feature

Анри: ПСЖ е тим на Мбапе, а не на Меси

Легендарниот француски фудбалски напаѓач, Тјери Анри, кој прави анализа на дерби дуелите во Лига 1, вели дека Килијан Мбапе и натаму го има главниот збор во ПСЖ и дека Лео Меси не може да се истакне во преден план.

„ПСЖ и натаму е тим на Мбапе и затоа топката оди најчесто кај него. Меси е изолиран, помалку ја допира топката од тоа што е навикнат. Повеќе сакам да го гледам  во централниот дел. Меси не е продуктивен по десната страна, навикнат е да игра во средишниот дел, таму може да биде многу опасен кон противничкиот гол“, потенцираше Анри.


Жозе Мурињо задоволен од дербито со Наполи

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо беше задоволен од ремито во дерби средбата на домашен терен против екипата на Наполи која заврши со резултат 0:0.

Со ремито, момците на Мурињо ја прекинаа серијата на Наполи од осум победи по ред. 

“Тоа беше одличен натпревар, одигран на највисоко ниво. Никогаш не е лесно против Наполи, но се обидовме да победиме. Беше нерешено, немаше големо шоу, но сепак бев исцрпен на клупата. Видов голема концентрација и почит кон противникот. Беше тензичен натпревар, но увидов  колку се уморни играчите. Имавме свои шанси, но не ги искористивме“ изјави Мурињо, кој заедно со неговиот колега од Наполи,Спалети, заработија црвени картони на натпреварот.


Њукасл започнува со купување играчи

За да го избегне можното испаѓање од Премиер лигата, екипата на Њукасл и новите сопственици од Саудијска Арабија ќе мора да се засилуваат со играчи во јануарскиот преоден рок.

Како прва мета сега се споменува колумбискиот интернационалец Луис Дијаз, кој настапува за екипата на Порто.

24-годишниот напаѓач има откупна клаузула од 68 милиони фунти, кои нема да претставуваат проблем за богатите саудијци. 

Со оглед на фактот дека за Њукасл целта оваа сезона во Премиер лигата ќе остане и во следната кампања, не е чудно што клубот се поврзува со јануарски трансфери.


Првите “Џорданки“ продадени за 1,5 милиони долари

На аукција која се одржа во Лас Вегас, првите патики на легендарниот Мајкл Џордан беа продадени за 1.472.000 долари.

Патиките се од серијата Nike Air Ships, и Џордан ги носел на средбата против тимот на Денвер Нагетс која се играше на 1.ноември 1984.

Патиките после средбата завршиле како поклон кај момче кое било задолжено за бришење на паркетот во салата.


Рудигер ќе биде замената за Кјелини во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.

28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов. „Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.

Ситуацијата ја следат Реал Мадрид и Јувентус, кои сакаат да го донесат дефанзивецот во своите редови како слободен агент следното лето. „Старата дама“ покажува најсилен интерес бидејќи во него гледа идеална замена за Киелини, кој ја игра последната сезона во кариерата.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да ги задоволи финансиските барања на Германецот.


Реал со двајца повредени се враќа од гостувањето во Барселона

Тибо Куртоа и Федерико Валверде се повредија за време на натпреварот против Барселона во вчерашното „Ел Класико“ во Ла Лига. Реал славеше со 1-2 во најважниот меч во сезоната, но данокот го плати со две повреди.

Валверде се појави на теренот во вториот дел, но 20 минути по влегувањето беше заменет поради повреда. Фудбалерот има повреда на коленото.

Куртоа имаше проблеми со десната нога во обид да расчисти една топката во својот шеснаесетник. И двајцата денес ќе бидат подложени на дополнителни прегледи.


Вујовиќ: Би сакал Кил да дојде во најсилен состав во Скопје

Ракометарите на Вардар 1961 влегоа во серија од два порази во Лигата на шампиони, а веќе в среда имаат нов тежок предизвик. Во Скопје доаѓа легендарниот германски шампион, Кил.

Во пресрет на мечот, на денешната прес-конференција првиот човек на клупата на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ вели:

„Кил доаѓа кога не е во најдобра форма и има некои играчи кој не се во составот. Нас повеќе не оптеретуваат вестите токму околу составот, јас би сакал Кил да дојде во полн состав, за да Вардар го покаже својот квалитет. Сакам Вардар да не игра само во моментите на инспирација, носен од добрата атмосфера, па да падне како против Монпеље. Сакам да победуваме и кога не играме најдобро. Не треба да бараме оправдувања, сите знаат дека ние сме нова екипа. Ме радува тоа што Вардар има простор да напредува, да биде уште подобар. Игравме добро против Алборг, ја загубивме средбата во последните неколку минути од првото и првите неколку минути во второто полувреме. Противникот знаеше да ги казни нашите грешки“.

Средбата в среда во „Јане Сандаски“ се игра со почеток од 20.45 часот.


Инзаги: Тој случаен пенал беше единствен начин Јуве да израмни

Фудбалерите на Интер вчера ремизираа на свој терен во дербито со Јувентус (1-1).

Интер до предност дојде во 17. минута кога Чалханоглу ја погоди пречката со одличен удар, а одбиената топка дојде до Џеко кој ја смести во мрежата. Изгледаше дека актуелниот шампион ќе дојде до победа против големиот ривал, но „старата дама“ во финишот дојде до изедначување.

Судијата после прегледувањето на ВАР досуди пенал за гостите иако домаќините жестоко протестираа. Одговорноста ја презема Паоло Дибала кој ги постави конечните 1-1.

Тренерот на домаќините, Симоне Инзаги во таа ситуација поради протестирањето заработи и црвен картон.

„Единствениот начин Јувентус да изедначи беше тој пенал. Разочаран сум затоа што ние го контролиравме натпреварот од самиот почеток и ништо не му дозволивме на Јувентус. Судијата беше блиску и можеше сам да види што се случува, немаше потреба реакција од ВАР. Игравме одлично и разочаран сум што не победивме. Мојот потег после таа одлука не беше добар, но не можев да се воздржам“, изјави Инзаги.


Алегри: Можевме и подобро од реми во Милано

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е целосно задоволен од резултатот на синоќешниот меч од 9. коло на италијанското првенство против Интер. Јувентус одигра 1-1 на гостувањето во Милано, спасувајќи се од пораз со гол од пенал во самиот финиш.

„Првото полувреме беше добро, второто уште подобро. Имавме неколку шанси, па можевме и подобро. Да не заборавиме дека Интер е силен технички и физички, затоа ни требаше големо залагање. На почетокот бевме премногу возбудени од притисокот, но ова е исто така уште една фаза во процесот на раст. Загубивме осум од девет бода во првите три кола, па моравме да почнеме одново од основите, организација и цврста одбрана“, изјави Алегри.


“Мајсторски“ тикет со добивка од скоро еден милион денари исплатен во Евротип

Кога имате понуди за обложување со највисоки коефициенти како во обложувалниците Евротип, тогаш ви е потребна само уште малку среќа за составување тикет кој ќе ви донесе фантастична добивка.

Токму ваков тикет изминатава недела беше исплатен на играч од Тетово кој своето знаење и среќа ја испроба во Евротип.  Да напоменеме дека е вистинска штета што тикетот не е уплатен со Евротип клуб картичка која доколку играчот на тикетот ја поседуваше и искористеше при уплатата, истата би му донела бонус од 17 проценти на вкупната сумата за исплата и би била милионска.

Уште еднаш секоја чест за составувачот на тикетот и се надеваме дека наредниот пат добитникот при уплатата ќе користи и Евротип картичка.