feature

Диого Жота поради повреда го пропушта Светското првенство

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја извести јавноста дека португалскиот фудбалер Диого Жота поради повреда ќе го пропушти претстојното Светско првенство во Катар.

Жота се повреди на дерби натпреварот против екипата на Манчестер Сити кој Ливерпул на Енфилд го доби со резултат 1:0.

Тренерот Клоп не прецизира колку долго Жота ќе мора да паузира од играње фудбал, но потенцира дека се работи за период од неколку месеци.

Жота се очекуваше да биде стандарден член во португалската репрезентација која на Мундијалот во Катар ќе настапува во група со Гана, Јужна Кореја и Уругвај.


ПСЖ и Манчестер Јунајтед тргнуваат по Лаутаро од Интер

Според пишувањата во италијанската Газета дело Спорт, напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е трансфер желба на Париз Сен Жермен и Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок.

Двата клуба наводно веќе оствариле контакт со 25-годишниот Аргентинец, чиј договор со Интер важи до 2026 година. Според информациите од Газета, Лаутаро првично изразил желба да остане во Интер, но треба да се почека како ќе се одвиваат понатамошните разговори.

ПСЖ сака преку Мартинез кој е добар пријател со Меси да го убеди да остане во клубот од Париз, додека на Манчестер Јунајтед му е неопходен нов напаѓач бидејќи очигледно тренерот Тен Хаг не смета сериозно на Кристијано Роналдо.


Милан посакува напаѓач од Блекбурн

Паоло Малдини добил задача во јануари да се обиде да го доведе фудбалерот на Блекбурн, Бен Берететон Диаз. Одличниот напаѓач сезонава игра добар фудбал, а има само 23 години.

Во Милан се свесни дека полека треба да го менуваат напаѓачкиот тандем затоа што и Жиру и Ибрахимовиќ се во залезот на кариерата. Минатата сезона во Чемпионшип Диаз постигна 22 гола и подели три асистенции.

Со добро темпо продолжи и оваа и досега има седум голови на 15 натпревари. Очигледно станува збор за одличен голгетер кој би можел да биде одличен тандем со Рафаел Леао.


Меси: Бразил и Франција се главни фаворити на СП во Катар

Фудбалерот на Париз Сен Жермен и капитен на Аргентина Лионел Меси, изјави дека Бразил и Франција се најголеми фаворити за освојување на титулата на Мундијалот во Катар.

Меси избегна да ја смести и својата Аргентина во кругот на фаворити на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи од 20.ноември до 18.декември оваа година.

Аргентина на СП ќе настапи во групата Ц заедно со Саудиска Арабија, Мексико и Полска. Бранител на светската титула е селекцијата на Франција.


Катар ќе биде домаќин на Азискиот фудбалски Куп

Азиската фудбалска конфедерација потврди дека Катар ќе биде домаќин на Азискиот Куп 2023 година. Покрај Катар, во комбинација за домаќини беа уште и Јужна Кореја и Индонезија.

Исто како што е случајот со Светското првенство, и Азискиот куп во Катар наместо на лето ќе се одржи на зима.

Тоа ќе претставува проблем за клубовите кои имаат азисики фудбалери бидејќи во сред сезона ќе треба да ги пуштат да играат за своите репрезентации.


Конте е убеден дека Ричарлисон ќе игра на Мундијалот во Катар

Тренерот на Тотенхем Антонио Конте во изјава за медиумите тврди дека фудбалерот Ричарлисон ќе игра за бразилската репрезентација на СП во Катар и покрај повредата која ја заработи на натпреварот со Евертон .

Конте потврдува дека Бразилецот нема да биде во составот на Тотенхем за натпреварот од 12.коло на Премиер лигата со Манчестер Јунајтед.

Бразил на СП во Катар ќе настапува во групата Ц, заедно со Србија, Швајцарија и Камерун.


Диало го продолжи договорот со Њукасл Јунајтед

Крилниот напаѓач Амаду Диало потпиша договор со Њукасл јунајтед, објавено е на официјалниот сајт на клубот.     

Договорот со 19-годишниот Англичанец е со важност до крајот на сезоната 2022/23. Дијало се приклучи на академијата на тимот и веќе забележа еден настап во Премиер лигата. Младинските категории Дијало ги мина во Вест Хем. 

Во летото 2022 година, тој го напушти лондонскиот клуб како слободен агент.


Нов проблем за Јувентус – Се повреди дефанзивецот Бремер

Одбранбениот фудбалер на Јувентус, Глеисон Бремер, поради повреда ќе биде надвор од фудбалските терени најмалку 20 дена.

Бразилецот својата повреда ја заработи на натпреварот против градскиот ривал Торино, на кој бјанконерите славеа со 1:0.

25-годишниот Бремер е член на Јувентус од јули оваа година, кога пристигна од екипата на Торино. Досега за Јуве има одиграно 10 натпревари и постигна еден гол.


Баерн Минхен во наредниот период ќе настапува без Лерој Сане

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен  соопшти дека играчот Лерој Сане наредниот период ќе биде надвор од теренот поради заработената повреда на бутниот мускул.

Од Баерн наведуваат дека лекарските прегледи покажале дека Сане го скинал левиот бутен мускул за време на победата од 5:0 над Фрајбург.

Засега нема прецизни информации колкав период Сане ќе мора да паузира од настапи за минхенскиот клуб.


Златната топка заврши во рацете на Карим Бензема

Францускиот фудбалер Карим Бензема и официјално е добитник на Златната топка, награда која ја доделува Франс фудбал за најдобриот играч во светот.

Напаѓачот на Реал Мадрид сосема заслужено ја доби наградата после освојувањето на Лигата на шампионите и Ла Лига, при што постигна 44 гола од кои 14 во ЛШ.

Бензема е петтиот Французин кој го добил ова признание, прв после Зинедин Зидан во 1998.година.

Второто место според гласовите му припадна на Роберт Левандовски, а трет беше Садио Мане.

Наградата Копа за најдобар млад фудбалер му припадна на Пабло Гави од Барселона, а награда Лав Јашин за најдобар голман ја доби Куртоа од Реал Мадрид.

Најдобар голгетер и наградата Герд Милер му беше доделена на Роберт Левандовски. Фудбалерот Садио Мане го доби признанието Сократес за неговата хуманитарна работа, а најдобра фудбалерка втора година по ред е избрана Алексија Путељас од Барселона.

За најдобар фудбалски клуб е прогласен Манчестер Сити, пред Ливерпул и Реал Мадрид.