feature

Баерн и гратис го продава Корентин Толисо

Баерн Минхен го стави Корентан Толисо на трансфер-листата ова лето и е подготвен да прифати обештетување од само 10 милиони евра. 

Повремениот француски репрезентативец не се изнаигра премногу во дресот на германскиот гигант и тоа најмногу поради повредите. Фудбалерот од средниот ред дојде од Лион за 45 милиони евра пред три сезони, но сега новиот тренер Јулијан Нагелсман не смета неговите услуги.

Има доста заинтересирани тимови за трансфер на Толисо особено што неговата вредност е далеку поголема од оние 10 милиони што ги бара Баерн.

Јувентус, Манчестер јунајтед и Арсенал се подготвени да испратат понуда за Французинот.


Пелегрини добива нов договор во Рома

Фудбалерот за врска на Рома, Лоренцо Пелегрини ќе го продолжи договорот со клубот.

Раководството на римјаните му понудило на 25-годишниот Италијанец договор до 2025 година со можност за продолжување на уште една сезона. Годишната платата на фудбалерот ќе биде 3 милиони евра плус бонуси, вели анонимен познавач на италијанскиот фудбал.

Минатата сезона, Пелегрини одигра 47 натпревари за Рома, на кои постигна 11 голови и направи 10 асистенции.


Ибра го пропушта стартот на сезоната во Серија А

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да го пропушти почетокот на новата сезона поради повредата на левото колено, информира „Ла Газета дело Спорт“. 39-годишниот Швеѓанец се повреди на натпреварот од 35. коло од последната сезона на италијанското првенство против Јувентус (3-0).

Клубот не сака да ризикува и ќе му даде повеќе време на играчот да закрепне. Најверојатно, тој ќе се врати на терените во септември, по пауза за репрезентативните настапи, додаваат од „Ла Газета дело Спорт“.

Во првото коло од сезоната 2021/22 во Серија А, Милан ќе се соочи со Сампдорија. Ибрахимовиќ минатата сезона одигра 27 натпревари за Милан, постигнувајќи 17 гола и три асистенции.


Реал најава тужба за Хавиер Тебас

Во моментите кога Меси го комплетира трансферот во ПСЖ, Реал Мадрид објави дека ќе го тужи првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас.

„Кралевите“ објавија кратко соопштение после итниот состанок на Управниот одбор на кој се донело одлука дека може да се започне со тужба за Тебас поради криминал, но и за уште неколку други лица.

„УО на Реал Мадрид ќе преземе постапка која ја смета за вистинска со цел да се поништи, неефикасната резолуција која треба да ја освои Собранието на Ла Лига на 12. август во врска со договорот на Ла Лига и ЦБЦ Партнерс“, стои во соопштението.

Ла Лига и ЦВЦ веќе се договорија за 2,7 милијарди евра свеж капитал, на кој Реал Мадрид и Барселона силно се спротивставија и најавија дека ќе се обидат да го урнат замислениот проект на Тебас.


Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Синсинати

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ објави дека нема да игра на Мастерсот во Синсинати следната недела. Србинот таму требаше да ја брани титулата.

Ми треба малку повеќе време за да закрепнам и да се одморам од тешко патување од Австралија до Токио. Сега ќе се фокусирам на УС Опен и ќе поминам малку повеќе време со моето семејство, соопшти Ѓоковиќ.

Оваа година, Србинот победи на првите три Грен слем турнири. Во Њујорк, тој може да стане првиот тенисер од 1969 година што формирал календарски Грен слем.


Јунајтед ќе го жртвува Марсијал и ќе го стави на трансфер листа

Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде напаѓачот Ентони Марсијал ова лето, објави „Би-би-си Спорт“. Според британскиот медиум, тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, не смета на 25-годишниот напаѓач во новата сезона.

Претходно беше објавено дека Французинот е во сферата на интересите на Интер. Италијанскиот клуб можеше да го купи за 50 милиони фунти. Минатата сезона Марсијал одигра 36 натпревари на кои постигна седум гола и забележа девет асистенции.


Бурсаспор сака да го откупи Јаховиќ од Гезтепе

Адис Јаховиќ би можел да направи нов трансфер во турскиот фудбал. Според последните информации од турските медиуми интерес за Јаховиќ покажала Бурсаспор. Како што се пишува Бурса доставила понуда за трансфер на Јаховиќ. Понудата до Јаховиќ била едногодишен договор со опција истиот да биде продолжен на уште една.

Гезтепе за услугите на Јаховиќ бара оштета од 600.000 евра.

И лани Јаховиќ се поврзуваше со Бурса, но до тој трансфер не дојде. Во минатата сезона за Гезтепе, Јаховиќ постигна девет гола и подели две асистенции на 36 натпревари.


Стерлинг ќе добие нов договор на „Етихад“

Манчестер Сити ќе ги продолжи преговорите со Рахим Стирлинг за продолжување на договорот на играчот. Сегашниот договор на крилото е до летото 2023 година.

Меѓутоа, во последните месеци се појавија гласини дека размислува да го напушти „Етихад“, бидејќи не е задоволен од малата минутажа што ја доби на крајот од минатата сезона. Сепак, се чини дека клубот планира да продолжи да смета на него и ќе се обиде долгорочно да го задржи, пренесува „Сан“. Во медиумите се појавија информации дека Стерлинг бил понуден на Тотенхем како дел од договорот за привлекување на Хари Кејн.

Сепак, 26-годишниот англиски репрезентативец не се согласи да се пресели кај Тотенхем и тоа го уништи трансферот. На крајот, Пеп Гвардиола исто така инсистираше Стирлинг да остане, и се чини дека тоа е желба на самиот играч. Така, двете страни ќе ги продолжат преговорите меѓу себе. Овој пат, сепак, Стерлинг се ќе остави во рацете на своите агенти, откако претходно ги застапуваше сопствените интереси во претходните разговори, но потоа не успеа да постигне договор со газдите на „граѓаните“.


Рашид Гезал е ново засилување на Бешикташ

29-годишниот фудбалер Рашид Гезал во Лестер пристигна од Монако во 2018 година, но не се наигра во тој клуб и беше испраќан на позајмици, прво во Фиорентина, потоа во Бешикташ каде што играше одлично.

После завршувањето на сезоната Бешикташ одлучи да го откупи Гезал за околу пет милиони евра.

Гезал е репрезентативец на Алжир, а минатата сезона постигна осум голови за освојувачот на двојна круна во Турција.


Норвежанецот Хауге потпиша за Ајнтрахт

Ајнтрахт Франкфурт официјално го  објави ангажирањето на Јенс Петер Хауге, кој доаѓа од Милан со едногодишна позајмица.

Под одредени услови, тимот од Бундеслигата ќе има обврска да го купи 21-годишното крило на крајот од сезоната за проценетата сума од 12 милиони евра. Милан му се заблагодари на Хауге за неговата професионалност и му посака се најдобро во иднина.

Норвешкиот интернационалец, кој има три натпревари во дресот на Норвешка, помина само една сезона на „Сан Сиро“ по неговиот трансфер од Бодо Глимт вреден 5 милиони евра. Тој постигна 5 гола и 1 асистенција на своите 25 натпревари за „росонерите“, од кои повеќето ги одигра како замена. Младиот играч потпиша со својот нов клуб договор за период од пет години.