feature

Митровиќ поради повреда нема да настапи за Фулам против Манчестер Јунајтед

Митровиќ поради повреда нема да настапи за Фулам против Манчестер Јунајтед

Тренерот на Фулам, Марко Силва, соопшти дека напаѓачот на екипата Александар Митровиќ нема да игра на натпреварот од 16.коло во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед.

Во соопштението се наведува дека Митровиќ уште не се опоравил од повредата на скочниот зглоб, која ја заработи на крајот од септември при настапот за Србија во Лигата на нации.

Тренерот Силва ги демантира и пишувањата на некои англиски медиуми дека Митровиќ ќе паузира поради скршеница на скочниот зглоб.


На денешен ден “12 Ноември”

На денешен ден "12 Ноември"

На 12 Ноември 2012 година Новак Ѓоковиќ од Србија ја освои својата втора тениска титула во завршната сезона на АТП Светската турнеја победувајќи го шесткратниот шампион Роџер Федерер со 7-6, 7-5 во финалето во Лондон, Англија.


Погледнете го овој “3+ прво полувреме” тикет!

Првите полувремиња на 4 натпревари од вчерашната понуда на Евротип беа доволни за добивка вредна 397 807 денари.
Честитки за добитникот кој стигна до оваа добивка со уплата од само 50 денари.


Хакими: Рамос е најдобриот дефанзивец во светот

Хакими: Рамос е најдобриот дефанзивец во светот

Серхио Рамос не доби повик во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство, Луис Енрике одби да објаснува зошто искусниот дефанзивец на ПСЖ не се најде помеѓу повиканите.

Иако Рамос е на залезот на кариерата голем дел од шпанската јавност смета дека морал да добие повик. Оваа одлука со изненадување е дочекана и во Париз, затоа што ниту соиграчите на Рамос од ПСЖ не можат да веруваат дека не доби повик за Мундијалот кој сигурно ќе беше негов последен во кариерата. На социјалните мрежи се огласи Ашраф Хакими кој јасно порача што мисли за одлуката на селекторот Луис Енрике.

„Серхио Рамос е најдобриот дефанзивец во светот“, напиша Хакими откако Енрике го соопшти списокот.

Последниот натпревар Рамос за Шпанија го одигра на 31. март минатата година против Косово, а потоа не се наоѓаше на списокот поради повредите со кои имаше проблем во текот на минатата сезона.


Алжирецот Бенасер на мета на Клоп во јануарскиот преоден рок

Алжирецот Бенасер на мета на Клоп во јануарскиот преоден рок

Ливерпул е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми. Клоп во алжирскиот репрезентативец гледа идеално засилување за средниот ред, каде „црвените“ имаат многу проблеми од почетокот на сезоната.

Тренерот е загрижен поради малкуте алтернативи кои ги има во средниот ред и верува дека Бенасер одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

24-годишниот Алжирец игра одлично и се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

Милан сигурно нема да прифати понуда во јануари, а доколку Бенасер не стави потпис на нов договор тогаш на лето би можел да се пресели во Ливерпул.


Алмирон и Хау најдобри во октомври во Премиер лигата

Алмирон и Хау најдобри во октомври во Премиер лигата

Напаѓачот на Њукасл, Мигел Алмирон и менаџерот, Еди Хау, беа издвоени како најдобри за месец октомври во фудбалската елита на Англија.

„Црно-белите“ се во одлична форма од почетокот на сезоната и се на третото место на табелата со 27 бодови од 14 натпревари. Тие во изминатиот месец забележаа пет победи во шест натпревари.

Крилото Алмирон, кој постигна шест голови, за првпат во кариерата е прогласен за „играч на месецот“. Покрај тоа, парагвајскиот интернационалец ја доби и наградата за „Гол на месецот“.


Жоао Феликс го напушта Атлетико Мадрид и сака преселба во ПСЖ

Француските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Португалија, Жоао Феликс, е незадоволен од статусот во клубот од Мадрид и сака на почетокот од наредната година да го напушти неговиот актуелен клуб.

Според информациите Феликс веќе побарал од неговиот менаџер Жорж Мендеш во јануари да му побара нов клуб. Наводно, за Португалецот интерес покажува францускиот шампион Париз Сен Жермен, клуб кој е прифатлив и за Феликс.

23-годишниот фудбалер е член на Атлетико од 2019.година. Тој за клубот има одиграно 128 натпревари и постигнато 32 гола.


Пеп спремен да го жртува Алварез за Леао

Пеп Гвардиола ќе има на располагање 100 милиони фунти за зимската селекција, а позната е и најголемата трансфер желба.

Сити потрошил околу 104 милиони фунти за нови играчи ова лето, а во меѓувреме, клубот заработи околу 250 милиони фунти од продажба на играчи. Најголема желба на Гвардиола е најдобриот играч од Серија А и ѕвезда на Милан, Рафаел Леао, за кого е спремен да понуди 100 милиони евра.

Милан не сака лесно да се откаже од Португалецот, па поради тоа „граѓаните“ се спремни покрај кеш да го понудат и Јулијан Алварез. Аргентинецот пристигна ова лето на „Етихад“, но не добива голема минутажа.

Милан е заинтересиран за Алварез, па Сити е спремен да го вклучи во договорот за Леао.


Саша Џорџевиќ следната недела станува селектор на Кина

Според информациите кои ги пренесува Спорт клуб, легендата на српската кошарка, Александар Саша Ѓорѓевиќ, следната недела го презема водењето на Кинеската репрезентација.

Ѓорѓевиќ во понеделник патува за Кина каде ќе биде објавена соработката со кошаркарскиот сојуз на оваа земја.

Поранешниот селектор на Србија е без тренерски ангажман од крајот на минатата година кога го напушти турскиот Фенербахче, а претходните денови неговото име се поврзуваше со преземање на тренерското место во Реал Мадрид.


Сантош: Португалија може да стане светски првак

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош, ги објасни причините кои доведоа до изоставување на Гуедеш и Ренато Санчес од списокот на патници за Мундијалот во Катар.

„Гледавме и анализиравме се во овие неколку месеци. Повиците се базираат на она што го видовме и тука нема ништо ново. Сакаме да ги имаме најдобрите играчи и во напад и во одбрана. Можевме да направиме друг избор. До крајот имаше сомнежи, бидејќи некои играчи имаат слични перформанси и статистика. Преземам целосна одговорност за направениот избор“, изјави Сантош.

За амбициите на Португалија на шампионатот во Катар, Сантош додаде:

„Мислам дека можеме да целиме кон трофејот, овој тим има квалитет да го стори тоа. Според мене фаворит е Франција, тие и се актуелни светски шампиони“.