feature

Раде Стојановиќ ќе биде тренер на ракометен клуб од Катар

Македонскиот тренер Раде Стојановиќ својата кариера ја продолжува надвор од Македонија и ќе го води ракометниот Спорт Клуб од Катар.

Стојановиќ неодамна со кадетската ракометна репрезентација на Македонија постигна голем успех освојувајќи го ЕХФ шампионатот во Рига, што сигурно му ги отвори вратите за пронаоѓање на неговиот прв интернационален ангажман.


Алекс Мерет го продолжи договорот со Наполи до 2024.година

Голманот на фудбалскиот клуб Наполи Алекс Мерет го продолжи договорот со клубот до 2024.година.

Неговиот договор истекуваше на крајот од оваа сезона, а со новиот договор Наполи ќе ја продолжи соработката на уште една година.

25-годишниот Мерет во својата кариера бранел за Удинезе и Спал, а има запишано и два настапи за репрезентацијата на Италија.

Наполи после осум одиграни кола во Серија А е лидер на табелата со освоени 20 бода.


Бајер Леверкузен го смени Сеоане и за нов тренер го назначи Чаби Алонсо

Од Бундеслигашот Бајер Леверкузен соопшуваат дека клубот ја прекина соработката со Швајцарецот Херардо Сеоане и за нов тренер на екипата го назначи Шпанецот Чаби Алонсо.

Алонсо со новиот клуб потпиша договор до 30.јуни 2024.година. Шпанецот како играч од средината на теренот е двократен освојувач на Лигата на шампионите, со Ливерпул во 2005.година и со Реал Мадрид во 2014.година. Својата играчка кариера ја заврши во Германија настапувајќи во тимот на Баерн Минхен со кој освои три шампионски титули.

40-годишниот Алонсо својата тренерска кариера ја започна водејќи ја младинската екипа на Реал Мадрид и Б тимот на Реал Сосиедад.


Барса не престанува да го следи Маркус Рашфорд

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд и понатаму е интересен за Барселона. Каталонскиот клуб продолжува да го следи 24-годишниот играч, летото двете страни разговараа за потенцијален трансфер, но зделката не дојде до реализација.

Манчестер Јунајтед има намера да го продолжи договорот со Рашфорд, стравувајќи од негово можно заминување во Барселона.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд неодамна беше прогласен за најдобар играч во септември во англиската Премиер лига. 24-годишниот Англичанец на два меча во септември постигна два гола и имаше две асистенции. Рашфорд ја доби наградата по втор пат во кариерата, откако претходно ја доби оваа награда во јануари 2019 година.


Венгер: Арсенал е зад Сити, уште има шанса за титулата во Премиер лигата

Арсен Венгер смета дека „топџиите“ оваа сезона се вториот најдобар тим во Англија зад Манчестер Сити и дека имаат добри шанси за титулата.

Арсенал е на првото место на табелата со 21 бод, еден повеќе од Манчестер Сити. Венгер верува дека оваа година титулата може да заврши на „Емирати“.

„Лично јас би го поставил Арсенал само зад Сити. Но, и вториот најдобар тим во лигата има шанса за титулата. Манчестер Сити во одреден дел од сезоната ќе се фокусираат на Лигата на шампиони. Не ја знаеме вистинската форма на Ливерпул, но тие веќе заостануваат 11 бода. Да си 10 бода зад Сити е како да треба да искачиш планина. Челзи не изгледаат постојано во моментов и не верувам дека ја имаат самодовербата, исто како и Тотенхем“, изјави Венгер.


Лос Анџелес Галакси ќе биде новиот клуб на Луис Суарез

Луис Суарез на крајот на минатата сезона го напушти Атлетико Мадрид и одлучи да се врати во Уругвај во дресот на Национал.

Меѓутоа, Суарез не е премногу задоволен во Национал и верува дека може уште да игра на високо ниво. Тој е спремен да го раскине договорот кој му истекува на крајот од годината, а наводно веќе нашол нов клуб.

Имено, после Мундијалот Суарез ќе се пресели во МЛС лигата и ќе го облече дресот на Лос Анџелес Галакси.


Чеферин: Идејата за Суперлигата е мртва

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин му одговори на Флорентино Перез околу обновувањето на идејата за Суперлигата.

Набрзо откако претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез на годишното собрание на мадридскиот клуб порача дека идејата за основање на фудбалска Суперлига не е мртва, Чеферин му испрати јасна порака дека тој нема да дозволи такво натпреварување.

„Веќе предолго зборуваме околу тоа. За мене идејата за Суперлига повеќе не постои. Ми пренесоа што се случувало во неделата и што изјавил Перез. Тој практично бара и ја промовира идејата фудбалот да се затвори и големите клубови да не играат повеќе со мали клубови. Тоа бара  да се промени целиот европски модел. Таквата идеја не заслужува коментар затоа што би предизвикала голема разлика помеѓу сиромашните и богатите клубови што би ја нарушила рамнотежата во фудбалот“, јасно порача Чеферин.


Изготвена трансфер листата: Азар, Васкез, Мариано, Асенсио заминуваат од Мадрид

Реал Мадрид планира следното лето да се ослободи од неколку фудбалери, а „Марка“ го објави списокот на тие кои сигурно ќе заминат.

Шпанскиот гигант во претходните месеци потпиша нови договори со најважните фудбалери, а неколку играчи ќе си заминат од клубот.

Нови договори нема да им бидат понудени на Марко Асенсио и Дани Себаљос, кои од 30 јуни ќе бидат слободни играчи, исто како и Маријано Дијаз. Лукас Васкез и Еден Азар се во претпоследната година од договорот, но постои голема веројатност да бидат ставени на трансфер листа.


Кирјиос заврши на суд поради поранешната девојка

Австралиската тениска ѕвезда Ник Кирјиос вели дека е фокусиран на она што може да го контролира, бидејќи се надева на позитивни вести откако неговиот случај ќе биде сослушан пред судот во Канбера. Кирјос има закажано рочиште пред судот за наводен напад.

27-годишниот Кирјиос беше обвинет дека наводно ја нападнал својата поранешна девојка Кјара Пасари. Кирјиос, кој се натпреварува на овонеделниот АТП 500 турнир во Токио, нема да присуствува на судското рочиште бидејќи ќе го застапуваат неговите адвокати.

Тениската ѕвезда ќе бара да биде отфрлено неговото обвинение за напад поради менталното здравје и предметот да биде отфрлен според дел од актот за локални злосторства. Според актот, судиите имаат овластување да го отфрлат обвинението доколку се уверат дека обвинетиот е ментално оштетен и дека постапувањето по некоја работа на тој начин ќе биде од корист за заедницата заедно со сторителот.


УЕФА покрена дисциплинска постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз

Европската фудбалска асоцијација соопштува дека покренала дисциплинска постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз поради однесувањето на навивачите на натпреварот од Лигата на нации против Австрија во Виена.

УЕФА дисциплинската постапка ја покрена поради неодговорното однесување на дел од хрватските навивачи кои фрлаа предмети на теренот, палеа факели и извикуваа расистичи пароли.

Во соопштението УЕФА наведува дека висината на казната ќе биде соопштена после завршување на постапката.