feature

Крос одлучил да ја заврши професионалната кариера

MADRID, SPAIN – OCTOBER 30: Toni Kroos of Real Madrid looks on during the LaLiga Santander match between Real Madrid CF and Girona FC at Estadio Santiago Bernabeu on October 30, 2022 in Madrid, Spain. (Photo by Angel Martinez/Getty Images)

Како што пренесуваат шпанските медиуми на крајот на сезоната Лука
Модриќ и Тони Крос ќе го напуштат Реал Мадрид.
Тоа ќе значи и крај на една ера, бидејќи Модриќ и Крос заедно со
Каземиро го сочинуваа „јадрото“ на Реал долги години и беа
најзаслужни за големите успеси. Договорите на двајцата ветерани
истекуваат на крајот на сезоната, а Реал Мадрид веќе размислува за
нивни замени.
Реал сака да го продолжи договорот со Крос и веќе испратил понуда
до неговиот агент, но Германецот сериозно размислува за крај на
кариерата.
„АС“ пренесува дека Крос наскоро ќе донесе конечна одлука, но тоа
најверојатно ќе биде повлекување од фудбалот.


Нигериецот Осимен фаворит за напаѓачката улога во Манчестер Јунајтед

Првите луѓе на Манчестер Јунајтед планираат да испрата понуда за
фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен.
23-годишниот напаѓач во тековнава сезона одигра 14 мечеви со ефект
од 10 голови и три асистенции. Неговата вредност е околу 70 милиони евра.
Нигерискиот голгетер се претвори во значајна фигура во тимот кој се
бори за шампионската титула во Серија „А“. Наполи по 15 кола е
лидер на табелата со 41 бод пред Милан кој има 33.


Барса се вклучи во трката за Адриен Рабио

Барселона се вклучи во трката за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми.

Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент. Челзи, Тотенхем и Ливерпул покажуваат силен интерес за Французинот, а сега и Барселона се вклучи во трката.

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска, бидејќи Кеси се покажа како промашување, а Де Јонг може да си замине на лето.

Поради тоа Каталонците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Рабио, особено поради фактот што можат да го доведат без обештетување.

Чави останал импресиониран од настапите на Французинот на Мундијалот и го сака во својот тим.


Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го доведе Осимен од Наполи

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ќе ги насочи своите капацитети во обид да го доведе во своите редови напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

23-годишниот Нигериец се планира да биде главен напаѓач во тимот, и замена за Кристијано Роналдо кој го напушти клубот од „Олд Трафорд“ пред почетокот на Мундијалот во Катар.

Осимен го носи дресот на Наполи од 2020.година, и според информациите тој не изразува желба да го напушти клубот во скоро време. Според порталот Трансфермаркт, вредноста на Осимен на фудбалскиот пазар изнесува околу 70 милиони евра.


Белгиецот Тилеманс пред потпис со Арсенал

Приоритет на Арсенал во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за врска, а најголема желба на Артета е Јури Тилеманс.

25-годишниот Белгиец влезе во последната година од договорот и одбива да ја продолжи соработката со Лестер бидејќи сака промена на средината. Токму тоа може да биде причината Лестер да ја прифати понудата на Арсенал бидејќи во спротивно ќе го загуби играчот без обештетување.


Де Брујне: Халанд е опседнат со постигнување голови

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, изјави дека неговиот соиграч Ерлинг Халанд може да стигне до бројка од 800 голови во својата кариера.

22-годишниот Халанд, кој во Манчестер Сити стигна на почетокот од сезоната, досега одигра 19 натпревари, а постигна 24 гола за тимот. Норвешкиот напаѓач во својата кариера досега постигнал 179 гола.

„Ерлинг е опседнат со постигнување голови. Тој веќе има околу 200, и мислам дека може да стигне до бројката од 700 или 800 гола, доколку остане во форма и работи правилно. Халанд е голгетер од врвна класа. Тој не се разликува од останатите луѓе, фудбалер е како и сите други, но ништо не сфаќа премногу озбилно. Јасно е само дека тој обожава да постигнува голови и тоа е нешто што го издвојува од останатите.


Сити нуди размена Грилиш – Леао, Милан не прифаќа

Манчестер Сити продолжува да бара опција за ангажирање на напаѓачот на Милан, Рафаел Леао. Англискиот клуб е подготвен да го понуди своето крило Џек Грилиш во замена за Португалецот, информираат извори од Италија.

Според информациите, Милан прифаќа размена за Грилиш, но ќе бара и дополнителен кеш за Леао. Според раководството на „Росонерите“, платата на Грилиш во Сити е надуена, а Рафаел Леао има огромен потенцијал за раст поради неговата возраст.

Сега на потег се двете раководства кои треба да најдат модус за комплетирање на размената.


Витсел добива нов договор со Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид е заинтересиран за продолжување на соработката со играчот од средниот ред Аксел Витсел и има намера да го активира условот за продолжување на договорот до летото 2024 година.

Витсел му се приклучи на шпанскиот клуб во летото 2022 година како слободен фудалер. На 28 натпревари, белгискиот играч за врска има постигнато еден гол и една асистенција.


Барди: Трабзонспор се спрема за уште една турска титула

Трабзонспор славеше на големото дерби против лидерот на табелата Фенербахче, па тимот на нашиот Енис Барди се врати во трката за титулата.

Барди влезе од клупата за резерви и им помогна во големата победа на неговиот тим.

„Среќни сме што го добивме мечот. На секој дуел одиме на победа, сакаме да бидеме на врвот. Знаеме дека битката за титулата е тешка, но ќе се бориме и не се откажуваме“, изјави Барди.

Фенербахче во моментов е лидер со 27 бодови, Галатасарај има еден помалку, а Трабзонспор има 24 бода.


Ван Дијк има голема заслуга за доаѓањето на Гакпо во Ливерпул

Англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк има голема заслуга за успешниот трансфер на Коди Гакпо во клубот од „Енфилд“.

Дефанзивецот на Ливерпул во телефонски разговор лично го убедил својот сонародник дека Ливерпул е вистинскиот клуб за него и дека треба својата кариера да ја продолжи во тој клуб. Гакпо претходно беше трансфер цел на големиот ривал на Ливерпул, Манчестер Јунајтед, меѓутоа 23-годишниот фудбалер сепак се одлучи да потпише договор со клубот од Мерсисајд.

Според извештаите од медиумите, Ливерпул како обештетување за Гакпо ќе плати 50 милиони евра со вклучени дополнителни бонуси.