feature

Пике: Еден ден би сакал да станам претседател на Барселона

Поранешниот фудбалер на Барселона Жерар Пике во изјава за шпанските медиуми вели дека еден ден сака да стане претседател на клубот од Камп Ноу.

„Мислам дека во еден момент од својот живот би сакал да станам претседател на Барселона. Сега имам уште некои работи кои сакам да ги остварам, но во иднина сакам да му помагам на својот клуб и тим а тоа е Барселона“, изјавува Пике.

Пике пред пет дена на Камп Ноу го одигра својот последен натпревар во кариерата. 


Ван Гал го соопшти списокот на холандски фудбалери за Катар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, го соопшти списокот на 26 играчи кои ќе патуваат на Светското првенство во Катар. Предводници на репрезентацијата ќе бидат фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк и играчот на Барселона Мемфис Депај.

Холандија на Светското првенство ќе биде во групата А со Катар, Еквадор и Сенегал.

Голмани: Џастин Бејло (Фејенорд), Ремко Пасвер (Ајакс), Андрис Ноперт (Херенвен).

Одбрана: Нејтан Аке (Манчестер сити), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Матијс де Лихт (Бајерн), Јуријен Тимбер (Ајакс), Стефан де Фрај (Интер), Дејли Блинд (Ајакс), Дензел Дамфрис (Интер), Тајрел Маласија (Манчестер јунајтед), Џереми Фримпонг (Бајер Леверкузен).

Везни ред: Стивен Бергојс (Ајакс), Френки де Јонг (Барселона), Коди Гакпо (ПСВ), Тен Копмејнерс (Аталанта), Мартен де Рон (Аталанта), Ћави Симонс (ПСВ), Кенет Тејлор (Ајакс).

Напад: Стивен Бергвејн (Ајакс), Мемфис Депај (Барселона), Винсент Јансен (Антверпен), Лук де Јонг (ПСВ), Ваут Вегхорст (Бешикташ), Ноа Ланг (Клуб Бриж).


Шпанија во Катар ќе патува без Рамос, Алкантара, Алонсо и Де Хеа

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике го соопшти конечниот список на патници за Мундијалот во Катар. На списокот ги нема Серхио Рамос, Тијаго Алканатара и Маркос Алонсо. Од порано беше познато дека Енрике го изостави голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Хеа.Голмани: Роберт Санчез (Брајтон), Давид Раја (Брентфорд), Унаи Симон (Атлетик Билбао).

Одбрана: Дани Карвахал (Реал Мадрид), Цезар Аспиликуета (Челси), Пау Торес (Виљареал), Ерик Гарсија (Барселона), Уго Гиљамон (Валенсија), Емерик Лапорте (Манчестер сити), Жорди Алба (Барселона), Хосе Гаја (Валенсија).

Среден ред: Серхио Бускетс (Барселона), Коке (Атлетико), Гави (Барселона), Родри (Манчестер сити), Карлос Солер (ПСЖ), Педри (Барселона), Маркос Љоренте (Атлетико Мадрид).

Напад: Пабло Сарабија (ПСЖ), Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Ансу Фати (Барселона), Феран Торес (Барселона), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Дани Олмо (Лајпциг), Жереми Пино (Виљареал), Нико Вилијамс (Атлетик Билбао).


Французинот Калулу потпиша нов договор со Милан

Пјер Калулу потпиша нов договор со Милан. Ова момче кое има само 22 години одигра 20 натпревари сезонава и е еден од најважните играчи на клубот бидејќи може да игра на неколку позиции во тимот.

Калулу по природа е стопер, а новиот договор со Милан има важност до 2027 година.

Французинот со потекло од Конго во Милан пристигна од Лион во 2020 година, оттогаш има одигра 75 натпревари во дресот на славниот италијански клуб.


Американската репрезентација прва пристигна во Катар

Фудбалската репрезентација на САД е прва од 32 учесници на Светското првенство во Катар која допатува во Катар.

Селекцијата на САД пристигна од Њујорк, а слета на меѓународниот аеродром Хамад во Доха чиј нов дел беше свечено отворен.

