feature

РК Вардар 1961 соопшти две засилувања за наредната сезона

Ракометниот клуб Вардар 1961 соопшти дека од наредната сезона екипата ќе се засили со доведување на двајца македонски ракометари.

Како нови засилувања се договорени Томислав Јагуриновски и Михаил Аларов. Двајцата ракометари потпишаа двегодишни договори. Јагуриновски е поранешен играч на Вардар кој сега повторно се враќа во старата средина, а за Аларов ова ќе биде прв настап во поранешниот европски првак.


За прв пат во историјата, женски судии ќе водат натпревари на СП во Катар

Светската фудбалска федерација – ФИФА, избра шест жени судии кои во Катар за прв пат во историјата ќе судат натпревари на Светско првенство за фудбалери.

За Мундијалот во Катар се делегирани 36 главни судии, 69 помошни и 24 судии задолжени за ВАР. Како што се наведува во соопштението, од 129 судии, на списокот се наоѓаат и шест жени,од кои три ќе бидат главни судии на натпреварите.


Бензема: Роналдо уште не ми честитал за освојувањето на „Златната топка“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој неодамна ја освои Златната топка, зборуваше за оваа награда и за неговата здравствена состојба.

„Не сакав да престанам да играм додека не ја освојам Златната топка. Секогаш верував во себе, знаев дека во одреден момент дека со моите квалитети и амбиции можам да победам. Затоа во последните четири години постојано се трудев да го дојдам до овој трофеј.

Дали Роналдо ми честиташе? Не не сеуште.

Мојата форма? Добро сум, имав мала болка, мала непријатност имаше насекаде. Со толку многу натпревари, тоа е нормално. Се грижев за себе, ќе бидам во форма и подготвен за репрезентацијата, така што нема проблем. Ќе се фокусирам на она што треба да го направам. Сакаме да играме фудбал. Проблемот е што ние не сме машини. Секогаш мораме да бидеме 100% подготвени и да играме на секои три дена. Во одреден момент има повреди, тоа е нормално“, изјави Бензема.


Борусија Дортмунд не може да го задржи Џуд Белингем

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Ватцке изјави дека клубот ќе донесе одлука за иднината на играчот од средниот ред Џад Белингем по Светското првенство во 2022 година.

„Мислам дека откако ќе заврши Светското првенство во Катар, ќе разговараме со Белингем што тој навистина сака. Со него и неговите родители, со кои имаме многу блиски односи. И, се разбира, со неговиот претставник. И тогаш треба само да ни каже дали сака да остане или сака да замине. Во секој случај, ќе имаме многу пријатна и разумна дискусија меѓу себе.

Но, не смееме да се правиме дека не се разговара за финансиската страна на прашањето. Ако се вклучат навистина големи клубови, тогаш нема да можеме да си дозволиме да се натпреваруваме со нив“, изјави Вацке за „Билд“.

Претходно се појави информација дека многу европски врвни клубови меѓу кои Челзи, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен се заинтересирани за трансфер на фудбалер. 19-годишниот Англичанец оваа сезона забележа 22 настапи за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола и три асистенции.


Галтие ја потврди довербата за Марко Верати

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, потврди дека клубот сака да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Марко Верати.

„Ми кажаа за желбата на клубот да потпише нов договор со Марко Верати. Да, тоа е вистина, и тоа е дел од нашите планови. Мислам дека Марко е навистина среќен овде во Париз“, изјави Галтие.

Претходно беше објавено дека двете страни разговараат за договор до 2026 година, кој мора да биде потпишан пред продолжувањето на сезоната во францускиот шампионат во декември.

Актуелниот договор на Верати со ПСЖ истекува во јуни 2024 година. Италијанскиот играч за врска се пресели во парискиот клуб во 2012 година. Марко Верати за оваа екипа има одиграно 256 натпревари и постигна пет гола.


Два англиски гиганти го сакаат Мукоко од Борусија Дортмунд

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко е во сферата на интерес кај два врвни клуба од Англија.

