feature

Дени Руел e нов менаџер на Глазгов Ренџерс

Шкотскиот гигант Ренџерс денеска официјално го претстави новиот тренер, Германецот Дени Руел. Иако во изминатиот период клубот од Глазгов беше поврзуван со неколку звучни имиња и големи легенди, раководството сепак одлучи довербата да му ја даде на младиот германски стратег.

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски и неговите соиграчи подолг период беа без предводник, откако Расел Мартин беше отпуштен поради серија слаби резултати. Новиот тренер Руел ќе има тешка задача да го врати Ренџерс на победничките патеки и да ја разбуди екипата која тоне во криза.

Во својата досегашна кариера, Германецот беше дел од стручните штабови на Лајпциг, Саутемптон и Баерн Минхен, а како самостоен тренер работеше во Шефилд Венздеј, клуб кој го остави на дното од Чемпионшип.

Ренџерс во овој момент има само девет бодови по осум одиграни кола во шкотскиот шампионат, дури 13 помалку од водечкиот Хартс.


Синер нема да игра за Италија во Дејвис Купот

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи за својата држава на завршницата од Дејвис купот. Италијанскиот тим ќе го предводи осмиот тенисер на светот Лоренцо Мусети, а Синер (втор на АТП листата) нема да игра.

Италија е актуелен освојувач на ова натпреварување, а отсуството на Синер е голем хендикеп за оваа репрезентација.

За разлика од Синер, најдобриот светски тенисе Карлос Алкараз ќе ја предводи Шпанија, а и третиот на АТП листата Александар Зверев ќе биде дел од германскиот тим.

На завршницата на Дејвис купот ќе настапат осум репрезентации, а двојките во четвртфиналето се: Франција – Белгија, Италија – Австрија, Шпанија – Чешка и Аргентина – Германија.


Бадел и Крива Паланка со победи ја почнаа новата сезона

Со вечерашните три натпревари стартуваше Sparkase Life Прва лига жени. Во неизвесна завршница во Кавадарци, Бадел успеа да стигне до првата победа совладувајќи ја екипата домаќин Пробаскет со 87-83.

Убедлива победа оствари кандидатот за врвот на табелата Крива Паланка. Домашната екипа го совлда тимот на Патриот со 103-44. Во тек е натпреварот меѓу Вардар и Спорт Тим.

Последниот дуел од стартното коло се игра во среда (СРЦ Кале) меѓу МЗТ Бела Вода и првакот Баскет Кам. Натпреварите поради локалните избори беа одложени и не се играа во деновите од викендот.


Тудор под притисок по првиот пораз на Јуве сезонава

Поразот во последниот натпревар од Серија А на Јувентус од Комо на гости (2-0) носи многу неизвесност за останувањето на хрватскиот тренер Игор Тудор на клупата на Јувентус. Судбината за неговото останување ќе се знае по следните два дуела на клубот во Мадрид и во Рим.

Италијанските медиуми веќе споменуваат нови имиња за клупата на Јувентус, кои би можеле да го заменат Тудор. Ова особено доколку екипата има слаби резултати на дуелите со Реал Мадрид (Лига шампиони) и Лацио (Серија А).

Еден од првите кандидати е Лучано Спалети, кој последен ангажман го имаше како селектор на Италија. Потенцијален нов тренер е и Роберто Манчини, но големо влијание ако има нов тренер секако ќе биде и платата на Тиаго Мота (тренер), кој е уште на платниот список на Јувентус до 2027 година.


Моли О’Калахан и Кејти Даглас урнаа светски рекорди на Светскиот Куп во Вестмонт

Американската пливачка Кејти Даглас постави светски рекорд на 100 метри слободно во базени од 25 метри со време од 50,19 секунди на Светскиот Куп во Вестмонт, додека Австралијката Кејли Мекеон го собори светскиот рекорд на 200 метри грбно.

Даглас, олимписка шампионка на 200 метри градно на Олимписките игри во Париз, го освои финалето на 100 метри слободно со време од 50,19 секунди, соборувајќи го претходниот рекорд од 50,25 секунди поставен од Австралијката Кејт Кемпбел во Аделаида во 2017 година.

Второто место го освои Австралијката Моли О’Калахан (51,44), која еден ден претходно на истото натпреварување исплива нов светски рекорд на 200 метри со време од 1:49,77.

Мекеон, која ги освои титулите во дисциплините на 100 и 200 метри грбно на Олимписките игри во Париз и Токио, победи во дисциплината 200 метри грбно со време од 1:57,87, поставувајќи нов светски рекорд.

Претходниот рекорд го држеше Американката Реган Смит (1:58,04), која го освои второто место со време од 1:57,91.


