feature

Јончевски: Наметнавме свој ритам и успешно ја запревме Норвешка

Македонската кошаркарска репрезентација запиша важна победа против Норвешка со резултат 58:36, во претквалификациите за Европското првенство.

Селекторот на репрезентацијата Александар Јончевски после натпреварот изрази задоволство од триумфот и очекува нов успешен настап и против Данска.

„Добро се подготвивме за овој дуел со Норвешка, имавме целосна контрола на мечот и наметнавме ритам што ни одговара. Ја стопиравме нивната транзиција од каде најчесто постигнуваа поени против Словачка и Данска. Тие не постигнаа ниту една тројка од 21 обид, што е заслуга на целиот наш тим и енергијата која ја внесовме. Задоволен сум од новајлијата Шортс, кој одигра онака како што очекувавме. Очекуваме сличен натпревар и со Данска“, изјави селекторот Јончевски.

Следен натпревар на Македонија е во недела против селекцијата на Данска.


Жак Вон е нов тренер на Бруклин Нетс

НБА тимот Бруклин Нетс за свој нов тренер го назначи Жак Вон, кој на клупата ќе го наследи Стив Неш.

Како најголем фаворит за тренерското место во Бруклин, медиумите го посочуваа поранешниот тренер на Бостон, Име Удока, но сепак челниците на Нетс се одлучија за Жак Вон кој во екипата е тренерски асистент од 2016 година.

Според достапните информации договорот помеѓу Бруклин и новиот тренер Вон ќе трае до крајот на сезоната 2023/24.


Саутгејт го објави списокот на фудбалери кои ќе настап за Англија во Катар

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Гарет Саутгејт го соопшти списокот на играчи кои ќе патуваат на Мундијалот во Катар. На овој список се најдоа Џејмс Медисон од Лестер, и напаѓачот Калум Вилсон од Њукасл Јунајтед. Во селекцијата се враќаат и играчите кои излегуваат од повреди а тоа се Кајл Вокер и Калвин Филипс.

На списокот ги нема повредените Рис Џејмс и Бен Чилвел кои пред неколку дена се здобија со повреди во своите клубови.

Голмани: Џордан Пикфорд (Евертон), Ник Поуп (Њукасл), Арон Рамсдејл (Арсенал).

Одбрана: Трент Александер Арнолд (Ливерпул), Конор Коуди (Евертон), Ерик Даер (Тотенхем), Хари Мегвајер (Манчестер Јунајтед), Лук Шо (Манчестер Јунајтед), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Киран Трипие (Њукасл), Кајл Вокер (Манчестер Сити), Бен Вајт (Арсенал).

Среден ред: Џуд Белингем (Дортмунд), Мејсон Маунт (Челзи), Калвин Филипс (Манчестер Сити), Деклан Рајс (Вест Хем), Конор Галагер (Челзи), Џордан Хендерсон (Ливерпул).Напад: Џејмс Медисон (Лестер), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Фил Фоден (Манчестер Сити), Џек Грилиш (Манчестер Сити), Хари Кејн (Тотенхем), Букајо Сака (Арсенал), Рахим Стерлинг (Челзи), Калум Вилсон (Њукасл).


Интер покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер преговара со дефанзивец на Сити како замена за Шкрињар

Интер на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Де Врај, а неизвесна е иднината и на Шкрињар, па сака да доведе најмалку еден дефанзивец.

Аке има сериозна конкуренција во Сити и не добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината. Холанѓанецот ова лето беше блиску до трансфер во Челзи, но сепак остана во Сити, а Интер сака да ја искористи ситуацијата.

„Нероаѕурите“ сакаат да го донесат на позајмица со право на откуп за 30 милиони евра.


Тен Хаг загреан да го доведе Митровиќ оваа зима

Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот со искусен напаѓач.

Тен Хаг сака да се ослободи од Роналдо и да донесе робусен напаѓач, а прва мета е напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ. Србинот треба да биде замена за Роналдо во нападот, зашто Португалецот е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Митровиќ игра уште една фантастична сезона и до сега постигна 9 гола на 12 настапи. Меѓутоа, Фулам сигурно нема лесно да се откаже од својата прва ѕвезда, па Јунајтед ќе треба добро да го одврзе ќесето.


Арсенал најави засилувања за јануарскиот преоден рок

Челниците на фудбалскиот состав на Арсенал одлучија да го поддржат менаџерот Микел Артета во трката за титулата во Премиер лигата на Англија.

Тие ќе обезбедат сериозни средства за засилување на тимот во зимскиот преоден рок, најавија медиумите во Англија.

„Топчиите“ засега се на челната позиција на табелата а нивната победа во лондонското дерби во текот на викендот дополнително ги подгрева надежите дека имаат квалитет да стигнат до пехарот.


Сити нема да купува нови фудбалери во јануари

Манчестер Сити не планира да ангажира играчи во зимскиот преоден рок. Ова го соопшти главниот тренер на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

„Нема да купуваме никого во јануари. Ние го имаме нашиот тим“, изјави Гвардиола на новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

По 13 натпревари, Манчестер Сити е втор во табелата во Премиер лигата со 32 бода и два бода помалку од Арсенал.

Во Лигата на шампионите, тимот на Гвардиола ја освои групата Г со 14 бодови. Англискиот тим за ривали во оваа фаза ги имаше Борусија Дортмунд, Севиља и ФК Копенхаген.


Иранецот Мехди Тареми на радарот на два премиерлигаши

Лондонските екипи Челзи и Тотенхем се вклучија во трката за иранскиот напаѓач на Порто, Мехди Тареми. Клупските скаути беа присутни на натпреварот од португалското првенство помеѓу Порто и Брага (4-1), објави Фудбал Лондон.

Според изворот, Челзи веќе обрнал внимание на кандидатурата на иранскиот напаѓач во последните денови од летниот преоден рок. Раководството на „сините“ сакаше да ја засили офанзивната линија на клубот по заминувањето на Ромелу Лукаку и Тимо Вернер. Поради тоа што трансферот не се оствари, Челзи потпиша со габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона.


Кака: Бразил е фаворит, а Србија е можно изненадување во Катар

Легендарниот бразилски фудбалер Кака изјави дека Бразил е фаворит за титулата ма Мундијалот во Катар, бидејќи екипата долго време се подготвувала за проектот и сега има одличен спој на младост и искуство.

Во интервју за Газета дело Спорт, Кака истакнува дека покрај Бразил, фаворити за титулата се уште Франција и Аргентина, а како можно изненадување ја наведува селекцијата на Србија.

„Не чека специфичен Мундијал кој се игра во друго време и прилагодувањето на климата и опоравувањето би можеле да имаат голема улога. Уверен сум дека најдобрите фудбалери ќе бидат на висина на задачата. Посебно ме интересираат настапите на Роналдо и Меси, и нивното влијание на последното СП за нив“, изјави Кака.


Њукасл ќе испрати понуда за Јаник Фереира Караско

Шпанските медиуми пренесуваат дека Јаник Караско би можел да го напушти Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок.

Караско оваа сезона добива шанса кај Симеоне, но и самиот е спремен за нова авантура после Мундијалот. Белгиецот на лето влегува во последната година од договорот, па „јорганџиите“ се спремни да го продадат уште во јануари.

Најсилен интерес за Караско покажува Њукасл, кој сакаше да го доведе уште во летниот преоден рок.