feature

Реал се распрашува за Хјун Мин Сон

Ѕвездата на Тотенхем и најдобар стрелец во Премиер лигата за минатата сезона, Хјун Мин Сон е во трансферниот список на Реал Мадрид.

Јужнокореецот минатата сезона постигна 23 гола во Премиер лигата, а веќе сериозно размислува за следниот чекор во кариерата.

Сон има договор со Тотенхем до 2025 година, но на крајот на сезоната сака да ја промени средината и да се пресели во клуб со поголеми амбиции.

Реал е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Бензема, а Анчелоти е голем симпатизер на неговата игра.


Влаховиќ повреден непосредно пред Мундијалот во Катар

Јувентус загуби од Бенфика со 4-3 и така ги загуби шансите за продолжување во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Изненадување беше кога во овој натпревар во 70. минута од натпреварот тренерот Масимилијано Алегри одлучи да го замени Душан Влаховиќ.

Меѓутоа после натпреварот пристигнуваат информации дека српскиот голгетер се здобил со повреда. Наводно, Влаховиќ почувствувал болка во бутот и дополнителните медицински прегледи ќе покажат за каква повреда станува збор.

Ова секако го вклучи алармот и во редовите на репрезентацијата на Србија која се подготвува за Мундијалот во Катар кој стартува за помалку од еден месец (20 ноември).


Зинедин Зидан најавува враќање на тренерската работа

Легендарниот поранешен француски фудбалер и тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во изјава за радиото Монте Карло, најави дека за брзо ќе се врати на тренерската работа.

Се шпекулира дека Зидан ќе ја преземе селекторската позиција во француската репрезентација, откако Дидие Дешамп ќе ја напушти истата после одржувањето на Светското првенство во Катар.

Како втора тренерска опција за Зидан се споменува Јувентус, каде би пристигнал како замена за Масимилијано Алегри, доколку Италијанецот добие отказ од клубот. Зидан беше играч на Јуве од 1996. до 2001. година.


Арсенал со понуда за Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Арсенал кој е водечки тим на табелата во Премиер лигата, посакува задржување на формата и во наредниот период, па така тренерот Артета е заинтересиран за фудбалски засилувања кои ќе му помогнат на тимот во освојување на шампионската титула.

Микел Артета наводно побарал од челниците на Арсенал да го доведат фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Според некои информации од италијанските медиуми, веќе започнале преговорите помеѓу двата клуба, и Арсенал ја доставил првата понуда која била во износ од 55 милиони евра, плус играчот Самби Локонга. 

Очекувањата се дека оваа понуда ќе биде одбиена од претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој очекува далеку повисока понуда за Србинот. Медиумите пренесуваат дека ова е само прва понуда и дека истата со сигурност ќе биде зголемена во наредниот период.


Наполи со најдобар старт уште од „времето“ на Марадона

Фудбалскиот клуб Наполи во моментов е на водечката позиција од табелата во Серија А. Клубот од Неапол во првите 11 првенствени кола нема забележано ниту еден пораз, а оствари девет победи и два нерешени резултати.

Со овај скор моменталната екипа на Наполи, го израмни клупскиот рекорд кој го постави генерацијата од сезоната 1986/87, која беше предводена од славниот Диего Армандо Марадона. На крајот од таа сезона, Наполи го освои Скудетото и првата дупла круна бидејќи го освои и Купот на Италија.

Наполи игра одлично и во Лигата на шампионите, каде во првите четири кола има четири победи, во група со Ливерпул, Ајакс и Глазгов Ренџерс.


Кике Сетијен е нов тренер на Виљареал

Фудбалскиот клуб Виљареал потврди дека за нов тренер на екипата е назначен Кике Сетијен.

Како што веќе беше најавено во понеделникот, после заминувањето на Унаи Емери во Астон Вила, Виљареал објави дека негов наследник ќе биде Кике Сетијен. Шпанскиот тренер потпиша договор со клубот до летото 2024.година, а претходно беше тренер на Барселона, Бетис, Лас Палмас, Луго.

Сетијен беше без тренерски ангажман од отказот кој го доби од Барселона во август 2020.година.


Роналдо се врати на тренинзите со првиот тим на Манчестер Јунајтед

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо се врати на тренинзите со првиот тим на Манчестер Јунајтед, после суспензијата и исфрлањето од првиот тим за дуелот со Челзи кој заврши 1:1.

Роналдо беше казнет од клубот поради одбивањето да влезе како резерва на натпреварот со Тотенхем, после што тој самоволно ја напушти клупата за резервни играчи и си замина кон соблекувалните пред крајот на натпреварот.

Како што е објавено, Роналдо имал состанок со тренерот Ерик Тен Хаг, на кој било разговарано за натамошната соработка и неговата улога во тимот.


Ларс Валтер: Не можеме да бидеме горди на она што го одигравме

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер загуби на домашен терен од данскиот Архус со 30:27, и со пораз ја започна новата сезона во ракометната Лига на Европа.

Стратегот на битолчани, Ларс Валтер, на прес-конференцијата после дуелот изјави дека неговите играчи со своите грешки им дозволиле премногу голови на противниците.

„Можеме да бидеме задоволни од почетокот на натпреварот. Но одигравме доста лошо кон крајот на првото полувреме, кога противникот направи серија од 9-2. Го загубивме ритамот и започнавме да се потпираме на индивидуалните квалитети. Имавме многу грешки, и противникот не казни преку голови од контранапади. Им дозволивме премногу голови. Не можеме да бидеме горди на она што го одигравме денес и тоа ќе мора да го промениме“, изјави Валтер.

Нареден натпревар на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа ќе биде на гостувањето во Португалија со екипата на Агуаш Санташ.


Варди руши рекорди, раситна сто гола во Премиер лигата

Џејми Варди постигна гол во 79. минута од средбата на премиерлигашкиот натпревар со Вулверхемптон (4-0). Така, напаѓачот стана првиот играч кој успеал да постигне 100 гола во Премиер лигата откако наполнил 30 години. Ова го соопшти прес-службата на Премиер лигата.

Џејми Варди, пред да се пресели во Лестер Сити во 2012 година, играше за клубови од различни дивизии на Англија.

Лестер, кои играа во Чемпионшип во 2012 година, платија 1 милион фунти за напаѓачот – рекордна сума за играч од пониските дивизии во тоа време.

Откако се приклучи, Варди одигра 345 настапи за Лестер во сите натпреварувања, постигнувајќи 154 гола. Во сезоната 2015/2016, Лестер Сити сензационално ја освоија Премиер лигата, покрај тоа, тимот успеа да ги освои ФА Купот и Суперкупот во 2021 година.


Надал потврди дека ќе игра во Париз и Торино

Рафаел Надал напорно тренира за неговото враќање на мастерс турнирот во Париз, а потоа и за завршниот мастерс кој ќе се одржува во Торино. Оваа вест ја потврди тренерот на Надал, Карлос Моја.

Надал во моментот се наоѓа на втората позиција од АТП листата, зад сонародникот и прв тенисер на светот, Карлос Алказар. Освојувачот на 22 гренд слем титули својот последен официјален натпревар го имаше во осминафиналето од УС Опен каде беше поразен од Френсис Тијафо.

Рафаел Надал во меѓувреме стана татко, а настапи и на Лејвер купот, каде играше во пар со Роџер Федерер кој се простуваше од играњето тенис.

Надал во 2022 година ги освои Ролан Гарос и Австралија Oпен.