Дембеле спремен за враќање во дресот на ПСЖ по повредата

Усман Дембеле од Пари Сен Жермен се врати во тимот по неколку недели отсуство поради повреда на бутниот мускул и ќе биде достапен за натпреварот против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.

Дембеле се повреди во септември, кога беше со француската репрезентација, а за време на паузата престојуваше во специјализирана клиника во Доха (Катар), каде што беше подложен на терапија.

Последниот натпревар за клубот го одигра на 30 август против Тулуз, кога постигна два гола и една асистенција (6:3).

Оваа сезона, тој играше и против Анже и Нант, односно Тотенхем во Суперкупот на Европа.

Францускиот фудбалер се врати на тренинзите со тимот минатата недела, но не беше во составот за првенствениот натпревар против Стразбур (3:3).

За потсетување, тој во меѓувреме ја освои и „Златната топка“.


Женската репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против врсничките на Русија

Македонската женска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Русија до 19 години. Двата меча ќе се одиграат на стадионот „Младост“ во Струмица, на 24. и 27. октомври.

Селекторот на нашата млада женска репрезентација, Кирил Изов за натпреварите против врсничките од Русија ќе смета на следните фудбалерки:

Голмани: Ведрана Комненова (Љуботен), Ангела Блажева (Каменица Саса);

Одбрана: Росана Китановска (Љуботен), Михаела Додевска (Скопје), Јована Каралиоска (Скопје), Мила Панева (Скопје), Александра Ристевска (Топ Гол), Васка Василева (Каменица Саса), Канита Емини (Истатов), Ангела Димчова (Тиверија Брера);

Среден ред: Теона Галабовска (Тиверија Брера), Стефанија Божинова (Тиверија Брера), Сара Дика (АС Јунајтед), Андреа Коловска (Истатов), Никица Трендова (Скопје), Кристина Крстева (Скопје);

Напад: Настасја Накова (Љуботен), Елена Симјонова (Љуботен), Ана Боризоска (Скопје), Калина Попески (Црвена Звезда, Србија), Емили Митковска (Речица);


ШК Алкалоид стартуваше со убедлив триумф на стартот на Европскиот клупски куп

Првото коло од Европскиот клупски куп во шах донесе очекуван резултатски расплет, при што најдобро рангираните екипи, меѓу кои е и македонскиот шампион ШК Алкалоид, стартуваше со победа од 5,5:0,5 против Дарданија.

За овој настап на Родос, Грција, екипата имаше две промени во однос на тимот од 2024 година, и тоа на петтата и на шестата табла, каде што настапија Абиманју Пураник и Тони Лазов, при што обајцата имаа успешно деби со освојување цел поен.

Противничкиот тим Дарданија од Косово успеа да даде отпор само на првата табла, каде што беше Арјун Еригаиси.

Од втората до четвртата табла Ји Веи, Јангји Ју и Читамбарам Аравинд донесоа цел поен за Алкалоид. ШК Алкалоид е второрангиран тим според рејтингот и заедно со другите тимови од првата петорка се смета за еден од фаворитите во борбата за медалите.

На турнирот играат 102 екипи, а по првото коло 48 од нив се на делба на првото место со по 2 бода. Во согласност со швајцарскиот систем на натпреварување, во втората рунда ШК Алкалоид ќе игра со домашната екипа Ипотис Родос.


Потер е наследникот на Томасон на шведската клупа

Англичанецот Греам Потер е назначен за нов селектор на шведската фудбалска репрезентација.

Договорот на 50-годишникот ќе трае до крајот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година, објави Шведската фудбалска асоцијација.

Данецот Јон Дал Томасон поднесе оставка од функцијата селектор на шведската репрезентација по поразот (0-1) од Косово на 14 октомври. Тој беше првиот странски тренер во историјата на тимот.

По четири кола, Шведска има еден бод и е последна во Групата Б во квалификациите. Швеѓаните завршија први во Дивизија Ц од Лигата на нации и сè уште имаат шанса да се квалификуваат во плејофот.

Договорот на Потер автоматски ќе биде продолжен доколку тимот се квалификува за Светското првенство. Последната тренерска позиција на Потер беше во Вест Хем, каде што беше отпуштен пред 24 дена.


Руни: Екитике треба да игра пред Исак во Ливерпул

Поранешниот напаѓач на Англија и на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, верува дека рекордното засилување на „црвените“, Александар Исак, не заслужува да започне на местото на Уго Екитике.

Швеѓанецот не тренираше долго време и не е во најдобра форма но, менаџерот, Арне Слот, одлучи да го вметне во стартната постава на последните два меча.

„Исак не изгледа подготвен откако дојде од Њукасл. Не тренираше, немаше претсезона. Што се однесува до неговите перформанси, не заслужува да биде пред Екитике“, рече Руни.