Илија Несторовски конечно почнува да добива минутажа во Удинезе, македонскиот напаѓач одигра два натпревари под водство на Андреа Сотил и забележа една асистенција.
Нестор асистираше против Монца кон крајот на август за победа од 2-1, а во последнното коло откако влезе во игра Удинезе направи пресврт и победи со 3-1 против Сасуоло.
На почетокот од сезоната Удинезе е едно од најпријатните изненадувања во Серија А. Тимот на македонскиот напаѓач има четири победи на шест натпревари.
Салихамиџиќ: Нагелсман уште го бара својот стил на игра
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ изјави дека тренерот на екипата, Јулијан Нагелсман, и понатаму го бара својот стил на игра кој би го применувал шампионот на Бундеслигата.
Салихамиџиќ изјавата ја дал откако некои германски медиуми ја пренесоа веста дека дел од фудбалерите на Баерн, но и членови од раководството не биле задоволни од работата на тренерот Нагелсман.
„Јулијан сеуште го бара својот стил. Никогаш претходно тој немал на располагање ваква екипа. Не е лесно кога во екипата имаш толку играчи кои сакаат постојано да настапуваат. Тренерот има отворена дискусија со играчите и мора да биде ист со секој од нив“, изјави Салихамиџиќ.
Германскиот весник „Билд“ пренесува дека некои фудбалери мислат дека тренерот на Баерн треба да ги преиспита своите тактички замисли и да преземе одговорност после лошите резултати.
Баерн Минхен во моментот се наоѓа на третата позиција во Бундеслигата со три победи и три нерешени натпревари.
Шкупи доби казна од УЕФА од 44.000 евра
УЕФА ја објави казната за македонскиот шампион Шкупи после испадите на навивачите за време на натпреварите во европските купови.
Клубот од Чаир од УЕФА е казнет со 44.000 евра поради користење на пиротехничи материјали и недолично однесување на навивачите.
Бохум го отпушти тренерот Рајс
Фудбалскиот клуб Бохум поради лошите резултати од почетокот на сезоната во Бундеслигата, го отпушти тренерот Томас Рајс.
Бохум е втор клуб во шампионатот на Германија кој му се заблагодари на својот тренер оваа сезона, после Лајпциг кој му врачи отказ на Доменико Тедеско.
Рајс го водеше Бохум од септември 2019.година. Екипата во минатата сезона заврши на 13.место во Бундеслигата, а во првите шест натпревари од новата сезона забележа шест порази со примени 18 гола.
Шкрињар добива нов договор и највисока плата во Интер
Милан Шкрињар ќе потпише нов договор со Интер според кој ќе стане фудбалерот со најголема плата во клубот.
Актуелниот договор на словачкиот фудбалер со Интер истекува по крајот на оваа сезона, тој следното лето ќе стане слободен играч доколку не потпише нов. Преговорите за нов договор ова лето беа ставени на пауза поради интересот на ПСЖ. Интер одолеа на понудите, ги одби сите, бараше најмалку 70-80 милиони евра за својот дефанзивец.
Сега италијанските медиуми тврдат дека во наредните денови Шкрињар ќе потпише нов договор со Интер и ќе стане фудбалер со највисока плата во клубот.
Ќе заработува седум милиони евра по сезона.
Викендов продолжува англиската Премиер лига
Англиската фудбалска Премиер лига ќе продолжи овој викенд, откако минатата недела не беа одиграни натпревари поради смртта на кралицата Елизабета Втора.
Поради погребот на кралицата и логистичките проблеми на полицијата, натпреварите Челзи и Ливерпул, како и Лидс и Манчестер Јунајтед се одложуваат и ќе бидат одиграни во нареден термин.
Натпреварот Брајтон и Њукасл е одложен од поодамна поради штрајк на железницата. Останатите првенствени натпревари ќе бидат одиграни според предвидените термини.
Одложен натпреварот од Лига Европа меѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен
УЕФА потврди дека натпреварот меѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен нема да се одигра во четврток бидејќи нема доволно полиција која има посебна ангажираност во деновите по смртта на кралицата Елизабета.
Поради тоа што има лимитиран број на полиција во Лондон, натпреварот меѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен нема да се одигра.
Голем број на полицајци се ангажирани во посмртните активности за кралицата Елизабета, па нема доволен број за безбедна организација на натпреварот.
„УЕФА соопштува дека натпреварот од Лига Европа меѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен, кој требаше да се игра во четврток на 15 септември, е одложен за нов датум кој ќе биде дополнително определен. Мечот е одложен поради ограничен број на полиција која е ангажирана околу настаните по повод смртта на кралицата Елизабета“, стои во соопштението на УЕФА.
Адис Јаховиќ ја заврши репрезентативната кариера
Јаховиќ се повлекува од македонската репрезентација Септември 12, 2022 Спорт, Фудбал Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски повеќе нема да може да смета услугите од Адис Јаховиќ. Напаѓачот кој има 19 настапи и три голови во репрезентативниот дрес одлучи да се повлече од националниот тим.
Фудбалерот долги години со успех настапува во турското првенство и едноставно вели дека сега е време за збогум од репрезентативниот дрес, бидејќи повредите и возраста во голема мера бараат повеќе време за одмор и закрепнување. Јаховиќ преку допис до Фудбалската федерација на Македонија ја образложи својата одлука:
Да настапуваш во дресот на македонската репрезентација е исполнување на детскиот сон. Токму затоа воопшто не е лесно да се каже збогум, но сега е време за тоа. Не само заради мене, туку и поради репрезентацијата, соиграчите и селекторот. Чувствувам дека повеќе не сум во можност на вистински начин да одговорам на репрезентативните обврски и сега е време чесно да го соопштам тоа. Би сакал да се заблагодарам на сите соиграчи од репрезентацијата и целиот стручен штаб. Благодарност за селекторот Благоја Милевски за соработката и целата поддршка. Минавме и тешки и радосни моменти. Спомените ќе ги чувам засекогаш. Во оваа репрезентација има талент и квалитет. Убеден сум дека ќе продолжат да напредуваат и да ја радуваат македонската спортска јавност. Оваа генерација на македонски фудбалери зад себе веќе има големи резултати и се што треба е да продолжат да даваат се од себе на секој натпревар за Македонија. Во победа или пораз, навивачите тоа го ценат. Јас секогаш ќе бидам поддршка за тимот и цела репрезентација.
Напред Македонија“.
ФФМ му се заблагодари на Јаховиќ за неговиот придонес во репрезентацијата и му посaка успех во понатамошните клубски настапи. За македонската репрезентација Адис Јаховиќ дебитираше на 14. ноември 2012 година на пријателскиот натпревар против Словенија.
На денешен ден “13 Септември”
На 13-ти Септември 1989 година е роден Томас Милер, Германската машина на Баерн Минхен. Тој го држи рекордот за најмногу асистенции во Бундеслигата, со 152 асистенции.
Диего Коста и официјално е нов играч на Вулверхемптон
Фудбалскиот клуб Вулверхемптон соопшти дека потпиша договор со напаѓачот Диего Коста. 33-годишниот фудбалер остана без клуб откако во јануари го напушти бразилскиот Атлетико Минеиро, а со популарните Волци потпиша договор до крајот на сезоната. Коста лекарските прегледи ги мина минатата недела после што ја доби и потребната работна дозвола, па така тој ќе биде замена за Саша Калајџиќ кој доживеа тешка повреда на своето деби во дресот на Вулверхемптон. Коста во својата кариера има забележано 500 настапи, има освоено 12 трофеи, од кои две титули во Премиер лигата со Челзи и две Примери со Атлетико Мадрид.