feature

Де Лаурентис: Осимен и Кварацхелија остануваат во Наполи

Медиумите од Италија пренесуваат дека претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио де Лаурентис изјави оти нема намера да ги продава двајцата најдобри фудбалери во екипата, Виктор Осимен и Квича Кварацхелија.

„Добар сум во склучување на договори со фудбалерите, па кога ќе пристигнат во Наполи не е тешко да ги задржиш во клубот. Меѓутоа некогаш постојат понуди кои едноставно не можат да се одбијат. Што се однесува до мене двајцата фудбалери ќе ги гледаме уште долго во нашиот клуб“, изјави Де Лаурентис.

Наполи е убедлив во Серија А и го зазема првото место на табелата со 62 бода, 15 повеќе од второпласираниот Интер. Својата последна титула во италијанскиот шампионат Наполи ја освои во 1990.година.


Мурињо се враќа на „Сан Сиро“ по 13 години?

Италијанската „Република“ денес објави ексклузивна информација за потенцијално враќање на Жозе Мурињо на „Џузепе Меаца“. Наводно управата на „нероаѕурите“ не е задоволна од Симоне Изнаги кој не успеал да ги убеди дека е вистинска замена за Антонио Конте.

По освоеното скудето со Конте, Интер ја препушти титулата на Милан, а сега најверојатно ќе ја освои Наполи и во Интер сметаат дека е време за промени.

Мурињо се споменува како опција затоа што Италијанците сметаат дека неговата иднина во Рома е неизвесна. Португалецот никогаш не ја криел својата љубов кон Интер и секогаш со многу емоции зборуваше за времето во Милан.

Со Интер Мурињо во таа 2010 година со Горан Пандев во составот освои „триплета“ – Лига на шампиони, Скудето, Копа Италија. Сега ситуацијата во клубот е поинаква и ако се врати ќе мора сериозно да се потруди да го врати овој тим во врвот на европскиот фудбал.


Јувентус без Киеза, Погба и Милик на реваншот со Нант

Екипата на Јувентус ќе настапи во ослабен состав на реванш дуелот од Лига Европа против францускиот Нант.

Федерико Киеза и Пол Погба поради повреда не отпатуваа во Франција со остатокот од тимот. Киеза има проблеми со мускулот, а Погба не е потполно опоравен после операцијата на коленото. Покрај овие двајца, кај „бјанконерите“ ќе отсуствува и Аркадиуш Милик кој има повреда на бутниот мускул.

Во првиот натпревар кој се одигра во Торино, Јувентус и Нант одиграа нерешено 1:1.


Нејмар не сака да си замине од Париз

Француските медиуми веќе подолго време пишуваат дека ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар на крајот на сезоната.

„Паризиен“ откри дека ПСЖ веќе започнал преговори со Челзи и е спремен значително да ја намали отштетата само да се ослободи од Бразилецот. Нејмар има цврст договор со парижаните до 2027 година и нема намера да си замине од Париз.

Желбата на Нејмар не зависи од тоа дали Лионел Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ и тој воопшто не размислува за промена на клубот.

Раководството смета дека Нејмар ја нарушува атмосферата во соблекувалната и ќе направи се за да се ослободи од него.


Тотенхем го сака Андре Онана од Интер

Луѓето од Тотенхем соочени со серијата на грешки на голманот Уго Лорис, планираат во догледно време да пронајдат негова замена.

Затоа популарните „спарси“, наводно ќе се насочат кон голманот на Интер, Андре Онана. Италијанскиот тим се соочува со големи финансиски проблеми и нема да биде изненадување ако во текот на летото се ослободи од дел од фудбалерите. 

Интернационалецот од Камерун пред да се пресели во Италија бранеше за Барселона и за Ајакс.


Весбрук си го откупи договорот за да премине во Клиперси

Расел Вестбрук планира да потпише договор со Лос Анџелес клиперс, објави познатиот новинар на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски.

Јута Џез го доби Вестбрук од Лос Анџелес Лејкерс при трејдот, но искусниот кошаркар ќе го откупи договорот и ќе се пресели во Клиперс.

Вестбрук оваа сезона во просек постигнуваше по 15,9 поени, 7,5 асистенции за 28,7 минути поминати на паркетот, но тоа не беше доволно за Лејкерс.

Пред да се приклучи на Лејкерс, Вестбрук играше за Оклахома сити, Хјустон и Вашингтон.


Себаљос од јуни се сели во Баерн Минхен

Баерн Минхен е силно заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, пренесуваат шпанските медиуми.

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и на лето ќе си замине од клубот како слободен агент. Себаљос во последно време добива шанса кај Анчелоти и покажа дека е играч со голем квалитет, но на лето сака да ја промени средината.

Најсилен интерес за него покажува Баерн Минхен, кој бара засилување за средниот ред и во Шпанецот гледа одлична можност.

Баварците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Себаљос и ќе започнат преговори за да ја победат конкуренцијата од италијанските клубови.


МекМилан доби отказ од кормилото на Атланта

Нејт МекМилан нема повеќе да го предводи составот на Атланта Хокс, објави тимот од Џорџија.

Поранешниот клуб на Перо Антиќ реши да ја искористи оваа мала пауза во НБА лигата, односно да преземе конретен чекор и се раздели со тренерот кој ја извршуваше оваа функција од 2020 година. „Јастребите“ во актуелнава кампања имаат учинок 29-30 (победи/порази) и се осми на Истокот што дефинитивно не е резултат кој ги задоволува главните луѓе во Атланта поради што е отпуштен 58-годишниот Мекмилан.

„Одлуките како овие, особено во текот на сезоната, секогаш се исклучително тешки, но веруваме дека е во најдобар интерес на нашиот тим да оди напред со друг глас што ќе го води патот,“, порача генералниот менаџер Лендри Филдс.

Привремено решение ќе биде Џо Прунти. Според „ЕСПН“ новиот тренер на Атланта ќе се бара меѓу Квин Снајдер, Кени Еткинсон и Чарлс Ли.


Интер нема да го откупи Лукаку на крајот од сезоната

Интер планира на крајот на сезоната да се раздели со Ромелу Лукаку и веќе му нашол замена на Белгиецот, пренесува „Калчомеркато“.

Лукаку е на позајмица од Челзи, но Белгиецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, па Интер планира да се раздели со него на лето. Како замена „нероаѕурите“ работат на трансферот на 25-годишниот напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам. Французинот на лето ќе биде слободен агент и може да пристигне без обештетување, а Интер сака да ја победи конкуренцијата.

Интер спремил петгодишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона и е во пол-позиција за неговиот потпис.


Хендерсон: Реал ја казни секоја наша глупост

Капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон беше многу разочаран по поразот со 2-5 од Реал Мадрид во првото осминафинале од Лигата на шампионите на „Енфилд“. Тој смета дека неговата екипа направила премногу грешки, од кои секоја беше казнета од противникот.

„Тешко е да се направи проценка веднаш по натпреварот. Големи периоди во првото полувреме игравме добро и не беше фер што резултатот беше израмнет на полувремето. Направивме премногу грешки и Реал казнуваше секоја од нив. Во многу моменти решавачка беше нивната класа. На почетокот имавме предност и создадовме добри шанси. На 2-0 имавме шанса и тоа на самата гол линијата. Ако влезеше топката во гол ќе беше сосема друго, вториот гол беше по грешка, но по треттиот гол ја испуштивме играта“, изјави Хендерсон.

„Реваншот е за неколку недели. Мораме брзо да се опоравиме од овој пораз. Пред тоа имаме натпревари во Премиер лигата на кои треба да се фокусираме“, додаде играчот од средниот ред.