feature

Александар Митровиќ: Одиме во нови победи

Српскиот фудбалски репрезентативец, Александар Митровиќ, излезе со изјава дека играчите на Србија дале се од себе на натпреварот против Швајцарија во третото коло од групата Г на СП во Катар.

Србија не успеа да се пласира во осминафиналето од Мундијалот во Катар, откако беше поразена од Швајцарија со резултат 3:2, а во другиот натпревар од оваа група, Камерун успеа да го изненади Бразил и да го совлада со 1:0. Во нокаут фазата свое учество изборија Бразил и Швајцарија.

„Ова е тежок момент за сите нас. Незнам што би можел да кажам. Дадовме се од себе, својот максимум, но очигледно тоа не беше доволно. Швајцарија беше подобар тим во овој дуел и заслужено победи. Нема за што да жалиме, и сигурно дека оваа екипа нема да се откаже и ќе продолжи да гине за овај дрес. Ни треба време да се опоравиме и потоа одиме во нови победи“, изјави Митровиќ.


Реал се вклучи во трката за Леао, нуди огромни 90 милиони евра

Реал Мадрид се вклучил во трката за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао. Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Скаути на „кралевите“ долго време го следат Португалецот и веруваат дека тој ќе биде новата голема ѕвезда на европскиот фудбал.

Анчелоти верува дека Леао може да игра и како крилен, но и како централен напаѓач на местото на Бензема, па поради тоа сака да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.

Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра. Доколку Португалецот не стави потпис на нов договор ќе биде продаден на крајот на сезоната.


Мароканецот Амрабат најнова желба на Клоп во Ливерпул

Скаутите на Ливерпул внимателно ги следат натпреварите на Мундијалот, па медиумите тврдат дека пронашле зимско засилување за тимот. Имено, Клоп сака да го засили средниот ред во јануари, а му фрлил око на мароканецот Софијан Амрабат.

26-годишниот фудбалер на Фиорентина игра одлично на Мундијалот, а Клоп има потреба токму од таков профил на фудбалер.

Ливерпул нема многу алтернативи во средниот ред, па е во потрага по квалитетен играч за врска.

Амрабат има договор со Фиорентина до јуни 2024 година, а за неговата слобода клубот бара 20 милиони евра.


Кеси сега се нуди во Интер, можно враќање на Африканецот во Италија

Италијанските медиуми пренесуваат дека Франк Кеси може да се врати во Серија А и тоа во големиот ривал на Милан. Кеси ова лето го напушти Милан како слободен агент, но не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Неговиот агент најпрво имал средба со Малдини, но Милан категорично ја затворил вратата за негово враќање на „Сан Сиро“.

„Калчомеркато“ пренесува дека Кеси потоа му се понудил на Интер, кој е заинтересиран да го донесе во своите редови.

Меѓутоа, под два важни услови. Кеси да пристигне на позајмица, а Барселона да плаќа дел од неговата плата која изнесува 6,5 милиони евра по сезона.


Јуве пак мора пред суд заради финансиски нелогичности

Градското обвинителство на Торино подготвило досие за судењето на поранешниот претседател на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус Андреа Ањели, како и на други колеги од раководството, пренесува агенцијата АНСА. Вкупно, истрагата за финансиски неправилности и прекршоци во Јуве ќе опфати 11 лица.

Сите тие се под сомнение за прекршување на финансиското управување на најуспешниот италијански клуб. Поточно, истрагата е за фалсификувани документи за трансфери на пари, измама и зголемени суми за купување играчи, вклучувајќи го и потпишувањето на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, кој играше за Јувентус од 2018 до 2021 година.

Но, тоа не е се, раководството на клубот може да биде обвинето за ширење лажни информации за финансиската состојба на гигантот од Торино, манипулирање на пазарот, давање лажни пријави за приходи за непостоечка активност, попречување на ревизорската контрола и ограничување на влезот на даночните службеници. Од клубот овие обвинувања ги дефинира како неосновани.


Дешамп: Не смееме да ја потцениме Полска

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, изјавува дека неговите фудбалери не смеат да ја потценат селекцијата на Полска, со која актуелните светски прваци ќе се сретнат во осминафиналето од СП во Катар.

„Полска е тим со кој немаме навика да играме. Имаат искусни играчи, а ќе го издвојам Роберт Левандовски кој е еден од најдобрите напаѓачи во светот“, изјави Дешамп на прес-конференцијата пред натпреварот.

Дешамп додаде дека полската екипа има добра организација и чврст став и дека е тим кој никако не смее да се потцени.

Осминафиналниот натпревар помеѓу Франција и Полска се игра во недела од 16.00 часот.


Томас Милер замина во репрезентативна пензија

После 122 натпревари за Германија и 44 постигнати гола Томас Милер најави пензија од репрезентацијата после вчерашната елиминација на Германија во групната фаза. Германија ја победи Костарика, но Јапонија славеше над Шпанија и така заврши турнирот за Германците. По натпреварот Милер најави повлекување од репрезентацијата.

„Ако ова беше мојот последен натпревар, ми беше посебна чест и задоволство. Се што направив, беше со срце и љубов за овој дрес. Поминав неверојатни моменти, го оставив срцето на терен“, изјави Милер.

Во кариерата во репрезентацијата Милер во 2014 година стана светски шампион со Германија.


Швајнштајгер критичен кон германските фудбалери

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Германија, Бастијан Швајнштајгер, вели дека играчите се виновни за елиминацијата од Светското првенство во Катар.

„Одговорноста е на играчите. Навистина сум разочаран и шокиран. Ја немаше посакуваната борбеност и активност. Разочарувачки за сите нас“, изјави Швајнштајгер.


Дани Алвес станува највозрасниот капитен на Бразил на Светските првенства

Ветеранот во селекцијата на Бразил, Дани Алвес, ќе стане највозрасниот капитен во историјата на оваа репрезентација на Светските првенства, откако селекторот Тите, одлучи да го вклучи во тимот за дуелот со Камерун.

39-годишниот Алвес, се опорави од повредата пред СП, и ќе ја добие честа да ја носи капитенската лента на натпреварот со Камерун. Доколку Бразил избегне пораз на оваа средба, тогаш ќе го заземе првото место во групата Г, после победите над Швајцарија и Србија.

Алвес во изјава пред мечот вели дека во 16 години колку што е член на селекцијата секогаш го давал својот максимум и дека животот ги наградува оние кои го прават тоа што го сакаат.


Луис Енрике: Нема многу причини за славење

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, не можеше да објасни што се случи со неговиот тим во второто полувреме од натпреварот со Јапонија, во последниот натпревар од групата Е на СП во Катар.

Шпанија на овај дуел беше поразена од Јапонија со 2:1, иако на полувреме имаше водство од 1:0. Шпанија на крајот го освои второто место во групата и обезбеди пласман во осминафиналето каде ќе игра против Мароко. 

„Во пет минути изгубивме целосна контрола на секој дел од теренот. Влеговме во паника. Не можев да го препознаам мојот тим во тие  моменти. Се пласиравме во осминафиналето на СП, но нема друга причина поради која треба да славиме. Ја исполнивме нашата цел и тоа е најбитно“, изјави Енрике.