feature

Верати би останал до крајот на кариерата во Париз

Марко Верати би можел да потпише нов договор со Пари Сен Жермен.

Оваа вест ја потврди Фабрицио Романо, кој истакнува дека се уште ништо не е официјално, но дека Верати и ПСЖ се во преговори и дека се оди во добра насока. Верати пристигна во ПСЖ во 2012 година за само 12 милиони евра и прерасна во вистинска клупска легенда.

Последен пат го продолжи договорот есента 2019 година кога потпиша до 2024 година, но ПСЖ сакаат што поскоро да го обезбеди неговиот нов потпис.


Фетел не ја исклучува можноста за враќање во Формула 1

Четирикратниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, во изјава за германските медиуми вели дека не ја исклучува можноста да се врати на настапите во Ф1, откако претходно најави дека ова е негова последна сезона во кариерата.

Фетел својата последна трка ќе ја има во Абу Даби, а како главна причина за повлекувањето од Ф1 ја наведува желбата за поминување повеќе време со семејството и можноста да започне некои нови проекти.

„Во моментот мојата одлука е да престанам со тркањето во Формула 1, но можеби за година или две ќе имам поинакви размислувања и не можам да исклучам враќање на трките во иднина“, изјави Фетел.


Тилеманс се договори за бесплатен трансфер во Арсенал

Фудбалерот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс, би можел да му се приклучи на Арсенал со слободен трансфер на крајот од сезоната, тврдат утринава холандските медиуми.

Истите одат подалеку и тврдат дека 25-годишниот Белгиец веќе се договорил со лондонскиот тим за условите на неговиот договор. Договорот на Тилеманс со Лестер Сити истекува во летото 2023 година и тој барем засега одбива да го продолжи.

За играчот се заинтересирани и Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Реал Мадрид. Репрезентативецот на Белгија има 16 настапи оваа сезона, постигнувајќи 3 гола и 1 асистенција во сите натпреварувања. Порталот Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 40 милиони евра.


Крос постави еден услов за нов договор со Реал

Реал Мадрид се обидува да му го продолжи договорот на германскиот фудбалер Тони Крос, кој сака да остане во клубот, но само под еден услов.

Овој 32-годишен фудбалер наводно поставил услов до раководството да биде прв избор кај тренерот Карло Анчелоти и да добие доволно голема минутажа.

Договорот на Крос трае до следното лето, а постои голема можност да не се договорат за нова соработкја затоа што Анчелоти веќе зема неколку млади фудбалери, меѓу кои се Орелиен Чуамени и Едуардо Камавинга.

Крос стана еден од најважните фудбалери на „кралевите“ во последните години и досега одигра 383 натпревари за шпанскиот шампион, а притоа постигна 26 голови и 87 асистенции.


Роналдо: Манчестер Јунајтед ме предаде, некои луѓе сакаат да ме истераат од клубот

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, во ексклузивно интервју со познатиот британски новинар Пирс Морган, изјави дека се чувствува предаден од Манчестер Јунајтед и дека клубот направил црна овца од него. 

Роналдо вели дека нема почит кон тренерот Ерик тен Хаг, бидејќи ни тој нема нема почит кон него. Фудбалерот уште наведува дека некои луѓе од клубот сакаат да го истераат од Олд Трафорд.

Роналдо во интервјуто отворено проговори и за состојбите во клубот откако пристигна во Јунајтед.

„Луѓето мора да ја знаат вистината дека Јунајтед сака да ме истера. Не само тренерот, туку и некои други луѓе од клубот не ме сакаа повторно во Јунајтед. Не постои напредок во клубот откако пристигнав, и ништо не е променето после заминувањето на Сер Алекс Фергусон. Дојдов во Јунајтед затоа што сакав добри работи за клубот и имам желба да помогнам. Морам да нагласам дека клубот ќе мора да промени многу работи за да го подигне своето ниво и да дојде во ранг на Сити, Ливерпул, а сега и на Арсенал.


Одличниот Ти-Џеј Шортс: Се чувствувам како Македонец

Најновото засилување за македонската кошаркарска репрезентација Ти-Џеј Шортс стана нов спортски миленик на македонската јавност. Тој покажа фантастични игри на двата досегашни настапи во дресот на македонската репрезентација, а во победата над Данска Ти-Џеј одигра маестрално и беше најзаслужен за остварениот триумф на натпреварот кој се одигра во Гевгелија.

„Сакам да им честитам на данските кошаркари за отпорот кој го пружија. Им благодарам на сите во публиката кои ни дадоа дополнителен ветер, а ние им се оддолживме со нашата игра. Се чувствувам како дома, како Македонец. Благодарен сум што сум тука, и благодарен сум на поддршката од сите“, изјави Ти-Џеј Шортс после натпреварот.


Расел од Мерцедес ја оствари својата прва победа во Формула 1

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на Формула 1 трката за Големата награда на Бразил, со што ја забележа својата прва победа во шампионатот.

Расел после спринт трката, победи и во главната трка на патеката Интерлагос, а второто место му припадна на неговиот тимски колега Луис Хамилтон. Како трет на целта пристигна Карлос Саинц од Ферари.

Последната трка во сезоната се вози наредната недела во Абу Даби.


Надал: Тешко дека ќе играм и со 40 години

Повеќекратниот тениски грен слем шампион, Рафаел Надал, изјави дека не е сигурен оти ќе игра тенис и со 40 години.

„Не знам и не можам да ја предвидам иднината. Искрено делува дека тоа е многу тешко.Меѓутоа и кога имав 28,29 години ми беше тешко да се замислам себеси на теренот со 36 години, но ете и понатаму сум тука и се борам за титули. Искрено уживам кога сум на теренот и тоа ми е најважно во овој момент“, изјави Надал.

Надал оваа година го освои Австралија опен и Ролан Гарос и со тоа стигна до бројката од 22 освоени грен слем титули. Тој на завршниот турнир во Торино ќе игра во зелената група со Феликс Оже Алијасим, Тејлор Фриц и Каспер Руд.


Шкупи ќе биде домаќин во Кичево додека трае суспензијата на ФФМ

Екипата на Шкупи вчера доби казна од Фудбалската федерација на Македонија и теренот во Чаир е суспендиран поради инцидентите.

Чаирчани поради нападот на гостинските фудбалери на Шкендија мораа да изберат алтернатива, а условоте беше да играат на 100 километри од нивниот стадион. Алтернативата е веќе пријавена.

Натпреварот против Скопје Шкупи ќе го игра на Градскиот стадион во Кичево. Натпреварот се игра в сабота од 13:00 часот.


Двата римски клуба го сакаат Србинот Лукиќ

Рома и Лацио се силно заинтересирани за плејмејкерот на Торино и српски репрезентативец, Саша Лукиќ.

Лукиќ игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, а „Тутоспорт“ пишува дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Рома и Лацио.

Мурињо е голем симпатизер на Србинот и верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот систем на игра, а во Лукиќ гледа наследник на Матиќ.