feature

Милевски без Етеми и Ристовски против Грузија и Бугарија

Македонската репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата последни два натпревари од групата 3 во Лига на нации против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември).

Поради повреда веќе е познато дека Дарко Чурлинов нема да биде во составот на селекцијата за двете пресметки, но дополнителни проблеми за селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски се новите две откажувања поради повреда. Капитенот Стефан Ристовски (повреда на тетивата) и напаѓачот Ваљон Етеми (повреда на бутниот мускул),  исто така нема да можат да се стават на располагање за мечевите против Грузија и Бугарија.

Нашиот стручен штаб подоцна во текот на денот ќе соопшти за дополнителен повик во репрезентацијата.

Македонската репрезентација денес во 17:30 на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го има првиот тренинг од подготовките.


Де Зерби именуван за нов тренер на Брајтон

Италијанскиот стручњак Роберто Де Зерби е нов менаџер на Брајтон. Тој седнува на кормилото на тимот кое беше испразнето по заминувањето на Грем Потер на клупата на Челзи.

Претходно беше објавено дека англискиот клуб е во преговори со неколку тренери, но решил да му ја даде довербата на екс-тренерот на Шахтјор Доњецк.

43-годишниот Де Зерби беше тренер на италијански Сасуоло од јули 2018 до мај 2021 година. Потоа седна на клупата на Шахтјор Доњецк, со кого го освои Суперкупот на Украина.


Приведен братот на Пол Погба

Матијас Погба добил притвор заедно со уште неколку членови на групата која го уценувала и се обидела да му изнуди пари на неговиот помлад брат Пол.

Обвинителството во Париз официјално поднесе обвинение за изнуда и криминален заговор против Матиас и остатокот од групата, која се состои од лица на возраст од 27 до 36 години.

„Ќе ја обжалиме оваа одлука. Мојот клиент нема врски со криминална организација. Не ја разбираме одлуката на судот да го држи во притвор, особено затоа што тој има алиби за ноќта на наводното киднапирање“, изјави адвокатот на Матиас, Јасин Бузру.

Според истрагата, киднапирањето се случило на 20 март кога група криминалци упаднале во станот на Матиас во Париз, го држеле како заложник, а потоа побарале пари од неговиот брат, кој во тој момент бил во Торино.


Де Брујне се израмни со Џерард по бројот на асистенции во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне се израмни со фудбалерот на Ливерпул и легенда на оваа екипа  Стивен Џерард по бројот на асистенции во натпреварите од шампионатот на Англија.

Белгиецот вчера, на натпреварот од 8. коло од Премиер лигата со Вулверхемптон (3-0) успеа да дојде до ова достигнување.

31-годишниот играч од средниот ред им асистираше на соиграчите во два од трите гола. Де Брујне во кариерата има 92 асистенции во англиската Премиер лига. Белгискиот репрезентативец по овој показател се израмни со легендата на Ливерпул, Стивен Џерард. За одбележување е тоа што на Кевин му беа потребни 287 натпревари за да го направи сето ова, а на поранешниот фудбалер на „црвените“  – 504 натпревари.

Лидер по бројот на асистенции во историјата на првенствата на Англија е поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс. Во кариерата има 162 асистенции во Премиер лигата.


Марко Ројс надвор од терените три до четири недели

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Марко Ројс ќе отсуствува од фудбалските терени три до четири недели, соопштува спортскиот директор на клубот, Себастијан Кел.

Капитенот на екипата од Дортмунд доживеа повреда на дерби натпреварот против Шалке и беше заменет во 32.минута. Борусија славеше на дуелот со 1:0.

Борусија Дортмунд го зазема второто место од табелата во Бундеслигата со 15 бода.


Играч на Арсенал е најмладиот дебитант во Премиер лигата

Фудбалерот на Арсенал Итан Нванери е најмладиот играч кој одиграл натпревар во Премиер лигата.

Нванери дебитира за екипата на Арсенал на натпреварот против Брентфорд во осмото коло од Премиер лигата на возраст од 15 години и 181 ден. Тој влезе во игра во 92.минута од средбата. Фудбалерот на Арсенал го собори рекордот на Харви Елиот кој дебитира во Премиер лигата со 16 години и 30 дена.

Арсенал славеше победа над Брентфорд со 3:0 и се наоѓа на првото место од табелата со 18 бодови.


Кошаркарите на Шпанија ја слават титулата на Европското првенство

Кошаркарската репрезентација на Шпанија го освои првото место на Европското првенство, откако во финалето ја совлада Франција со резултат 88:76.

Најдобар кошаркар во победничката екипа беше Хуанчо Ернангомез со 27 поени, додека кај Французите најефикасен беше Еван Фурније со 23 коша.

Шпанија која е актуелен светски првак, со победата во финалето во Берлин стигна до четвртото злато на европските првенства. Франција остана на едно злато освоено во 2013.година.

Во борбата за третото место Германија ја совлада Полска со 82:69.


Мото ГП шампионатот следната сезона ќе се вози во Индија

Според последните гласини, шефот на Дорна Спорт, сопственикот на комерцијалните права во Мото ГП, Кармело Еспалета, следната недела ќе ја посети Индија за официјално да го објави вклучувањето на земјата во календарот на шампионатот.

Најверојатно 2024 година е реално Индија да влезе во Мото ГП, иако некои информации велат дека тоа може да се случи и следнат година. Шампионатот ќе ја користи патеката Буд надвор од Њу Делхи, која помеѓу 2011 и 2013 година беше домаќин на единствените три изданија на Индиското ГП во Формула 1.


Одредени пет кандидати за наградата „Пјотр Нуровски“

Пет кандидати се номинирани за наградата за најдобар млад спортист

„Пјотр Нуровски“, што ја доделува Европскиот олимписки комитет. За најдобар млад спортист во Европа за 2022 година конкурираат Ангелина Топиќ (атлетика – Србија), Дарија Атманов (гимнастика – Израел), Софија Далиду (веслање – Грција), Андреа Спендолини Сириекс (скокови во вода – Велика Британија) и Филипо Бертони (пливање – Италија).

Најдобриот млад спортист го избираат претставници на сите национални олимписки комитети од Европа. Наградата за најдобар млад спортист во Европа, „Пјотр Нуровски“ се доделува од 2010 година, кога беше востановена и именувана по трагично загинатиот претседател на Олимпискиот комитет на Полска, кој го загуби животот во авионска несреќа.


Халанд е фудбалер на месецот во Премиер лигата

Халанд е фудбалер на месецот во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд очекувано беше избран за Играч на месец август во Премиер лигата.

Норвежанецот имаше историски прв месец во најсилната фудбалска лига и постигна 9 гола во првите пет меча.

Тој постигнуваше голови против Вест Хем, Њукасл, Кристал Палас и Нотингем Форест, а против Борнмут запиша асистенција.

Халанд е првиот играч кој ја добива оваа награда во дебитантскиот месец, уште од февруари 2020 кога наградата ја доби Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед.