feature

Еспирито Санто повторно на клупата на Вулверхемптон?

Според пишувањата во некои англиски медиуми, поранешниот тренер на Вулверхемптон, Нуњо Еспирито Санто, би можел повторно да го преземе водењето на екипата после 17 месеци откако беше отпуштен од тренерската позиција во клубот.

После отказот на Бруно Лаж и пропаднатите преговори со фаворитот за тренерското место, шпанецот Хулен Лопетеги, челниците на Волвс размислуваат да му понудат нова шанса на Еспирито Санто, кој во моментот е тренер на клуб од Саудиска Арабија.

Вулверхемптон во новата сезона има освоено само шест бода и по се изгледа на клубот му треба брза одлука за назначување нов тренер.


Македонија оствари убедлива победа над Турција

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа во квалификациите за Европското првенство 2024. година, совладувајќи ја Турција на гости со резултат 36:27.

Со оваа победа Македонија е на чекор до обезбедување пласман на ЕП, и до крајот на квалификациите борбата ќе биде со Португалија за освојување на првото место во групата кое би значело и подобра позиција на жребот за одредување на групите.

Најдобар стрелец на средбата беше Талески со седум постигнати гола, а се истакнаа и голманите Митревски со седум и Томовски со шест одбрани.


На денешен ден “16 Октомври”

На денешен ден "16 Октомври"

На 16-ти Октомври 2002 година Англичанецот Дејвид Симан донесе повеќе критики за „чуварот на мрежата“ на Арсенал кога му дозволи на Mакедонскиот Артим Шакири да постигне гол директно од корнер.

Ремито 2-2 со Македонија во евроквалификацискиот натпревар на Сент Мери во Саутемптон се покажа како 75-ти и последен настап за Дејвид Симан за неговата земја.


Тенисерот Андреас Сепи најави крај на кариерата

Тенисерот Андреас Сепи најави крај на кариерата

Италијанскиот тенисер Андреас Сепи ја најави својата одлука да се повлече од играњето професионален тенис, и дека АТП турнирот во Наполи кој ќе се одржува идната недела ќе биде негов последен.

Сепи одлуката за крај на кариерата ја донел на УС Опен, кога на натпревар од турнирот осетил болка во рамото после само три одиграни гема. Тогаш му станало јасно дека неговото тело не може да ги издржи напорите за игра на највисоко ниво.

38-годишниот Сепи во својата кариера има освоено три трофеи, а најдобар пласман во кариерата му е 18.место на АТП листата во 2013.година.


Фоден го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2027.година

Фоден го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2027.година

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, го продолжи договорот за уште три години, и ќе остане во клубот до 2027.година.

Неговиот претходен договор со Сити беше со важност до 2024.година. Според информациите, англискиот репрезентативец со новиот договор ќе заработува 200 илјади фунти неделно.

22-годишниот Фоден дебитираше за првата екипа во ноември 2017.година и до сега има одиграно 182 натпревари и постигнати 52 гола.

Фоден има забележано и 18 натпревари во дресот на англиската репрезентација со постигнати два гола.


Александар Митровиќ се врати на тренинзите во Фулам

Александар Митровиќ се врати на тренинзите во Фулам

Тренерот на премиерлигашот Фулам, Марко Силва, ја потврди информацијата дека српскиот напаѓач Александар Митровиќ повторно тренира со остатокот од тимот после повредата од минатата недела.

Тренерот Силва изјави дека клубот ја прати ситуацијата со Митровиќ и дека ќе ја чекаат конечната одлука од лекарскиот тим после која ќе се знае дали тој ќе биде подготвен за игра овај викенд.

Митровиќ поради повредата го пропушти претходното коло во Премиер лигата.


Гвардиола: Ливерпул и понатаму ни е главен ривал за титулата

Гвардиола: Ливерпул и понатаму ни е главен ривал за титулата

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред одигрувањето на натпреварот од Премиер лигата против Ливерпул на Енфилд вели дека иако „црвените“ во моментот се десетти на табелата, тие остануваат главен ривал на Сити во битката за титулата.

„Од кога пристигнав во Премиер лигата, натпреварите со Ливерпул биле најтешки за мојот тим, секогаш сме или пред или зад нив на табелата. И дуелот што следува ќе биде тежок и не очекувам ништо помалку од тоа. Знам каков квалитет поседува Ливерпул, и сега не е битно која е нивната и нашата позиција на табелата“, изјави Гвардиола пред дерби натпреварот.


Заха од Кристал Палас следна голема желба на Мурињо во Рома

Заха од Кристал Палас следна голема желба на Мурињо во Рома

Мурињо е силно заинтересиран за ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха и сака да го донесе на „Олимпико“.

Заха сега влезе во последната година од договорот и инсистира да ја промени средината, па поради тоа не сака да го продолжи договорот. Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Рома без обештетување следното лето.

Мурињо верува дека Заха одлично ќе се вклопи во неговиот тим и ќе биде идеален партнер за Абрахам, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Волчицата“ сака да ја победи конкурецијата од англиските клубови и што побрзо да постигне договор со Заха.


Три бундеслигашки ѕвезди на пад кон „Стемфорд бриџ“

Челзи ова лето беше еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а новиот сопственик е спремен повторно да потроши многу пари на трансфер пазарот.

Англиските медиуми пишуваат дека Челзи е заинтересиран за четири фудбалери од Бундеслигата на кои Боели ќе потроши околу 300 милиони евра.

„Сините“ веќе го договорија трансферот на Кристофер Нкунку од Лајпциг за кого ќе платат 60 милиони евра.

Заедно со Нкунку во Челси треба да дојде и неговиот тимски колега и хрватски дефанзивец Јошко Гвардиол за 90 милиони евра.


Познати финалистите во изборот за „Златно момче“

Познати финалистите во изборот за „Златно момче“

Организаторите ги објавија имињата на 20-те финалисти кои оваа година ќе се борат за престижната награда „Златно момче“.

Наградата „Голден Бој“ се доделува на најдобрите фудбалери под 21 година во организација на италијанскиот спортски весник „Тутоспорт“.

Карим Адејеми (Борусија Дортмунд)

Антонио Силва (Бенфика)

Џуд Белингем (Борусија Дортмунд)

Едуардо Камавинга (Реал Мадрид)

Фабио Карваљо (Ливерпул)

Ансу Фати (Барселона)

Гави (Барселона)

Вилфред Њото (Лидс)

Рајан Гравенберх (Баерн Минхен)

Јошко Гвардиол (Лајпциг)

Фабио Мирети (Јувентус)

Џамал ​​Мусиала (Баерн Минхен)

Нико Гонзалез (Барселона, позајмица во Валенсија)

Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен)

Педри (Барселона)

Џорџо Скалвини (Аталанта)

Бенџамин Шешко (Салцбург)

Матијас Тел (Баерн Минхен)

Дестини Удоги (Тотенхем, позајмица во Удинезе)

Никола Залевски (Рома)