feature

Наполи му нуди нов договор на тренерот Спалети

Од италијанскиот фудбалски клуб Наполи најавуваат дека се подготвени да му понудат нов договор на тренерот Лучијано Спалети.

Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис е задоволен од прогресот на екипата под раководство на Спалети, и како поддршка во неговата идна работа, клубот сака да го задржи тренерот со понуда за нов договор.

Актуелниот договор на 63 годишниот стратег е со важност до крајот на сезоната, но со сигурност челниците на Наполи сакаат долгорочна соработка со Спалети кој би останал во клубот и наредните сезони.


Лопетеги е нов тренер на Вулверхемптон

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон објави дека за нов тренер на екипата го назначи Јулен Лопетеги.

Шпанскиот стручњак на клупата на Волвс ќе седне на 14.ноември, но поради репрезентативната пауза за СП во Катар, негов прв натпревар ќе биде гостувањето со Евертон на 26.декември.

Лопетеги доби отказ од Севиља во октомври после поразот од Борусија Дортмунд во ЛШ. Негов најголем успех со Севиља каде остана тренер три сезони, беше трофејот во Лига Европа 2020.година.


Горица му даде отказ на Игор Ангеловски

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, не е повеќе тренер на хрватскиот прволигаш Горица.

Ангеловски доби отказ од клубот после последниот пораз од Истра со 1:0, со што беше продолжена низата на лоши резултати на Горица. Ангеловски кој беше тренер на хрватскиот клуб неполни три месеци, на 10 натпревари освои само два бода, и го остава клубот во битка за опстанок во лигата.


Ѓоковиќ руши рекорди на Мастерс турнирите

Српскиот тениски великан, Новак Ѓоковиќ, по победата над Карен Хачанов во третото коло на Мастерсот во Париз, стигна до своето 90-то четвртфинале на некој од Мастер АТП турнирите. Според овој показател, Ѓоковиќ е само втор по 22-кратниот носител на Грен Слем титули, Рафаел Надал, кој досега има 99 настапи во четврфинале на Мастерсите.

Во Париз во четвртфиналните дуели не очекуваат интересни пресметки: Карлос Алкарас (Шпанија) против Холгер Руне (Данска), Френсис Тиафо (САД) против Феликс Ожер-Алиасим (Канада), Новак Ѓоковиќ (Србија) ќе игра со Лоренцо Мусети (Италија), додека Стефанос Циципас (Грција) ќе се соочи со Томи Пол (САД).


Ивица Обрван не е повеќе тренер на ППД Загреб

Тренерот на ракометниот клуб ППД Загреб, Ивица Обрван, доби отказ од позицијата, соопшуваат од хрватскиот шампион.

Обрван кој е поранешен македонски селектор, отказот го добива после 18 месеци поминати на клупата на екипата од Загреб, која во иднина ќе ја водат помошните тренери Тончи Валчиќ и Денис Шпољариќ.

Обрван забележа слаби резултати со тимот во овогодинешната Лига на шампионите каде ППД Загреб го зазема седмото место во групата А.


Халанд верува во голем Мундијал за сенегалската репрезентација

Светското првенство во Катар е се поблиску па така и возбудата расте од ден во ден, интересна прогноза за Мундијалот сега даде Норвежанецот, Ерлинг Халанд.

Халанд беше запрашан за својот фаворит во Катар, а неговата изјава е и тоа како големо изненадување.

„Сенегал е најдобрата репрезентација во Африка, имаат одличен тим со фантастични играчи. Нема да биде изненадување ако одат до крајот. За мене тие се фаворити“, изјави напаѓачот на Манчестер Сити.

Останува да видиме како ќе помине оваа изненадувачка прогноза на Халанд. Светското првенство стартува на 19 ноември, а Халанд ќе потсетиме нема да настапи затоа што Норвешка не успеа да се пласира.


Неверојатно густ календар за „ѓаволите“ во јануари 2023 година

Во пролетниот дел од сезоната славниот англиски клуб, Манчестер Јунајтед ќе има исклучително тежок распоред на натпревари поради обврските на неколку фронта. Како што објави англиските медиуми, Манчестер Ј. ќе мора да ги „стиска“ натпреварите во календарот, затоа што има премалку простор за нормално одигрување на сите натпревари.

Во периодот од 10 јануари до 16 мај, Манчестер Јунајтед би можел да одигра дури 17 натпревари, не сметајќи ги оние кои сигурно ќе ги одигра во Премиер лигата. На тој список има натпревари во Лигата на Европа, ФА Купот, Карабао купот, како и датуми за евентуални повторени средби во тоа натпреварување.


Познати номинациите на Глоуб Сокер за најдобри во 2022 година

Познати се конечните десет претенденти за титулата најдобар фудбалер во 2022 година односно Глоуб Сокер наградите. Имињата на номинираните се објавени на официјалната веб-страница на настанот.

Најдобар играч 2022: Мохамед Салах, Луис Дијаз (двајцата Ливерпул), Карим Бензема, Тибо Куртоа (двајцата Реал Мадрид), Килијан Мбапе, Лионел Меси (двајцата ПСЖ), Роберт Левандовски (Барселона), Садио Мане (Баерн Минхен), Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити).

Меѓу номинираните за менаџер на годината се: Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Ренато Гаучо (Гремио), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Јирген Клоп (Ливерпул), Жозе Мурињо (Рома), Стефано Пиоли (Милан), Абел Фереира (Палмеирас).


Реал Мадрид ќе му понуди продолжување на договорите на Модриќ и Крос

Водечките луѓе на Реал Мадрид се подготвени да му понудат продолжување на договорите на фудбалерите Лука Модриќ и Тони Крос.

Модриќ има актуелен договор со Реал до крајот на сезоната, а сега челниците на клубот се подготвени на едногодишно продолжување на истиот.

Двата фудбалери се блиску до одлука за останување во клубот, а оптимисти се и претставниците на Реал Мадрид.


Распродажба на фудбалери во Атлетико Мадрид

Според написите во шпанските медиуми, челниците на Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок планираат продажба на најмалку пет фудбалери и тоа Жоао Феликс, Јаник Караско, Родриго де Пол, Томас Лемар и Марио Ермосо.

Најскап фудбалер од наведените е 22-годишниот Португалец, Жоао Феликс, кој во Атлетико стигна како огромно засилување од Бенфика во 2019 за 127 милиони евра. Според информациите тој ќе биде прв на трансфер листата бидејќи постои голем интерес од страна на некои европски гиганти.

Атлетико Мадрид го заврши учеството во Лигата на шампионите оваа сезона на последното место на табелата од групата Б со пет бода.