Европскиот првак ја сака тинејџерската сензација Камавинга
Челзи го контактираше тимот на Рен за можноста да го привлече Едуард Камавинга. Постои сериозен интерес за играчот од средниот ред уште од Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои започнале преговорите за фудбалерот.
18-годишниот Французин има договор со Рен на уште една година и клубот најверојатно ќе го продаде ова лето, бидејќи во спротивно ризикува да го изгуби без пари.
Камавинга дебитираше за тимот на Рен на само 16-годишна возраст и веќе има 3 натпревари за репрезентацијата на Франција.
Турција ќе биде следна дестинација на голманот Филип Гачевски
Филип Гачевски би можел да направи трансфер во Турција.
Гачевски во овој момент брани во Кипар во екипата на Енозис која испадна во втората лига во ова првенство. Сега според турските медиуми интерес за македонскиот голман покажал Коачелиспор. Се наведува дека трансферот е блиску до реализација, меѓутоа се додава дека и Бурсаспор покажала интерес. Коачилспор игра во турската втора лига.
Во редовите на Енозис Гачевски пристигна минатото лето после распадот на Вардар, претходно пет години го носеше дресот на најтрофејниот македонски клуб.
Бајиќ ја собра македонската кошаркарска младина
Македонската кошаркарска репрезентација предпладнево го одржа првиот официјален тренинг на чело со новиот селектор Драган Бајиќ. Со ова стартуваа подготовките во пресрет на претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство. Во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ селекторот Драган Бајиќ најнапред ги собра младите кошаркарски надежи кои се потенцијални репрезентативци.
На првиот собир селекторот Бајиќ викендов ќе направи селекција од 17 кошаркарски надежи.
На денешниот прв собир тренираа Максим Митевски, Димитар Иванов, Андреј Андоновски, Леонид Тодоровски, Лејсон Зекири од МЗТ Скопје Уни Банка, Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009), Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија).
Со тимот исто така беа и Лука Савиќевиќ, Андреј Јакимовски и Стојан Ѓуроски кои во моментов ги санираат своите повреди.
Македонија ќе биде домаќин на претквалификацискиот турнир за пласман во квалификациите за Светскиот Куп, кој од 12 до 18 август ќе се одржи во Скопје.
Сасуоло ќе го продава Локатели во странство
Директорот на Сасуоло, Џовани Карневали изјави дека во моментов поголеми се шансите Локатели да биде продаден во странство, отколку во клуб од Серија А.
Јувентус е силно заинтересиран за Локатели, но „старата дама“ не е во можност да ја плати сумата од 40 милиони евра која ја бара Сасуоло.
„Преговараме за Локатели со еден клуб од странство. Преговорите се веќе во напредна фаза. Во следните денови ќе имаме средба со Јувентус, но се уште нема никаков напредок во преговорите со нив. Сите италијански клубови се наоѓаат во многу тешка ситуација“, изјави Карневали.
Јовиќ ќе остане и ќе се бори за место во Реал Мадрид
Иднината на Лука Јовиќ во Реал Мадрид е неизвесна, откако напаѓачот се врати во Мадрид после позајмицата во Ајнтрахт.
23-годишниот напаѓач се надева да остане во Реал Мадрид и да го убеди новиот тренер Карло Анчелоти да му даде шанса. Јовиќ категорично одбива да биде испратен на нова позајмица. Тој верува дека кај Анчелоти ќе има поголеми шанси за настап, зошто Италијанецот го сакаше кога седеше на клупата на Наполи.
Јовиќ пристигна во Реал во 2019 година за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, а и не добиваше голема шанса кај Зидан.
Белгиецот Локонга потпиша за Арсенал
Самби Локонга ќе биде ново засилување за Арсенал, пренесуваат медиумите на Островот.
21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација. Локонга оваа сезона настапи на 31 меча за Андерлехт на кои постигна 3 гола и запиша 3 асистенции, а скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време.
Арсенал успеа да ја победи конкуренцијата и веќе го договорил неговиот трансфер. „Топџиите“ за неговиот потпис на Андерлехт ќе му платат 21 милиони евра со вклучени бонуси.
Не сакал да се вакцинира, па клубот му врачи отказ!
Канадскиот клуб од американсаката МЛС лига, после само пет месеци го продаде напаѓачот Ерик Хуртадо затоа не сакал да се вакцинира против КОВИД-19.
ЦФ Монтреал не ја донел таа одлука поради клупската политика или интерни правила, туку затоа што Хуртадо едноставно не може да игра за тој клуб.