Американскиот тим своите натпревари ќе ги започне на 21.ноември со натпреварот против Велс. Целата америчка експедиција ќе биде сместена во хотел во западна Доха, а своите тренинзи ќе ги одржува на терените на клубот Ал-Гарафа. За селекцијата на САД ова е 11.учество на Мундијалите.


Садио Мане сепак ќе биде подготвен за Мундијалот во Катар

Францускиот Франс Прес пренесува дека фудбалерот на Баерн Минхен Садио Мане ќе патува со селекцијата на Сенегал на претстојното Светско првенство во Катар.

Мане се здоби со повреда пред неколку дена, и првичните информации од Баерн беа дека тој нема да игра за Сенегал на Мундијалот во Катар. Меѓутоа француските медиуми тврдат дека најдобриот играч на Сенегалската репрезентација сепак ќе патува во Катар заедно со своите соиграчи.

Според Франс Пренс Садио Мане ќе биде во Катар и се надева дека ќе биде подготвен за игра доколку неговата репрезентација избори пласман во нокаут фазата на СП.


Симеоне пред смена, Почетино и Луис Енрике можни наследници

Атлетико Мадрид доживеа вистински дебакл во европските натпреварувања, беше елиминиран од групата фаза во ЛШ и не избори учество нуту во Лига Европа. „Јорганџиите“ имаат слаба сезона и во Примера, немаат победа на последните пет меча, па се повеќе се разнишува столчето на Симеоне.

Фудбалот кој го игра Атлетико веќе долги години повеќе не дава резултати, па медиумите се прашуваат дали е време Атлетико Мадрид и Симеоне да се разделат. Наводно постои бунт и меѓу фудбалерите кои не се задоволни од Симеоне,а Атлетико размислува за отказ доколку не се променат резултатите во најскоро време.

Медиумите во Шпанија веќе почнаа да лецитираат со имиња, а како потенцијални замени се спомнуваат Маурисио Покетино и Луис Енрике.


Сити и Ливерпул ќе играат уште во осминафиналето на Карабао Купот

Манчестер Сити и Ливерпул ќе играат еден против друг во осминафиналето на Карабао купот. Жрепката која беше направена веднаш по натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила, ги одреди двојките и за сите останати дуели.

Домаќин на големата пресметка ќе биде Манчестер Сити. Средбата е закажана за 19 декември, само еден ден по финалето на Светското првенство.

Манчестер Сити и Ливерпул веќе двапати се сретнаа оваа сезона. „Црвените“ го совладаа тимот на Пеп Гвардиола во „Комјунити шилд“ со 3-1, а потоа се радуваа и на „Енфилд“ во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на лидерот во Чемпионшип, Барнли, додека Њукасл во оваа фаза домаа ќе го пречека поранешниот клуб на менаџерот Еди Хау, Бурнмаут.


Сараевски Железничар доаѓа во Скопје за роденденот на Вардар и „Комити“

Жељезничар од Сараево ќе гостува во Скопје на 23 ноември на спектаклот по повод 75-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски клуб Вардар и 35 години од формирањето на најверните вардарови навивачи Комити.

Навивачката група веќе го најави спектаклот на 23 ноември со почеток од 19:30 часот. Железничар е поранешен шампион на Југославија од сезоната 1971/72 и има еден освоен Куп трофеј од поранешната држава (1981), исто како и Вардар кој беше шампион во 1987, а освојувачи на Купот во 1961 година.

Сараевчани доаѓаат на пријателски меч за да се одбележи големиот јубилеј на „црвено-црните“ и нивната најверна армија навивачи.


Трајковски поради повреда ги пропушта дуелите со Финска и Азербејџан

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, поради повреда на листот на ногата, го откажа својот настап на пријателските дуели со Финска и Азербејџан.

Претходно поради повреда, својот настап за овие два натпревари го откажа и Аријан Адеми. Селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски во списокот на фудбалери ги врати Бобан Николов и Илија Несторовски.