Според „Sport Bild“, Манчестер јунајтед и Ливерпул зимава ќе се борат за 17-годишниот напаѓач. Двата клуба будно го следат развојот на германскиот фудбалер. Претходно беше објавено дека Барселона пројавува интерес за Мукоко.

Актуелниот договор на Мукоко со Борусија истекува во летото 2023 година. Играчот чека да наполни 18 години (ова ќе се случи на 20 ноември) за да го обнови договорот.

Оваа сезона Мукоко постигна шест гола и имаше шест асистенции на 21 натпревар за Борусија во сите натпреварувања.


Бензема размислува за заминување од Мадрид?

Реал Мадрид минатото лето го пушти Касемиро да замине во Манчестер јунајтед, а сега „Ел Насионал“ носи спектакуларна вест дека Карим Бензема би можел да замине од шпанскиот гигант.

Медиумот пишува дека Бензема наводно е подготвен да замине од „кралскиот клуб“ ако во меѓувреме биде ангажирана друга ѕвезда во нападот следното лето, а наводно заинтересиран за францускиот напаѓач е Ливерпул. Бензема оваа сезона не игра најдобро за „кралевите“ бидејќи често беше повреден и постигна само шест гола во првиот дел од сезоната, а наскоро ќе наполни и 35 години, па шпанскиот гигант полека мора да се подготвува за иднината.

Французинот неодамна ја одби „Златната топка“ откако во претходната година играше на врвно ниво и му помогна на Реал да ги освои шпанската и европската круна.


Клоп: Играчите ќе мора да ми се јавуваат после секој натпревар на Светското првенство

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека му наредил на фудбалерите од клубот кои ќе играат на Мундијалот во Катар, да му се јавуваат после секој натпревар.

Седум играчи на Ливерпул ќе настапуваат за своите селекции на СП во Катар, а остатокот од екипата за време на првенството ќе биде на припреми во Дубаи.

„Имаме јасно правило кога се работи за натпреварите на репрезентациите. Фудбалерите мора да ми се јавуваат после секој одигран дуел. Тие мора да ми кажат како се осеќаат и дали имаат некакви болки или повреди. Ние како тим ќе бидеме во Дубаи, и ако некој од играчите мора да го напушти кампот на репрезентациите може веднаш да дојде кај нас“, потенцира Клоп.

Мундијалот во Катар започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември.


Нејмар: Овој Мундијал ќе донесе многу квалитетно ниво

Бразилскиот напаѓач Нејмар проговори за тајмингот на Светското првенство во Катар и за квалитетот кој го очекува на СП.

„Треба добро да се подготвите за натпреварот, да бидете во стопроцентна форма и физички и психички. Подготовките за овој Мундијал се одвиваат подобро од вообичаено бидејќи наидува на средината на сезоната кога играчите се во најдобра физичка кондиција. Фудбалерите може да се уморат по сите турнири на крајот од сезоната, па мислам дека нивото на овој Мундијал ќе биде многу високо “, изјави Нејмар.

Бразил е во групата Г и ќе игра со Србија, Швајцарија и Камерун. Селекцијата на Бразил првиот натпревар на Светското првенство ќе го одиграат на 24 ноември со репрезентацијата на Србија.


Два европски гиганти го сакаат Енцо Фернандез од Бенфика

Барселона и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за ѕвездата на Бенфика и аргентински репрезентативец, Енцо Фернандез. 21-годишниот Аргентинец ова лето пристигна во Бенфика од Ривер Плата, а со одличните настапи веднаш ја покажа својата класа.

Фернандез важи за еден од најголемите аргентински таленти, а Барселона и Манчестер Јунајтед веќе ја започнаа борбата за неговиот потпис.

Сепак, Бефика нема лесно да се откаже од него и за неговата слобода бара да се плати откупната клаузула која изнесува вртоглави 120 милиони евра.

Бенфика пред неколку месеци за Фернандез плати само 12 милиони евра, а споменатите клубови се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис.