маласија кој потпиша договор до 2026 година. Маласија доаѓа од Феенорд каде одигра 136 натпревари.

„Одлично е чувството да се биде играч на Манчестер Јунајтед. Ова за мене е нов предизвик, нов тим и ново првенство. Го познавам  тренерот Тен Хаг од холандскиот шампионат, и убеден сум дека ќе имам шанса за докажување во екипата“, изјави Маласија.


Премиерлигашки фудбалер уапсен заради силување

Познат фудбалер од Премиер лигата денес бил уапсен и за него полицијата покренала истрага, пренесува „Телеграф“.

Весникот го откри идентитетот на фудбалерот, но откри дека е интернационалец, има приближно 30 години и се очекува да игра за својата земја на претстојното Светско првенство во Катар.

Апсењето се случило во лондонската населба Барнет.

За него има обвинение од 20-годишна жена дека тој во јуни сексуално ја злоупотребил. Од полицијата потврдија дека во мометов фудбалерот е во полициска станица и се вршат испитувања за случајот.


Ричарлисон го пропушта почетокот на новата сезона поради казна за чадна бомба

Новиот фудбалер на Тотенхем, Ричарлисон, е суспендиран на еден натпревар поради тоа што минатата сезона додека играше за Евертон, при прослава на даден гол тој зеде чадна бомба од теренот и ја фрли кон трибината.

Фудбалскиот сојуз на Англија соопшти дека Ричарлисон ја прифатил казната за недолично однесување, доби суспензија на еден натпревар и парична казна од 25 илјади фунти.

Бразилецот поради казната ќе го пропушти дуелот во Лондон против екипата на Саутемптон кој се игра на 6.август.


Кристоф Галтие е нов тренер на Париз Сен Жермен

Францускиот тренер Кристоф Галтие и официјално е назначен за нов тренер на Париз Сен Жермен.

55-годишниот Галтие со шампионот на Франција потпиша договор до јуни 2024 година, меѓутоа финансиските детали не се соопштуваат. Тој на клупата на ПСЖ ќе со наследи Маурицио Почетино кој доби отказ од клубот после само 18 месеци.

Галтие минатата сезона ја водеше екипата на Ница, а претходно беше тренер на Лил и Сент Етјен. Со тимот на Лил беше шампион на Лига 1 во сезоната 2022/2021.


Халанд во 2024 година се сели во Реал?

Шпанските медиуми пренесуваат дека челниците на Реал Мадрид планираат во 2024 година да го ангажираат фудбалерот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд.

Халанд неодамна направи трансфер од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити за 60 милиони евра, и потпиша договор до јуни 2027 година.

Според информациите, Халанд во договорот со Сити има клаузула според која тој може да ја напушти екипата од Манчестер во 2024. година со обештетување од 150 милиони евра.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Реал Мадрид ќе проба да го доведе норвешкиот фудбалер со активирање на клаузулата во договорот.


Чикаго е новиот клуб на Словенецот Горан Драгиќ

Словенечкиот кошаркарски ветеран Горан Драгиќ се согласил на едногодишен договор со Чикаго Булс, тврди НБА инсајдерот Џордан Шулц.

Минатата сезона 36-годишниот Словенец настапуваше за Бруклин со просек од 7,3 поени, 4,8 асистенции и 3,2 скока по натпревар. Драгиќ има 15 сезони и 948 натпревари во НБА со Феникс Санс, Хјустон Рокетс, Мајами Хит, Торонто Репторс и Бруклин Нетс. Словенецот во 2014 година беше прогласен и за најпрогресивен играч во НБА.

Претходно беше објавено дека Далас Маверикс размислат за постигнување договор со Драгиќ, но до оваа соработка не дојде.