feature

Ди Марија ќе го прескокне дуелот против поранешниот клуб во ЛШ

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Анхел Ди Марија нема да настапи на натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА со ПСЖ.

Да потсетиме, Ди Марија заработи повреда на мускулот на натпреварот од 1. коло од италијанската Серија А со Сасуоло (3:0). Се очекуваше опоравувањето на аргентинскиот фудбалер да трае 10 дена, но Ди Марија не беше вклучен во составот на Јувентус за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите.

Ди Марија играше за ПСЖ од 2015 до 2022 година. Откако му истече договорот на играчот од средниот ред со францускиот клуб, тој потпиша договор со Јувентус. Натпреварот од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА, ПСЖ – Јувентус ќе се одигра утре, 6 септември, на стадионот „Парк де Пренс“ во Париз со почеток во 21.00 часот


„Кралевите“ му нудат нов договор на Начо Фернандез

Реал Мадрид со нов договор сака да го задржи Начо Фернандез во својот тим.

Раководството на „белите“ е подготвено на искусниот дефанзивец да му понуди нов договор – до летото 2024 година, што е 12 месеци подолго од сегашниот. Се разбира, тука е вклучена и повисока плата.

32-годишниот Начо минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања за Реал Мадрид и постигна три гола. Тогаш „белите“ ја освоија титулата во Ла Лига и триумфираа во Лигата на шампионите.

Поранешниот шпански репрезентативец е дете на клубот, а дел од првиот тим е веќе 11 години.


Ковачиќ: Обамејанг е баш тоа што ни недостигаше

Матео Ковачиќ го коментираше трансферот на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг во тимот на Челзи. Ковачиќ изјави дека таков играч им бил потребен на лондончани.

33-годишниот напаѓач може да дебитира за Челзи на натпреварот од Лигата на шампионите против Динамо Загреб (Хрватска). Во моментов играчот се опоравува од скршената вилица, но беше објавено дека е подготвен да влезе на теренот.

„Можам да кажам дека Обамејанг ќе биде важно засилување за нашиот тим. Ова е квалитетен стрелец кој ни недостасуваше. Челзи во последните години нема напаѓач кој би постигнал 20-25 гола. И треба да освојува титули. Затоа ни е мило што дојде. Ова е стрелец кој веќе се докажа. Се надевам дека ќе покаже слични резултати и во Челзи“, изјави Ковачиќ за „Мирор“.


Агуеро: Секој клуб со Меси во тимот е фаворит за освојување на ЛШ

Поранешниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро го сподели своето мислење за играта на својот сонародник Лионел Меси.

„Секој тим со Лео Меси во нивниот состав е претендент за освојување на Лигата на шампионите. Има чувство дека повторно е во ред. Тој има карактер на победник, кој е неопходен за секој тим кој сака да победува секаде и секогаш. Го знаеме натпреварувачкиот дух на Меси. Особено сега со него играат фудбалери како Нејмар и Мбапе. А ПСЖ веќе има стекнато големо искуство во европските натпреварувања“, изјави Агуеро

Меси оваа сезона забележа шест настапи во француската лига и постигна три гола. Има и шест асистенции.

Меси е во ПСЖ од сезоната 2021/2022. Во првата година со тимот, тој постигна шест гола и даде 14 асистенции.


Дали пропаѓа договорот меѓу Порше и Ред Бул?

Преговорите меѓу Ред Бул и Порше за влез на Германците во Формула 1 пропаднаа, објави германскиот сајт F1-insider, повикувајќи се на извори блиски до двете страни.

Уште пред март, Бордот на директори на автомобилскиот гигант Volkswagen Group одобри идно учество на два од брендовите на групацијата: Ауди и Порше да учествуваат во Формула 1. Ред Бул тврдоглаво не негираа дека преговараат со Порше, но секој пат тие прецизираа дека се уште не постигнале договор. Меѓутоа, сега е многу поверојатно дека воопшто нема да се постигне таков договор.

Се испостави дека Ред Бул и Порше не се согласуваат за голем број прашања. Се претпоставуваше дека Порше ќе купи 50% од Ред Бул Технолоџис, компанија која ги произведува Формула 1 болидите на Ред Бул и која е и шеф на Red Bull Powertrains, каде што ќе се произведуваат погонските единици на тимот за Формула 1. Но сега станува јасно дека, всушност, Ред Бул сакал да задржи повеќе од 50% од акциите и, во пракса, Порше да биде малцински акционер.


Гвардиола: Нема да ја освоиме Лигата на шампиони ако се ослонуваме само на Ерлинг Халанд

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, истакнува дека Ерлинг Халанд има квалитет да му помогне на екипата во освојувањето на Лигата на шампионите, меѓутоа норвешкиот напаѓач тоа не може да го направи сам.

Халанд ова лето во Сити пристигна од Борусија Дортмунд, и досега постигна 10 гола во првите шест натпревари од Премиер лигата. Тој во Лигата на шампионите има одиграно 19 натпревари и постигнато 23 погодоци.

„Сите играчи кои клубот се одлучи да ги доведе оваа сезона, се во функција да го подобрат тимот. Дали тоа ќе ни биде доволно за освојување на Лигата на шампионите не знам но верувам дека имаме шанси. Меѓутоа ако се ослонуваме само на Ерлинг, тогаш нема да ја освоиме ЛШ, бидејќи сите во тимот треба да играат добро за да создаваат шанси кои Халанд треба да ги реализира“, коментира Гвардиола.


Надал го заврши настапот на УС Опен

Шпанскиот тенисер Рафел Надал го заврши учеството на Гренд Слем турнирот во Њујорк откако во битката за пласман во четвртфиналето беше поразен од Американецот Френсис Тијафо со 3:1 во сетови.

24-годишниот Тијафо е првиот Американец кој стигна до четвртфиналето на УС Опен после Џон Иснер во 2018 година.

Надал со овој пораз ја прекина низата од 22 победи на гренд слем турнирите и нема да биде во можност да да ја освои својата 23 титула во кариерата.

Тијафо во четвртфиналето ќе игра против Русинот Андреј Рубљов.


Брајан Хил по ниедна цена не сака да остане во Тотенхем

Крилниот напаѓач на Тотенхем, Брајан Хил, не крие дека е фрустриран од клупските шефови кои го спречиле да се пресели во друг тим во летниот преоден рок.

Челниците на „спарси“ се определиле за таква одлука бидејќи не можеле брзо да најдат негова замена. За 21-годишниот талент биле заинтересирани Валенсија, Сампдорија и Олимпик Марсеј.  

Менаџерот, Антонио Конте, одбил да го пушти Шпанецот иако во новата сезона ќе му дава малку шанси за настап.


Стартува новата сезона од фудбалската Лига на шампиони

Со натпреварите од првото коло во групите Е, Ф, Г и Х денес започнува новата сезона во Лигата на шампионите. Како најинтересен натпревар за почеток на ЛШ се истакнува дуелот помеѓу Париз Сен Жермен и Јувентус.

Групната фаза од Лигата на шампионите ќе биде одиграна до 2.ноември. Нокаут фазата на најквалитетниот клупски фудбалски турнир започнува на 14.февруари наредната година. Големото финале е закажано за 10.јуни во Истанбул.

Титулата ја брани Реал Мадрид кој минатата сезона во финалето го совлада Ливерпул со 1:0.

Доколку имате фаворити и верувате во вашето знаење и среќа, тогаш www.evrotip.mk ја има вистинската понуда за ЛШ за Вас.


Англичанецот Баркли потпиша за Ница

Доскорешниот фудбалер на Челзи, Рос Баркли, сега ќе настапува во шампионатот на Франција откако успеа да договори трансфер во Ница.

Тоа е состав кој во текот на летово успеа да обезбеди неколку атрактивни имиња пред се голманот Шмајхел, потоа Пепе од Арсенал, Ремзи а на клупата го има и искусниот, Лусиен Фавр. Баркли прв пат ќе настапува надвор од Англија.

Тој во Премиер-лигата ги бранеше боите на Евертон, Челзи и Астона Вила. Во еден период го носеше дресот и на Шефилд Венздеј.