feature

Милевски: Ни следи уште многу работи, уште ништо не сме направиле

Боби Милевски е нормален. Секој ден е добро да се биде Боби Милевски. Притисок ко притисок секогаш ќе постои, но мислата е тука и присутна, изјави селекторот Боби Милевски по пристигнувањето на скопскиот аеродром, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, фер и коректно е да се надевате на победа против секој.

„Ова е мотив плус и да продолжиме на вистинскиот пат. Не направивме ништо специјално, не чека уште работа. Клучни се сите 11 играчи и плус тие 4 што влегоа. Секоја чест на сите. Искрено не обрнувам многу внимание на нивните изјави“, вели Милевски за големата победа над Италија.

Тој потенцира дека добро е за тимот што се враќаат Тихо Костадинов и Елиф Елмас.

„Тие се дел од тимот и позитивно е за нас што ќе бидат со нас против Португалија. Момците се тие кои се главни на терен. Созреани се и уживам во секој момент со нив. Да не бидеме арогантни, ние сме мала држава и мала репрезетанција. Имаме цели да се приближиме и сме на вистинскиот пат“, додаде селекторот Милевски.


Конте го засилува Тотенхем со Стефан де Фрај

„Фудбал Италија“ објавува дека Тотенхем сака да го ангажира дефанзивецот на Интер, Стефан де Фрај.

Доведувањето на Холанѓанецот е приоритет на тренерот Антонио Конте.

Договорот на дефанзивецот со Интер истекува во јуни 2023, и клубот од Милано нема намера да го продолжи истиот.

Антонио Конте во периодот кога беше тренер на Интер, изгради добри односи со 30-годишниот дефанзивец.

Сезонава, Де Фрај за Нероаѕурите запиша 31 натпревар и постигна 1 гол.


Чави посакува средба со Килијан Мбапе

Францускиот весник „Л`Екип“, открива дека Барселона ќе направи обид да го убеди Килијан Мбапе да се пресели на Камп Ноу.

Најголемиот ривал на Барса, Реал Мадрид важи за фаворит во трката за потписот со голгетерот на ПСЖ. Според најновите информации челниците на каталонскиот клуб сакаат да ги засилат активностите за можен ангажман на Французинот, и најавија средба меѓу Мбапе и тренерот Чави Ернандез со цел да му се претстави новиот клупски проект.

Барса неодамна договори заем од 595 милиони евра и обезбеди 70 милиони евра годишно од рекламен договор со Spotify, па може да обезбеди доволно средства за платата на Мбапе.


Пол Погба нема против да заигра за Париз Сен Жермен

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, навести дека е подготвен да направи трансфер во  екипата на Париз Сен Жермен. 

Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната и долго време се шпекулира дека тој може да го засили лидерот во француската Лига 1.

„Зошто да не одам во ПСЖ? Секогаш е добро да се игра со своите соиграчи од репрезентацијата и во својот тим“, изјави Погба за медиумите во Франција.

29-годишниот играч за врска ја завршува шестата сезона на „Олд Трафорд“, а во кариерата играше уште само за тимот на Јувентус.


Милевски доби најубава честитка за 51-от роденден!

Историската победа над Италија се славеше цела ноќ.

Покрај славењето на трибините и во соблекувалната на фудбалерите, се славеше и на улиците во Скопје.

Фудбалерите му ја подарија најубавата роденденска честитка на селекторот Благоја Милевски кој денес го слави својот 51-ви роденден.


Роналдо: Мораме да останеме фокусирани против Македонија

Ѕвездата на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, после победата против Турција и пласманот во финалниот бараж за настап на СП во Катар против селекцијата на Македонија, изјави дека тимот мора да остане фокусиран до крај.

„Го направивме само првиот чекор кон нашата цел за пласман на СП во Катар. Ништо не е освоено, ништо не е постигнато. Мораме да продолжиме со работа и да останеме фокусирани за натпреварот со Македонија. Верувам во наша победа. Напред Португалија! Одиме во Катар!“, порача Роналдо преку пост на Инстаграм.


Кјелини: Се чувствуваме уништено

Легендарниот дефанзивец на италијанската репрезентација, Џорџо Кјелини беше целосно потиштен после шок поразот со 1:0 од Македонија во полуфиналнипт бараж во Палермо.

Голот на Александар Трајковски постигнат во судиското надополнување ја остави Италија втор пат по ред без настап на Светско првенство.

„За нас ова е огромно разочарување. Пропуштивме многу шанси но одигравме солиден натпревар. Горд сум на моите соиграчи. Сега се чувствуваме уништено. Се надевам дека Манчини ќе остане да ја води репрезентацијата“, изјави Кјелини.


Уругвај и Еквадор обезбедија пласман на Мундијалот во Катар

Фудбалските репрезентации на Уругвај и Еквадор обезбедија учество на Светското првенство во Катар, на едно коло пред крајот на квалификациите.

Уругвајците својата виза за Катар ја заверија после домашната победа со 1:0 против директниот конкурент Перу. Со оваа победа Уругвај му помогна и на Еквадор кој и покрај поразот од Парагвај обезбеди свое учество на СП.

Пред последното коло од квалификациите, Еквадор и Уругвај се на третата и четвртата позиција и заедно со Бразил и Аргентина се директни учесници на Мундијалот во Катар.


ФОТО: „Фалангата“ ги поздрави хероите пред репрезентативниот хотел

Македонија го елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден чекор до Мундијалот во Катар. Фудбалерите се спортистите кои во последниот период ја радуваат нацијата, а вечерва ја фрлија во транс цела Македонија.

Приоритет да се дружат со нив имаат фановите кои дојдоа овде во Палермо да и дадат поддршка на репрезентацијата на дуелот со Италија. Тие дојдоа доцна вечерва во хотелот да ги поздрават хероите и да им се поклонат за големиот успех.


Манчини: Овој пораз е најголемо разочарување во мојата кариера

Роберто Манчини не сакаше да зборува за својата иднина по поразот од Македонија во баражот на Светското првенство, велејќи дека ова му е најголемото разочарување во неговата кариера.

„Како што Европско првенство беше најпрекрасното искуство во мојот живот, ова беше најголемото разочарување. Не можеме да кажеме ништо, тоа е фудбалот, понекогаш неверојатните работи се случуваат, како сега. Не требаше да бидеме во ваква позиција, но дадовме максимум за победа. Победата на ЕУРО беше целосно заслужена бидејќи игравме добар фудбал. Потоа дел од среќата која ја имавме на тој турнир се претвори во тотална лоша среќа и од септември ни се случија некои неверојатни работи. Доминираве како група, ни беше потребна само една топка да влезе со среќа, но не беше така. Вечерва, како да беше прикладно да примиме гол во 92. минута. Сега сме премногу разочарани да зборуваме за иднината“, вели Манчини.