feature

Партизан го собори рекордот по бројот на продадени сезонски влезници во Евролигата

Кошаркарскиот клуб Партизан, кој сезонава се враќа во Евролигата,
соопшти дека го соборил рекордот на елитното европско клупско
кошаркарско натпреварување според бројот на продадени влезници.

Првиот човек на белградскиот клуб објави на социјалните мрежи дека за новата сезона 2022/23 се продадени рекордни 10.000 сезонски билети.
„Кога сите сме како еден, чудата се можни. Сакам да им се
заблагодарам на сите кои со купување сезонски билет му изразија
доверба на нашиот тим. Тука сме заедно да испишеме историја“,
напиша претседател на Партизан, Остоја Мијаиловиќ на својот
Твитер профил.


Уапсени пет фанови на Олимпик Марсеј во Лондон

Уапсени пет фанови на Олимпик Марсеј во Лондон

За време на натпреварот од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, во кој Тотенхем го пречека Олимпик Марсеј, лондонската полиција уапси пет навивачи на францускиот клуб.

„Пет лица беа уапсени на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Тотенхем и Марсеј одигран во средата на 7 септември. Беа извршени апсења за различни прекршоци, вклучувајќи употреба на огнено оружје, тепачка, пијанство, непристојно однесување и дрога. Објавено е дека сите уапсени биле навивачи на гостинскиот тим. Еден полицаец е повреден при апсењето и наводно си ја скршил раката“, објави лондонската полиција.

Да потсетиме, за време на натпреварот, навивачите на Марсеј правеа инциденти на трибините, фрлаа пиротехнички средства кон навивачите на Тотенхем, а исто така го скинаа и знамето на ЛГБТ што висеше над излезот на трибината.


Костовски последно засилување за второлигашот Охрид

Костовски последно засилување за второлигашот Охрид

Фудбалерот Кристијан Костовски е новото засилување на ГФК Охрид Лихнидос.

26-годишниот Костовски ќе го засили нападот на Охриѓани во продолжението од втората лига.

Во досегашната кариера има настапувано за екипите на Македонија Ѓорче Петров, Силекс, Тиквеш и Вардар.


Орие потпиша за Нотингем Форест, „шумарите“ доведоа 22 засилувања

Орие потпиша за Нотингем

Поранешниот бек на Тотенхем и ПСЖ, Серж Орие, му се приклучи на Нотингем Форест со слободен трансфер. Ова го објави англискиот клуб на својата официјална страница.

Со ова Орие е 22-то засилување на клубот во тековниот летен преоден рок, со што англискиот тим дојде до нов рекорд за нови засилувања. Вреди да се напомене дека дел од нив беа испратени на позајмица во грчкиот Олимпијакос. Да потсетиме дека преодниот рок во Англија се затвори на 1 септември, но клубот може да го регистрира играчот од Брегот на Слонова Коска како слободен играч, под услов да добие работна виза.

Минатата сезона Серж Орие имаше 24 настапи за Виљареал во сите натпреварувања и успеа да постигне две асистенции. 29-годишниот дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска е проценет на 10 милиони евра, а настапуваше и во француската Лига 1 за Тулуз, кој се врати во Лига 1 на крајот од минатата сезона.


Греам Потер е нов тренер на Челзи

Греам Потер е нов тренер на Челзи

Досегашниот тренер на Брајтон, Греам Потер, и официјално е именован за нов тренер на Челзи.

47-годишниот Потер на клупата на Челзи ќе го замени Германецот Томас Тухел, кој во средата доби отказ после поразот во првото коло на Лигата на шампионите од Динамо Загреб.

Според пишувањата во медиумите, Челзи како обештетување на Брајтон ќе му исплати 20 милиони фунти.

Потер се очекува своето деби како нов тренер на Челзи да го има на дуелот со Фулам.


Барса го сруши рекордот на трансфери во женскиот фудбал

Барса го сруши рекордот на трансфери во женскиот фудбал

Барселона и Манчестер Сити се клубови кои имаат одлични односи.

Двата клуба во претходните години имаа голем број соработки, сега имаат нова во женскиот фудбал. Имено, Кеира Валш стана најскапата фудбалерка во историјата. Сумите во женскиот фудбал се мизерни кога ќе се споредат со оние во машкиот.

Така најдобрата фудбалерка на Европското првенство на кое стана шампионка со Англија ќе премине во Барселона за 400.000 евра. Со ова ќе биде надминат рекордот од 2020 година кога Челзи плати 100.000 фунти за Пернил Хардер.


Пјаниќ претставен во новиот клуб од ОАЕ

Пјаниќ претставен во новиот клуб од ОАЕ

Долго се преговараше и неизвесна беше иднината на Миралем Пјаниќ, а денес е потврден неговиот нов клуб.

Чекаше Пјаниќ шанса во Барселона, но не доби прилика за игра па се одлучи за промена на средината.

Кариерата репрезентативецот на Босна и Херцеговина ќе ја продолжи во УАЕ во екипата на Шарјан со која потпиша договор на две години.

Трансферот е веќе потврден од неговиот нов клуб.


РБ Лајпциг го назначи Марко Розе за нов тренер на екипата

РБ Лајпциг го назначи Марко Розе за нов тренер на екипата

Германскиот фудбалски тренер, Марко Розе, е промовиран како нов тренер на бундеслигашот РБ Лајпциг.

Розе кој е роден во Лајпциг, на клупата ќе го замени Доменико Тедеско кој доби отказ после поразот на домашен терен од Шахтјор со 4:1 во првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Марко Розе со РБ Лајпциг потпиша договор до 2024 година. Тој претходно беше тренер на Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд.


Милан до февруари ќе игра без Флоренци

Милан до февруари ќе игра без Флоренци

Фудбалскиот клуб Милан соопштува дека Алесандро Флоренци е опериран после повредата на левиот бутен мускул и ќе биде надвор од терените околу пет месеци.

Флоренци се повреди на крајот на август после натпреварот против Сасуоло, а актуелниот шампион на Италија при крајот на летниот преоден рок на позајмица го доведе Сержињо Дест од Барселона.

Флоренци минатата сезона во Милан играше како позајмен фудбалер на Рома, но Милан ја искористи опцијата за откуп на неговиот договор.


Диего Коста потпиша договор со Вулверхемптон

Диего Коста потпиша договор со Вулверхемптон

Поранешниот бразилски и шпански репрезентативец, Диего Коста, потпиша договор со Вулверхемптон до јуни 2023 година, соопштуваат од англискиот премиерлигаш.

33-годишниот Коста потпиша договор со клубот откако ја доби потребната работна дозвола и ги помина лекарските прегледи. Тој во својот нов тим ќе биде замена за напаѓачот Саша Калајџиќ кој поради повреда ќе мора да паузира неколку месеци.

Диего Коста беше без ангажман од јануари, кога му истече договорот со Атлетико Минеиро. Тој претходно има настапувано за Атлетико Мадрид, Челзи, Рајо Ваљекано, Ваљадолид, Албасете, Селта, Брага и Пењафиел.