Поради строгите канадски пост-епидемиски мерки, долго не беше возможно да се влезе во земјата без период минат во карантин, што го оневозможи нормалното функционирање на бројни американски клубови кои се натпреваруваат во МЛС лигата. Поради тоа тимот мораше привремено да се пресели во САД, но Онтарио и Квебек сега почнаа да ублажуваат мерките, па на клубовите од Торонто и Монтреал дозволено им е да тренираат во границите на Канада. За мечеви се уште нема одлука.
Меѓутоа, дозвола за враќање во Канада добија само играчи кои се вакцинирани, а Хуртадо одбива да го направи тоа. Бидејќи тој веќе не може да тренира со тимот, на Монтреал не му остана ништо друго, па за 200.000 долари го продаде во Колумбус Кру.
Хуртадо во Монтреал пристигна во февруари како слободен играч, но одигра само седум натпревари, последниот во мај.
Руи Коста е нов претседател на Бенфика
Португалскиот фудбалски великан Бенфика го именуваше својот поранешен фудбалер Руи Коста за нов претседател на местото на Луис Филипе Виеира, кој заврши во притвор поради наводни даночни измами и перење пари.
Коста досега беше потпретседател на клубот, а новата функција ја презеде откако доби едногласна поддршка од сите членови на одборот на Бенфика.
„Времињата се доста предизвикувачки, но сакам силна Бенфика. Клубот ќе го водам со гордост, страст и посветеност како првиот пат кога го облеков дресот на Бенфика.“ – изјави Коста.
„Свесен сум за одговорноста која ја презедов и што се очекува од мене. Нашиот приоритет се подготовките за новата сезона, во која влегуваме со големи амбиции. Сакам силна, соединета Бенфика и секојдневно ќе работам на тоа.“ – заклучи Коста.
Еден ден до крајот на „Навиваме и добиваме“ – не пропуштајте ја шансата!
Европското првенство финишира овој викенд со последниот натпревар помеѓу Англија и Италија, а со самото тоа се ближи крајот и на богатата наградна игра на Евротип. Еден месец имавме прилика да бидеме дел од фудбалската магија и да навиваме и добиваме, а токму под тоа мото спортските обложувалници Евротип доделуваа и доделуваат вредни награди!
Остана само уште еден ден да се вклучите во трката за главната награда четирицикл, а добитници ќе бидат оние кои во текот на Европското првенство имаат тикети со највисок погоден коефициент, еден тикет во регуларна уплата и еден со највисок коефициент од понудата за обложување во живо.
За потсетување, во текот на „Навиваме и добиваме“ се доделуваа награди и на секои четири до пет дена! Не беа заборавени ниту оние кои промашуваа по само еден натпревар на тикет, па секој таков тикет кој има највисок погоден коефициент (не сметајќи го промашениот пар), е наградуван со Самсунг Галакси А52.
Сега е вистинскиот момент и за користење на Евротип клуб картичката, која доколку се уште ја немате, можете во секој момент да се обратите кај операторот во вашето уплатно место и да ги искористите сите поволности.
Еден ден до крајот на „Навиваме и добиваме“! Упатете се во најблиската Евротип обложувалница, Ве очекува богата понуда посветена на финалето од Европското првенство, бројни специјали за тој натпревар, но и најголема палета на игри и натпревари од сите останати спортови и спортски натпреварувања!
Еврокуп: Димитријевиќ против Вајли во првата рунда
На посебна церемонија во Барселона беа одредени двете натпреварувачки групи за новата сезона 2021/2022 во Еврокупот.
За прв пат од постоењето, Еврокупот ќе се игра по поинаков формат. Односно 20. екипи од 13. земји од Европа ќе бидат поделени во две групи по 10.
Оние кои по регуларните 18. кола (од 30. октомври до 6. април) ќе се пласираат од првата до осмата позиција, ќе обезбедат пласман во ТОП 16 фазата која ќе биде елиминациска (осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале).
Предност во елиминациските натпревари ќе имаат подобро рангираните клубови од регуларната фаза на Еврокупот.
Интересно е дека ждрепката ги „спои“ во групата „Б“ екипите на Валенсија и на Будуќност. Двете каде имаме свои репрезенти.
Ненад Димитријевиќ како нов играч на Валенсија, односно Џејкоб Вајли, кој во наредната сезона ќе го носи дресот на Будуќност од Подгорица.
ГРУПА А: Морабанк Андора, Локомотив Кубан, Хувентуд, Партизан, Лиеткабелис, Тренто, Булоњ, Турк Телеком, Хамбург Тауерс, Сласк Броцлав