feature

Хаверц: Голема е разликата меѓу Челзи и Арсенал

Каи Хаверц направи промена на клупската средина во овој преоден рок со тоа што од Челси премина во Арсенал.

Тој остана во Англија, Премиер лигата, во Лондон со тоа што сега задача да им помогне на „топчиите“ да ги остварат зацртаните цели. Хаверц малку време е во таборот на Арсенал, но веќе има забележано разлика за кои отворено зборуваше.

„Очигледно ова е сосема поинаков стил на фудбал од она што го игравме во Чесзи. Мислам дека ова е стил кој многу ми одговара. Се разбира, секогаш е потребно малку време за повторно да се навикнеш на тоа. Тука сум две и пол недели. Ќе биде потребно извесно време, но давам се за да се обидам да играм на високо ниво.

Играте кога добро тренирате и играте добро на натпреварите. Мислам дека морам да дадам сè на секоја сесија, на секој натпревар. Така влегувам во тимот. Не само јас, туку секој играч. Секогаш во голем клуб како овој има конкуренција. Ќе дадам 100% за да играм, -вели Хаверц кој ужива да игра како „осумка“.


Србија јуниорски првак на Европа во кошарка

Јуниорската репрезентација на Србија, по пет години повторно е европски шампион во својата конкуренција откако триумфираше на шампионатот што се одржа во Ниш.

Во вечерашното финале, младите српски кошаркари убедливо ја победија Шпанија со 81-71 и ја симнаа од престолот на кој беше по последните две континентални првенства, во Волос и во Измир. Србите доминираа во текот на целиот меч, но одлучи второто полувреме кое го добија со 40-31.

Убедливо најдобар играч на натпреварот беше Никола Топиќ кој постигна 24 поени и 8 асистенции и со тоа го круниса фантастичниот настап на ова првенство. Очекувано, тој беше прогласен за МВП на шампионатот, а во идеалната петорка, покрај него, се најдоа уште сонародникот Богољуб Марковиќ, Шпанците, Хуго Гонзалес и Адај Мара и германскиот репрезентативец Иван Харченков. Бронзениот медал го освои Германија која во „малото финале“ ја совлада Франција со 67-59.


Аргентинецот Фариас потпиша за Интер Мајами

Фудбалскиот клуб Интер Мајами го купи аргентинскиот играч за врска Факундо Фариас, соопшти прес-службата на американскиот клуб.

20-годишниот фудбалер се пресели од аргентинскиот клуб Колон и потпиша договор до 2026 година со можност за продолжување на уште две сезони.

„Факундо е перспективен играч и со задоволство го поканивме да дојде во Интер Мајами. Веруваме дека тука ќе може да го реализира својот потенцијал и да ги прошири нашите можности на повеќе позиции“, изјавија од Интер Мајами на клупската веб-страница.

Младиот играч од средниот ред дебитираше во првата лига на Аргентина во ноември 2019 година. Зад себе има 95 настапи во сите натпреварувања, вклучително и осум натпревари во Копа Либертадорес, постигнувајќи три гола. Вкупно Фариас има 16 гола и девет асистенции за клубот од Санта Фе.


Демирбај пред потпис со Галатасарај

Фудбалерот на Баер Леверкузен Керем Демирбај ги договорил условите на личниот договор со турски Галатасарај, објави новинарот Николо Шира на своите социјални мрежи.

Според изворот, договорот е до 2026 година. Наскоро и официјално ќе биде објавен договорот меѓу клубовите.

30-годишниот германски играч за врска Керем Демирбај има турско државјанство. Тој ја претставуваше турската репрезентација на младинско ниво. Во текот на неговата кариера за возрасни, Керем играше само за германски клубови, а одигра и еден официјален натпревар за германската репрезентација, играјќи за неа на победничкиот Куп на Конфедерации во 2017 година.

Демирбај последните четири сезони ги мина во Баер Леверкузен, за кој одигра повеќе од сто натпревари, постигна 15 гола и даде 27 асистенции.


Имобиле пред потпис во Саудиска Арабијја

Чиро Имобиле, стана предмет на сериозен интерес на голем број тимови од Саудиска Арабија. 

Саудиските клубови ја подобриле својата понуда – претходно Имобиле добиваше договор за 20 милиони евра годишно, сега оваа сума е зголемена на 25 милиони евра годишно. На италијанскиот напаѓач му е понуден договор до 2026 година, но засега нема прецизност за висината на трансферот за Лацио. Досега преговорите се во многу рана фаза.

