feature

Кристал Палас го враќа Арон Ван-Бисака

Бекот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака би можел да му се приклучи на Кристал Палас на позајмица во јануарскиот преоден рок, објави Дејли Меил.

Според изворот, фудбалерот ја загубил довербата кај главниот тренер на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг. Ван-Бисака оваа сезона е надвор од првиот тим на Јунајтед бидејќи Португалецот Диого Дало е стартер како десен бек.

Кристал Палас не е единствениот кој се труди да го добие Бисака на позајмица, бидејќи за него се интересира и Њукасл.


Трофејот на шампионите во Аргентина за Расинг Аваланеда

Синоќа во Аргентина се одигра натпревар за трофејот на шампионите во кој се сретнаа Бока Јуниорс и Расинг. Степенот на емоции беше толку висок што натпреварот заврши предвреме – Бока Јуниорс не можеше да го продолжи натпреварот поради големиот број на исклучувања.

Како дел од Бока Јуниорс беа исклучени седум играчи (пет на теренот, двајца на клупата), како и главниот тренер на тимот Уго Ибара. Во екипата на Бока Јуниорс на теренот останаа помалку од седум играчи, па главниот судија беше принуден да го заврши натпреварот неколку минути порано. За одбележување е тоа што во Расинг беа исто така имаше три црвени картони. Така на оваа средба беа покажани вкупно 10 црвени картони , но и еден на тренерот на Бока Јуниорс. Натпреварот заврши со резултат 2-1 во корист на Расинг.


Наполи спремен да го позајми Жорди Алба од Барселона

Барселона е подготвена да се раздели со дефанзивецот Жорди Алба со цел да ги оптимизира трошоците за платите. 33-годишниот фудбалер е интересен за Наполи, кој е на првото место во италијанското првенство.

Алба е дете на Барселона, но од 2005 до 2012 година играше и за други тимови. Враќајќи се во таборот на Каталонците, одбранбениот играч долги години имаше стартна позиција на лев бек. Од оваа сезона, Алба има мала минутажа и се поверојатно е во јануари да си замине.


Челзи спремен да понуди сто милиони евра за Рафаел Леао

Челзи не се откажува од намерата да го доведе Рафаел Леао на „Стенфорд Бриџ“.

Челзи во последните денови од преодниот рок испрати богата понуда за Леао, но Милан експресно ја одби бидејќи не сака да го продава Португалецот.

Леао беше прогласен за најдобар фудбалер во Серија А минатата сезона и Милан порача дека може да замине само ако некој ја плати откупната клаузула од 150 милиони евра. Челзи не се откажува, особено ако Леао не стави потпис на нов договор со „росонерите“, кој истекува во 2024 година.


Нејмар пред почетокот на Мундијалот: Бразил ќе ја освои титулата

Фудбалерот на Париз Сен Жермен, Нејмар, изјави дека очекува Бразил да ја освои титулата на претстојното Светско првенство во Катар.

„Очекувам Бразил да ја освои титулата, а најголеми конкуренти ќе ни бидат Франција, Аргентина, Англија, Германија и Белгија. Со нетрпение чекам да почне СП. Натпреварите на Мундијалот се поинакви, атмосферата е посебна и тоа многу ме мотивира. Играчите на ова првенство ќе бидат физички многу спремни бидејќи доаѓаат на турнирот на сред сезона. Ќе биде поинаку да се настапува во Катар, но се радувам на запознавањето нови земји и култури“, истакнува Нејмар.

СП во Катар започнува на 20.ноември. Бразил ќе игра во група Г со Србија, Швајцарија и Камерун.


Галтие ги смири навивачите: Мбапе не е повреден

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, проговори за повредата што ја доби напаѓачот на клубот Килијан Мбапе на натпреварот со Лориент.

„Ништо сериозно. Ја видовме веста за Карим Бензема, но Килијан нема ништо сериозно. Тој игра постојано, а во овој случај е многу подобро да не ризикувате и да барате замена. Се разбира, беше можно да го оставиме на теренот, но во исто време имаше шанса да биде надвор од игра долго време“, изјави Галтие.

Да потсетиме дека натпреварот помеѓу Лориент и ПСЖ заврши со победа на парискиот клуб со резултат 1-2.


Анчелоти повеќе не рачуна на Еден Азар

Шпанскиот спортски весник Марка пренесува дека тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, повеќе не рачуна на белгискиот репрезентативец Еден Азар.

Весникот потсетува дека Азар оваа сезона за кралскиот клуб одигра само 229 минути. Тој од првиот тим беше „исфрлен“ од Родриго, а сега падна во сенка на Асенсио. Големи се шансите Азар да го напушти клубот веќе во јануари.

Еден Азар во Реал Мадрид пристигна од Челзи во 2019 година за 115 милиони евра, а според шпанските медиуми неговата моментална вредност изнесува околу 12 милиони евра. Неговиот договор со Реал истекува во 2024 година.


Гвардиола: Њукасл е конкурент за титулата

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека Њукасл Јунајтед е еден од шесте можни освојувачи на Премиер лигата оваа сезона.

Гвардиола покрај Њукасл, како главни претенденти за титулата ги наведува и Арсенал, Ливерпул, Челзи, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

„Њукасл има одличен тренер и топ играчи. Мислам дека ќе го задржат ова ниво на игра долго време. Имаат снажни играчи на средината од теренот и нивното движење без топка е импресивно. Нивна предност е што не играат европски фудбал што може да биде клучно на крајот од сезоната, бидејќи ќе ја зачуваат својата енергија“, изјавува Гвардиола.

Њукасл од минатата година има нови сопственици кои доведоа нов тренер и бројни квалитетни играчи. Нивен приоритет за оваа сезона е пласман во Лигата на шампионите.


Саутемптон го отпушти тренерот Хазенхитл

Англискиот премиерлигаш Саутемптон поради лошите резултати на тимот, го отпушти тренерот Ралф Хазенхитл.

Стручњакот од Австрија ќе го напушти тренерското место во Саутемптон после скоро четири години поминати на клупата, каде пристигна во 2018.година. 

Хазенхитл заминува од клубот после поразот од Њукасл со 1:4, и ја остава екипата на 18.место од табелата со 12 бода на 14 натпревари.


Барселона против Манчестер Јунајтед во нокаут фазата од Лига Европа

Фудбалерите на Барселона ќе играат против Манчестер Јунајтед во нокаут фазата од Лига Европа, одлучи ждрепката одржана во Нион.

Во останатите дуели силите ќе ги одмерат, Јувентус-Нант, Спортинг-Митјиланд, Шахтјор-Рен, Ајакс-Унион Берлин, Баер Леверкузен-Монако, Севиља-ПСВ, Салцбург-Рома.

Првите натпревари се играат на 16.февруари наредната година, а реваншите се седум дена подоцна.