feature

Радуљица е нов центар на Црвена Звезда

Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Србија Мирослав Радуљица е ново засилување на Црвена Звезда.

34-годишниот центар со црвено-белите потпиша двегодишен договор. Негов последен ангажман беше во Кина, а претходно има настапувано и за Ефес, Партизан, Милвоки Бакс, Минесота.

Својот прв натпревар за новиот клуб, Радуљица ќе го има во сабота против екипата на МЗТ Скопје во АБА лигата.


Меси: Килијан е феноменален, вистински „ѕвер“

Лионел Меси ги пофали Килијан Мбапе и Нејмар со кои заедно играат за ПСЖ. Во интервју, тој зборуваше за тоа како се снајде во Париз и за новата фудбалска средина.

„Нејмар и јас се знаеме напамет – поминавме одлично време заедно во Барселона. Би сакал да играмве подолго за Барса, но животот повторно не собра во ПСЖ. Среќни сме што сме заедно. Сакам да си играм со него и да бидам околу него секој ден. А Мбапе е посебен играч. Ѕвер кој е добар во игра еден на еден. Килијан влетува во слободниот простор, тој е многу брз и постигнува многу голови. Мбапе е комплетен играч и тоа го демонстрира веќе неколку години. Во следните години тој ќе биде меѓу најдобрите, сигурен сум“, изјави Меси.


Германците ја одредија премијата за освојување на Мундијалот во Катар

Познат е наградниот фонд на германската репрезентација на Светското фудбалско првенство кое оваа година ќе се игра во Катар.     

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) соопшти дека секој играч ќе добие по 50.000 евра за победа во групата, 100.000 евра за пласман во четвртфиналето и 150.000 евра за пласман во полуфиналето. За третото место премијата достигнува 200.000 евра, а за т.н. вицешампион 250.000 евра. 

Секој играч ќе добие по 400.000 евра за победа на Мундијалот. Германија ќе игра во Е-групата со Шпанија, Јапонија и Костарика. Светското првенство ќе се игра од 20 ноември до 18 декември.


Далас ќе биде домаќин на финалето на Мундијалот во 2026 година

Финалето на Светското првенство во 2026 година ќе се игра на стадионот „ATT“ во Далас, објави „ЕСПН“.

Таму мечевите ги игра НФЛ тимот Далас Каубојс а капацитетот изнесува 80.000 седишта. Сепак, за потребите на Мундијалот ќе има дополнителни 20.000 седишта и финалето ќе се игра пред 100.000 гледачи.

Покрај САД, организатори на Светското првенство во 2026 година се уште и Мексико и Канада. Тогаш за прв пат ќе учествуваат 48 земји поделени во 12 групи. Натпреварите ќе се играат на 11 стадиони во САД, три во Мексико и два во Канада.


Јанис: Стеф Кари е најдобриот во светот

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, има клучен критериум што му овозможува да го одреди најдобриот кошаркар во светот.    

„Знам дека сум ефикасен и му помагам на тимот да успее, јас сум на листата на најдобрите. Имам доволно искуство и зрелост за да го разберам ова. Дали се сметам себеси за најдобар на светот? Според мене најдобар е оној кој со својот тим отиде до самиот крај и го направи шампион. Пред неколку години, кога го направивме ова, легнав во кревет и тивко реков: „Можеби јас сум најдобриот на светот“. Но, сега – не. Најдобриот е победникот. Најдобар во светот во моментов е Стеф Кари“, изјави Јанис. 

Адетокунбо заедно со Кари и со Леброн Џејмс се најголемите ѕвезди последните неколку сезони во НБА-лигата.


Џошуа се согласи на борба против Фјури

Поранешниот шампион на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Ентони Џошуа (26-3 победи-порази) одговори на предизвикот на шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (32-0), кој го повика Џошуа да потпише договор за борба до 26 септември.    

Потпишувам договори многу години. Ова одложување не зависи од мене, туку од адвокатите. Ако сте ја проучувале историјата на боксот, треба да знаете дека од правна страна се треба да биде совршено. За тоа е доброто управување и добрите адвокати. Секако дека ќе го потпишам договорот, рече Џошуа во видеото објавено на каналот „Boxing Social YouTube“. 

Фјури во последната борба го нокаутираше Дилијан Вајт (28-3) во шестата рунда. Мечот се одржа на 24 април во Лондон, Велика Британија. Џошуа загуби од Олександр Усик (20-0) на 20 август во Џеда, Саудиска Арабија.


Киеза за десет дена се враќа во составот на Јувентус

Италијанските медиуми ја пренесуваат веста дека фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза, најверојатно за 10 дена се враќа на теренот после успешното опоравување од повредата на коленото.

Киеза поради повредата на коленото која ја задоби во првенствениот натпревар против Рома на почетокот од годината беше опериран, и според информациите неговото опоравување се одвивало подобро од очекуваното.

Фудбалерот на Јувентус ќе продолжи со тренинзите во наредните денови, и би можел да се најде во тимот за дерби дуелот со Милан.


Канте им се врати на тренизните после паузата од повредата

Фудбалерот на Челзи Нголо Канте повторно тренира со екипата, откако поради повреда на бутниот мускул тој имаше пауза од шест недели.

Канте се повреди на 14.август во дуелот со Тотенхем кој заврши 2:2. Од тогаш тој пропушти осум натпревари на Челзи во сите натпреваувања.

Клубот од Стенфорд Бриџ после шест одиграни кола се наоѓа на 7.место на табелата во Премиер лигата со освоени 10 бода. Челзи во сабота му гостува на Кристал Палас.


Македонија ќе биде во четвртиот шешир на жрепката за ЕП 2024

Македонската фудбалска репрезентација жрепката за групите од квалификациите за Европското првенство 2024 ќе ја чека од четвртиот шешир.

Жребот е закажан за 9 октомври во Франкфурт, а Македонија остана во четвртата група по рејтинг откако Грција ја совлада Северна Ирска, а Косово славеше победа над Кипар.

Заедно со нашата селекција, во четвртиот шешир ќе бидат и Турција, Бугарија, Грција, Грузија, Казахстан, Азербејџан, Косово и Фарски Острови.


Милан и Јуве уште се распрашуваат за Заниоло

Иднината на Заниоло се уште е главна тема на Апенините, иако Италијанецот ова лето остана во Рома.

Милан и Јувентус се силно заинтересирани за Заниоло, но ова лето не беа спремни да платат 50 милиони евра колку што бараше Рома за неговата слобода.

Двата клуба не се откажуваат од Италијанецот и будно ја следнат ситуацијата околу преговорите за нов договор. Рома сака да му го продолжи договорот на Заниоло, кој на лето ќе влезе во последната година од договорот.