Во сезоната 2022/2023, Имобиле имаше 38 настапи за Лацио во сите натпреварувања, во кои постигна 14 гола и седум асистенции. Договорот на играчот со римскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 15 милиони евра.


УЕФА ќе го имплементира ВАР-системот и во квалификациите на евро-куповите

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе почне почесто да го користи ВАР системот на натпреварите во европските натпреварувања почнувајќи од следните две сезони (2023/2024 и 2024/2025).

Технологијата за прв пат ќе се користи во квалификациите за Лига Европа (од третото квалификациско коло) и Конференциската лига (од плеј-оф рундата на квалификациите).

Процентуално, бројот на натпревари од Лигата на Европа опфатени со системот ќе се зголеми за 26% (36 натпревари), а на Конференциската лига за 311% (140 натпревари), со оглед дека ВАР сега ќе работи и во групната фаза на турнирот. Исто така, ВАР за прв пат ќе се користи во сите квалификациски кола од Лигата на шампионите, а вкупниот број на натпревари со оваа технологија ќе се зголеми за 63 натпревари во однос на сезоната 2022/23, кога ВАР не беше обезбеден до третото квалификациско коло.


Дембеле одлучил: Ја напушта Барса и потпишува за ПСЖ

Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле им порачал на соиграчите дека кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ. Претходно беше објавено дека крилниот напаѓач на каталонскиот клуб се договорил со парижаните за договор до 2028 година. Се истакнува дека ПСЖ ќе плати 50 милиони евра за трансферот, од кои половина ќе оди кај самиот играч.

Францускиот напаѓач игра за Барселона од 2017 година, каде се пресели од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра. Во сезоната 2022/2023, Дембеле одигра 35 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, во кои постигна осум гола и девет асистенции. 

Договорот на играчот со каталонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, е 60 милиони евра


Американците сакаат проштален натпревар за Меси во Барселона

Сопственикот на фудбалскиот состав Интер Мајами сака Лионел Меси да одигра проштален натпревар на „Камп Ноу“.

Хорхе Мас изјави дека ќе направи „се што е во негова моќ“ за да му помогне на Аргентинецот да го одигра прошталниот натпревар на стадионот на Барселона. Тој ја отфрли можноста Лео да се пресели на позајмица кај Каталонците.

„Се надевам дека ќе има нешто кога ќе се отвори новиот Камп Ноу. Се надевам дека Меси ќе може да се збогува.Тоа не значи дека ќе игра за Барселона. На крајот на краиштата, Меси го заслужува тоа“, рече Мас.


Премиер лигата најави промени пред почетокот на новата сезона

Новата фудбалска сезона во Премиер лигата започнува на 11 август со дуелот помеѓу Барнли и Манчестер Сити, а пред неговиот почеток донесени се низа правила со кои раководството на лигата сака дополнително да го подобри квалитетот.

Меѓу важните точки е и фактот што судиите имаат задача да направат продолженија за секоја изгубена секунда во текот на натпреварот.

Премиер лигата минатата сезона забележа само 54 минути активнa игра. Причината за ова се прегледите на ВАР, прославите на головите и бројните задржувања на натпреварите.

Сепак, ЕФЛ реши да го направи она што го направи ФИФА за време на Светското првенство во Катар. Натпреварите ќе траат многу подолго бидејќи на судиите им е наредено да ја надополнат секоја загубена секунда.

Така, во новата сезона од Премиер лигата може да очекуваме многу натпревари со огромно продолжување, па дури и клубовите кои имаат намера да украдат време сега добро ќе размислат.


Лапорта: Мбапе е страшен играч, но Барса ги има најдобрите

Килијан Мбапе е на излезна врата од Пари Сен Жермен, поточно се чини тоа е единственото решение за „војната“ меѓу двете страни.

Напаѓачот не сака да оди во Саудиска Арабија и неговата цел е јасна, преселба во Реал Мадрид и останува да се види дали и кога ова сценарио ќе се реализира, сценарио за кое се говори, работи изминативе години, ама никако да се заокружи таа операција.

Доаѓањето на Французинот ќе значи многу за Реал, засилување од светска класа, но тоа не го плаши претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

„На хартија, страшен играч кој прави разлика. Да го имаш пред себе ја комплицира играта. Ама јас и верувам на мојата екипа. Играчите кои Барселона ги има за мене се најдобри. Тимот е составен од единаесет играчи и приоритет секогаш треба да биде тимот пред индивидуалците.

Би бил загрижен ако екипата пред мене има поголема силна како тим од мојата. Имаме подобар тим од минатата година и ќе имаме уште подобар“. порача Лапорта.