feature

Димовски го засили белградски Партизан

Партизан би можел да потпише со македонскиот репрезентативец Бојан Димоски.

Левиот бек од рускиот клуб Акрон би можел да пристигне во Белград на позајмица, со опција за откуп од 200.000 евра.

Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, пишува српски „Телеграф“.

Димоски е во Русија од летото 2023 година, а претходно играше една сезона во Вардар и три во Академија Пандев.

За репрезентацијата на Македонија досега има одиграно 18 натпревари.


Гевгелија домаќин на завршницата на Купот на Македонија во кошарка

Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се одржи воГевгелија во организација на КК Кожув.

Турнирот во машка и женска конкуренција ќе се одигра во период од 13 до 15 февруари 2025 година, во спортската сала „26 април“ во Гевгелија.

Во четвртфиналето во машка конкуренција ќе се соочат тимовите на:

ТФТ – Гостивар
Пелистер – Чаир
МЗТ Скопје – Работнички
Куманово – Кожув

Во полуфиналето на женскиот дел од турнирот ќе играат:

Крива Паланка – Вардар
Баскет Кам – Бадел


Милевски: Впечатоците од натпреварите на мак-екипите во Анталија се многу позитивни

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, имаше можност во изминатите денови да ги следи настапите на нашите екипи во Анталија во рамките на подготовките за вториот дел од сезоната.

„Впечатоците од мечевите на македонските екипи во Анталија се навистина позитивни. Помалку изненадувачки, очигледна беше разликата во ритамот на фудбалерите во однос на домашното првенство. Видовме нова енергија, тимски дух, добар ритам и желба за докажување. Се надевам дека тоа ќе го пренесат и на натпреварите од МФЛ“ – рече Милевски за сајтот на ФФМ.

„Тоа е нешто што се бара во модерниот фудбал. Тоа беа средби без резултатско значење но, сепак даваат одредена слика за квалитетот на екипите и индивидуалните карактеристики на фудбалерите. Продолжуваме да ги следиме сите фудбалери за кои веруваме дека имаат репрезентативен потенцијал“ – беа зборовите на Милевски.


Чилвел замина од Челзи и потпиша за Кристал Палас

Левиот бек на Челзи, Бен Чилвел го напушти клубот, се пресели на позајмица до крајот на сезоната во Кристал Палас.

Чилвел пристигна во Челси во 2020 година како големо засилување од Лестер за 50 милиони евра. Се покажа како многу моќно офанзивно оружје. Но, проблемите со повредите му ја затворија вратата на „Стемфорд Бриџ“.

Веднаш штом Енцо Мареска го презеде Челзи, јасно стави до знаење дека не смета на Чилвел. Левиот бек нема одиграно ниту една минута оваа полусезона во Премиер лигата, одигра само еден натпревар во Лига купот.

Конечно, ситуацијата околу Чилвел е решена. Тој ќе игра во Кристал Палас како позајмен до крајот на сезоната. Останува само да ги мине лекарските прегледи.


Питлик: Нека им објасни некој на Хрватите дека вака не се игра ракомет

Ракометарот на Данска Симон Питлик имаше порака за хрватските колеги по победата во финалето на 29. Светско првенство.

Во мечот за титулата во Осло, Данците лесно ја совладаа Хрватска и победија со 32:26, со што четврти пат по ред станаа светски шампиони.

Хрватите го одиграа финалето доста грубо, а покрај директниот црвен картон на Марко Мамиќ имаше и многу фаули што го изнервираа Симон Питлик.

„Треба некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет. Ваков ракомет можат да играат само во Загреб, каде што судиите се на нивна страна. Правеа луди фаули. Само така можеа да не победат. Тоа не им успеа затоа што ние сме попаметни. Добиваа глупави исклучувања, внесоа премногу емоции“, истакна Питлик.

На Питлик не му пречеше премногу грубата игра на Хрватите, бидејќи мечот го заврши со четири гола. Питлик со 50 гола заврши на четвртото место на листата на најдобри стрелци.

За потсетување, Франција го освои бронзениот медал со тесната победа (35-34) против Португалија.


Лисандро Мартинез сериозно се повреди и предвреме ја заврши сезоната

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез беше во солзи додека го изнесуваа на носилки поради повреда на левото колено за време на поразот на „црвените ѓаволи“ од Кристал Палас во Премиер лигата.

Репрезентативецот на Аргентина се здоби со повреда при обидот да се справи со напаѓачот на Палас, Исмаила Сар во 76. минута. Тој се грчеше од болки и долго време беше саниран на теренот, додека соиграчите загрижено го набљудуваа.

Мартинез го напушти Олд Трафорд со аплауз од навивачите, а Јунајтед го загуби натпреварот со 0-2.

Минатата сезона Мартинез исто така имаше сериозна повреда, меѓу кои и оштетување на лигаментите на коленото.


Џига од Црвена Звезда потпиша за Волвс

Фудбалерот на Црвена звезда, Насер Џига, до крајот на денот ќе се пресели во Премиер лигата.

Дефанзивецот ќе му се приклучи на Вулверхемптон, а според српските медиуми, англискиот премиерлигаш ќе плати 11 милиони евра и 2 милиони преку можни бонуси. Црвена звезда ќе го задржи правото и на пет или десет проценти од следниот трансфер.

Џига имаше излезна клаузула од 8.500.000, но добрите игри во Лигата на шампионите и фактот што неколку клубови беа заинтересирани ги натера челниците на Вулверхемптон да понудат поголема сума како обештетување.

Џига (22) е репрезентативец на Буркина Фасо, во Црвена звезда пристигна од Базел во септември 2023 година на позајмица, а клубот потоа за три милиони евра го откупи неговиот договор.


Полјакот Залевски Рома ја замени со Интер

Актуелниот италијански шампион Интер го официјализираше и најновото засилување, Никола Залевски, кој доаѓа од Рома.

Младиот 23-годишен полски репрезентативец ќе биде опција на повеќе позиции во одбраната и во средниот ред, договорен како јануарско засилување до крајот на сезоната, но со можност договорот да биде и целосно откупен од јуни.

тер За почетниот заем, Интер ќе исплати околу 600 илјади евра, а налето има опција да го купи Залевски за сума од 6 милиони евра.


Мемфис го трејдува ветеранот Смарт

Мемфис Гризлис го вклучија ветеранот во на трансфер пазарот во последните недели и наскоро очекуваат финализација на трејдот. Смарт одигра само 38 натпревари во последните две сезони поради повреди.

Џејлен Велс, Џеј Џексон и Винс Вилијамс во отсуство на Смарт играат одлично, а самиот Смарт се уште е надвор од теренот поради повреда на прстот.

Со отпишување на договорот на Смарт вреден 21,6 милиони долари до сезоната 2025-2026, Гризлис ќе можат да го продолжат договорот на Џерен Џексон Џуниор и повторно да потпишат со Санти Алдама.


Овечкин го надмина легендарниот Грецки

Алекс Овечкин продолжува да пишува историја во НХЛ лигата. Најдобар стрелец во историјата на хокејот е легендарниот Вејн Грецки со 894 гола и 1.963 асистенции, што го издвојува како јасен лидер на таа позиција.

Втор на листата е Јаромир Јагр, а интересно е што Алекс Овечкин е 12-ти на табелата со 877 голови, 711 асистенции и 1.588 бодови.

На Овечкин му недостасуваат 18 гола да го надмине Грецки и да стане водечки голгетер во историјата на НХЛ, рекорд за кој се сметаше дека е недопирлив.

„Играа двете најдобри екипи во лигата и тоа беше навистина квалитетна и тешка битка. Мислам дека имавме многу шанси во третиот период и отидовме на продолженија и загубивме. Играа две од најдобрите тимови. Беше навистина забавно, а не се оптоварувам со индивидуалните постигнувања“ истакна по мечот Овечкин.

Поврзани теми